Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Баш овој е еден од малкуте докажани вистински one shot. Така да, трипаш.
Океј, не биле баш малку
ама по должина си гази
Прегледај го приврзокот 313876
Епа изгледа нешто некако сум се помешал со 1917.

Не знам зошто воопшто го пишувам ова. :D
 
Не знам дали се пишуваше за Red Notice, читам руши рекорди на гледаност. Мене ми беше забавен за гледање, ама и наивен на моменти (бегање од затворот, местење на хеликоптерот проектилот да помине меѓу вратите, и сл.). Ми остана нејасно и зошто двајца Американци фатени во Рим за кражба беа однесени во затвор во Русија.
 
Рајан Рејнолдс и Двејн Џонсон, добитна комбинација за просечен филм.
Го немам сеуште гледано ама немам големи очекувања за истиот.
Мислиш потпросечен :icon_lol:
 
Го гледав Red Notice, не е дно ама не е ни филм за да руши рекорди. Онака да тепаш време ако немаш нешто попаметно. Буквално ништо посебно нема во него.
Автоматски споено мислење:

Тој беше на 3 места „крпен“ мислам.
..4. 34 крпеници имаше :icon_lol:
 
Го гледав Red Notice, не е дно ама не е ни филм за да руши рекорди. Онака да тепаш време ако немаш нешто попаметно. Буквално ништо посебно нема во него.
Мене таквите ми се омилени :love:
 
Red notice = препич категорија на филмови. Камо да беше асална акција за уживање, да знаев ќе си го пуштев Сталоне во некоја рандом 80ти акција и ќе искулирав нараат.

Рок си е Рок. Гал иако си ја поштувам, лепотица и се тоа, не знае да глуми, и не ми е јасно како ќе ги глуми Клеопатра, Хеди Ламар и лошата кралица од Снежана, кои и се на ред за снимање. И што му е на Рајан само Дедпул секаде си го глуми со тие глупите смешни реплики? Кринџџџ.
 
Бев да го гледам The French Dispatch. Не сум меродавен да коментирам за сите филмови на Вес Андерсон, ама од тие што ги имам погледнато (5-6), ова му е најдобриот според мене. Скоро 2 часа уживање, во негов препознатлив стил. Актерската екипа одлична и стандардна од сите филмови + Бенисио Дел Торо и овој Тимоти Чаламет или како и да се вика. Ако ви се допаѓа стилот на Вес, тогаш must watch филм е.
 
Ќе прашам тука.Има ли таков Player како BS Playerot што бара сам преводи автоматски или само тој е таков.?
 
Ќе прашам тука.Има ли таков Player како BS Playerot што бара сам преводи автоматски или само тој е таков.?
Само тој е таков. И пожелно е да користиш некоја прастара верзија, една од тие што доаѓаше со malware кога тоа словенската компанија го изгуби целиот кредибилитет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom