А
Ајсшутер
Гостин
Белгискиот премиер Ив Летерм пристигнува во Скопје на 8-ми Март, заедно со министерт за имиграција да им порача на македонските власти дека состојбата со илегалната емиграција од Македонија откако се случи визната либерализација е повеќе од загрижувачка.
Имено, само за месец февруари 380 етнички Албанци од Македонија побарале азил во Белгија, врз основа на етничка дискриминација и лоша социо-економска ситуација во матичната држава.
Белгиските власти го истражуваат случајот и се уверени дека станува збор за организирана мрежа на сомнителни туристички агенции од Македонија кои на своите клиенти им ветуваат подобар живот.
„Во документот за визната либерализција им се препорачува на патниците да патуваат со признати туристички агенции, проблемот е што токму тие агенции ги организираат овие патувња со неверојатно ветувања и се причината за оваа криза која ја доживуваме сега. Тие се сиромашни луѓе кои доаѓаат овде во потрага по подобар живот“, изјави помошникот комесар за бегалци при белгиското Министерство за внатрешни работи.
Ваквиот бран е без преседан за оваа мала либерална држава, а властите овој феномен директно го поврзуваат со укинувањето на визниот режим.
Сите барања за азил на граѓаните од Македонија ќе бидат отфрлени порачуваат од Бирото за бегалци во Брисел. Овие луѓе не можат да добијат статус на азилнати, бидџејќи тој се добива само врз основа на политички или етнички прогон, как што предвидува Женевската Коневенција.
„Сега гледаме дека реалноста е далеку од она што ни беше ветено“, вели анкетиран Албанец.
Реагираше и германскиот европратеник Јорг Шацимаркакис во интервју за Дојче Веле. Тој ги повикува македонските власти да создадат подобри услови за ѓивот за сите граѓани, а за тоа е потребно да се реши спорот за името и да се отворат вратите на ЕУ и НАТО.
„Видоме дека само во февруари околу 380 луѓе побарале азил во Белгија, севкупниот број за минатата година беше 201, тоа е зголемување за 50%, штo значи дека луѓето не се сигурни дека можат да имаат доверба во процесот, сакаат да ја напуштат државата, затоа што не се чувствуваат добро. Ова е опасно. Тоа што евроамабасадорот Ерван Фуере го кажа за стабилноста е стопроцентно точно. Ако сакаме да го стабилизираме регионот и земјата, мораме да најдеме решение за името сега“, изјави Шацимаркакис.
Македонија треба сега да спореведе истрага врз сомнителните туристички агенции ги организираат овие илегални патувања, бидејќи последиците за целата држава можат да бидат сериозни, не се исклучува и поништување на визната либеразлицција.
Белгиските медиуми почнаа со загриженост да известуваат за овој нов феномен.
Премиерот Летерм првото предупрдување ќе и го пренесе на Владата на осми март, а штом започне белгиското престедателство со Европската Унија на први јули, прашањето ќе се најде меѓу приротетните точки на дневниот ред на ЕУ. Македонија повторно ја става во опасност својата репутација.