- Член од
- 24 декември 2009
- Мислења
- 312
- Поени од реакции
- 18
Виното „Signature Merlot 2008“ на винаријата Камник добитник на златен медал за квалитет!
Винаријата Chateau Kamnik доби златен медал за квалитет за виното Signature Merlot 2008 на 9. Меѓународно оценување на вино „Vinalies Internationales de Paris“ што од 25 февруари до 1 март се одржа во Франција.
Од винаријата истакнуваат дека освојувањето на ова признание им претставува огромно задоволство, но и обврска да ја продолжат својата определба за производство на престижни вина со врвен квалитет, а со тоа и подобрување на целосниот имиџ на македонските вина.
Виното Signature Merlot 2008 е добитник и на златен медал на оценувањето Terravino 2011 во Израел. Куриозитет за ова вино е што е одлежувано во нови дабови буриња од француски и американски даб, кои во текот на созревањето се два пати заменети со нови. Тоа е ретко применувана и скапа метода на созревање – 200 проценти barrique.
Меѓународното оценување „Vinalies Internationales de Paris“ организирано од здружението на француски енолози, претставува едно од поважните оценувања на вино во светот кои редовно се одржуваат во Франција. Оваа година беа пријавени 3.500 вина од различни земји кои се значајни производители на вино. Според правилата на ОИВ (Organisation Internationale de la Vigne et du Vin), само една третина најдобро оценети вина може да се здобијат со одлика за квалитет, односно сребрен и златен медал.
Извор
Тоа не е кој знае каков успех за Република Македонија. Од 3500 вина 263 добија златен медал, а 719 - сребрен медал. Од 39 земји Република Македонија е една од ретките земји кои добија само еден медал.