Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки Get out кога ќе се дава во кинава во Скопје?

Sent from my E2105 using Tapatalk
Ги прашав Синеплекс пред некое време, немаат најава :((
8.3 оценка 20к гласа хорор/мистери = ГГ
 
Мене ми се свиѓаше Miss Sloane, не знам @wicked_1 што се мршти.
Може да е до тоа што јас сакам филмови со/за професионално реализирани личности, Слоун излезе by the book лик којшто јас би го идеализирала и ги има сите вредности да ми биде идол.
Не знам како изведбава на Џесика Честеин остана незабележана од Академијата, тажно for reals.
Страшен лик на Честејн, подобар режисер можеше од неа American Psycho да напраи,фацијалните експресии и беа piece of art низ целиот филм, сетот изгледаше како да го има работено Том Форд. Солиден филм.

77. Brokeback Mountain (2005) 10/10
.....

116. American Beauty (1999) 7/10
jump.gif
 
Последно уредено:
Затоа што му ставив 10 на Brokeback Mountain и 7 на American Beauty човекот што сакаше да ја прерипне реката со стап, се сопна и падна во водата? :(
По мое да. :lut:
Ништо посебно. За мој вкус се разбира. Ти сакај си го колку сакаш.
Не ми е во лични фаворити филмот, објективно сметам дека е огромен, есенцијален филм. Нешто како Cuckoo's Nest.

Што ти беше turn off конкретно?
 
По мое да. :lut:

Не ми е во лични фаворити филмот, објективно сметам дека е огромен, есенцијален филм. Нешто како Cuckoo's Nest.

Што ти беше turn off конкретно?
Прво нарацијата ми беше непотребна и ме нервираше, зошто Спејси раскажуваше се што моментално се дешаваше и гледавме во филмот. Друго, такви ликови сум гледала во веќе секој трет филм. Маж во средновечна криза се попалува по тинејџерка, па почнува да се комплексира, control freak забегана, неподнослива и ненаситна жена од се незадоволна, едно дете што станува жртва поради таквото понашање на двајцата и едно мрачно истрауматизирано бившо воено лице. Ептен оригинални ликови нели... :)

И крајот исто. Да не беше така исфилуван и исфорсиран, пошто јас така си го доживеав, ќе гледав ок филм што сака да прикаже темна страна на едно општество опседнато со надворешната убавина и тн и тн не беше лош, само не ми беше за 10 ни па за оскар. Онака, ок филм. Ок беше и хуморот, баш кај што треба и колку што треба да ми го направи филмот поднослив. И Кевин Спејси, од него никогаш никаде нема да се пожалам.[DOUBLEPOST=1489692119][/DOUBLEPOST]
Што ти беше turn off конкретно?
А што тебе толку ти беше turn off конкретно во Brokeback Mountain па толку ми се изначуди ко на Zoolander 2 десетка да сум му дала?
 
Последно уредено:
Тоа е ок филм и пак лапна оскар. Sixth Sence и Green Mile се повеќе од ок филмови, посебно Green Mile и си останаа со номимации.
 
Прво нарацијата ми беше непотребна и ме нервираше, зошто Спејси раскажуваше се што моментално се дешаваше и гледавме во филмот. Друго, такви ликови сум гледала во веќе секој трет филм. Маж во средновечна криза се попалува по тинејџерка, па почнува да се комплексира, control freak забегана, неподнослива и ненаситна жена од се незадоволна, едно дете што станува жртва поради таквото понашање на двајцата и едно мрачно истрауматизирано бившо воено лице. Ептен оригинални ликови нели... :)

И крајот исто. Да не беше така исфилуван и исфорсиран, пошто јас така си го доживеав, ќе гледав ок филм што сака да прикаже темна страна на едно општество опседнато со надворешната убавина и тн и тн не беше лош, само не ми беше за 10 ни па за оскар. Онака, ок филм. Ок беше и хуморот, баш кај што треба и колку што треба да ми го направи филмот поднослив. И Кевин Спејси, од него никогаш никаде нема да се пожалам.
Хах, коментаров ми е ретро хејт реплика 2010та. Вака може секој филм да се симплифицира.

American Beauty не е замислен да биде циркус од (оригинални/уникатни) карактери кои ќе го носат филмот индивидуално, туку е психолошка драма која спојува паралелни стории кои сите на посебен начин се критика за негативите на Големата Америка, општествените стереотипи, исфорсираните премиси за среќа и лабавиот систем на вредности.

Крајот беше филмско финале, брилијантен sum up на целата приказна. 10/10
 
Јас ти кажувам јас како сум го доживеала, не знам за никакви ретро коментари, ти ми кажуваш ти како си го доживеал, а за која точно била замислата може само да дојде Sam Mendes и да ми раскажува.

Ти секогаш ме убедуваш за некој филм дека точно му ја знаеш замислата и целта и дека баш ти точно како што треба си го доживеал и разбрал и така е се како што ќе кажеш и ќе ми пофилозофираш две три реченици и сега треба да ти речам ок ај 10ка ми е и мене.

За 7 ми е, не ми е ништо посебно и гајле ми е за исфорсираните премиси за среќа и лабавиот систем на големата Америка кога филмот не чини.
 
Маж во средновечна криза се попалува по тинејџерка, па почнува да се комплексира, control freak забегана, неподнослива и ненаситна жена од се незадоволна, едно дете што станува жртва поради таквото понашање на двајцата и едно мрачно истрауматизирано бившо воено лице. Ептен оригинални ликови нели... :)
Крајот да не беше така исфилуван и исфорсиран
vzB7Mu0.jpg

Во недостиг на аргументирана дискусија, ја постирав сликата.
Не дека ова се тотални глупости што ги читам.
 
235cecc1a1b9fae0febbd577da71637d.gif

од кој филм е ова?

ваљда не е The Imitation Game, ич не се сеќавам на сценава, и ко да имаше кратка коса Keira, мада тапетот позади и ме потсеќа малку, kind of, lol
 
235cecc1a1b9fae0febbd577da71637d.gif

од кој филм е ова?

ваљда не е The Imitation Game, ич не се сеќавам на сценава, и ко да имаше кратка коса Keira, мада тапетот позади и ме потсеќа малку, kind of, lol
Pride & Prejudice (2005)
 
Моево гласање целосно нерелевантно, ама ајде да испоштувам. :P

На крај на тие што ги иам гледно им ставив 8, на тие што ги неам 7. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom