Goran Bt
локал патриот
Во болница во аргентинскиот град Ла Плата од здобиените повреди починал 38-годишен полицаец кој настрадал обидувајќи се спречи договорена тепачка меѓу хулигани кои се нарекуваат навивачи на фудбалскиот клуб Естудијантес
Пред првенствениот натпревар во средата меѓу екипите на Естудијантес и Аргентинос јуниорс во рамките на аргентинскиот фудбалски шампионат на железничката станица се сретнале две групи хилигани а несреќниот полицаец сакал да ја спречи тепачката. Но самиот тој бил погоден со куршум во глават, и по неколку часа починал од повредите.
Покрај него во судирот биле ранети од огнено оружје уште две лица, пренесоа локалните медиуми.
Овој инцидент претставува продолжувње на навивачките дивеења во Аргентина каде точно пред еден месец, на 5-ти февруари, беше нападнат автобус со навивачи на клубот Харикен, при што е убиени 14-годишно момче а две лица се ранети. Инцидентот се случил кога автобусот со навивачите излегувал од главниот град Буенос Аирес, при што врз него било стрелано од група вооружена со пиштоли и автоматски пушки.
Дивеењето на навивачите на аргентинските фудбалски терени е честа појава и нема коло во кое нема немири. Статистиката покажува дека од 1939 г. досега 146 лица ги загубиле животите во навивачки безредија. Пред три години , откако на фудбалски меч беа убиени две момчиња, аргентинската влада дури се закани дека ќе го прекине првенството.