Венко Андоновски

  • Креатор на темата Креатор на темата reformator
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 февруари 2010
Мислења
62
Поени од реакции
4
Па дајте луѓе доста со странски писатели...имаме ние и наши,имаме гениј како што е Венко Андоновски,зарем никој не чита македонска литература?Ајде да видиме што мисли македонскиот народ за Венко Андоновски(ако воопшто го знае)...Јас искрено сум воодушевена од неговите дела...не знам да кажам која книга најмногу ме фасцинира...ВЕНКО НАЈДОБАР СИ...ШТЕТА ШТО НЕ ЗНААТ ДА ТЕ ЦЕНАТ
 
А од каде тоа дека не знаат да го ценат?

Венко е најчитан македонски автор на денешницава.
 
На школски мој,а воедно и цимер му беше професор на филолошки.Го неам читано и тоа :smir:
 
Бунт во домот на старци ми е најинтересна
Инаку , доколку некој не го знае еве информации тука
 
Ја имам читано Папокот на светот, а гледано Кандид во земјата на чудата и Кинегонда во Карлаленд. И статиите во Утрински во среда му се супер. Сакам да ја прочитам азбука на непослушните.

На многу интересен и неприметен начин ги потенцира слабостите на општеството, начин кој мнозинството од популацијата се сомневам дека го разбира. Во тоа е неговата генијалност.
 
Неговите учебници по македонски јазик за средно се најубави и од нив мислам дека најубаво го научив материјалот, поготово делот каде што самиот дава критички осврт на делата. Ни на претежок, ни на прелесен прост јазик се изразува, нешто што навистина ми се допаѓа многу кај него.
 
А од каде тоа дека не знаат да го ценат?

Венко е најчитан македонски автор на денешницава.
Да,ама ретко кој го разбира...а кој и да прашам никогаш не го истакнуваат Венко како писател...секогаш се форсираат странските писатели.Па зарем ние во Македонија не може да имаме нешто квалитетно?Ако е поинаку во твојот случај верувај дека ми е навистина мило...поздрав
 
Венко ми беше професор лани, а ќе ми биде и наредната година. Во книгите применува техники што доколку не си ги проучувал или не си студирал за тоа не можеш да ги разбереш.

Впрочем за ниту едно дело не може да се рече дека некој не го разбира, секој си го доживува на свој, субјективен начин. Содржински мислам.
 
Да,да,ама имам слушнато луѓе кои велат дека книгите на Венко се куп глупости...како според тебе тие ги доживеале?
 
Да,да,ама имам слушнато луѓе кои велат дека книгите на Венко се куп глупости...како според тебе тие ги доживеале?

Различни вкусови можеби? Пример, многумина го сакаат Коељо, јас воопшто не го сакам. Тоа е тоа.
 
Да,да,ама имам слушнато луѓе кои велат дека книгите на Венко се куп глупости...како според тебе тие ги доживеале?

Требало да образложат зошто мислат дека се глупости.
Некогаш за да читаш некоја книга треба да имаш многу познавање од многу други области за да ти се допадне.
Нормално јас да сум го читала Достоевски на 14 или 15 години би рекла дека тоа се куп глупости, но го читав на 20 и го сметам за генијалец.

Сепак зависи од перцепцијата на нештата, но и до вкусот на читателот. :)
 
Венко Андоновски е гениј на нашето време. Уживам во неговите дела, многу добро смислени и никогаш здодевни.
 
Ја имам читано Папокот на светот, а гледано Кандид во земјата на чудата и Кинегонда во Карлаленд. И статиите во Утрински во среда му се супер. Сакам да ја прочитам азбука на непослушните.

На многу интересен и неприметен начин ги потенцира слабостите на општеството, начин кој мнозинството од популацијата се сомневам дека го разбира. Во тоа е неговата генијалност.
И да ја прочиташ, мене ме бендиса ептен. Има религиска содржина, исто како првиот дел на "Папокот на светот" и делови и ''Фрески и гротески".
Можеби дел од младите не го читаат пошто не е доволно модернизиран, треба да се мисли дур се чита негово дело, денес тоа не се бара.
Ако ја читате "Фрески и гротески" читајте ги паралелно, а не прво фреските па гротеските, јас така се зезнав.
Мене ми е идол, "Азбука на непослушните" ја влечкав два месеци по факултет за да го најдам да ми се потпише и ништо:nesum:.
Почна и пак да пишува коломни во Нова Македонија, секоја среда, ама на нет имаат стаено само една.
И да, не смеете да не ја прочитате "Вештица", греота е.
Можеби и не треба нешто да се чудиме што не му ги разбираат книгите. Кога доби лоши критики "Превртено'' што е направен по "Папокот на Светот", што друго да се очекува?
 
Кога доби лоши критики "Превртено'' што е направен по "Папокот на Светот", што друго да се очекува?

Превртено доби лоши критики поради тоа што целиот е базиран на симболика. Сега бегаме малце од литературата со филмов, ама мора мала дигресија. :)
А Превртено не може да се разбере ако не ја имаме прочитано „Папокот на светот“. Филмски критичари можат да зборуваат сешто за филмот, но не можат да ја кажат уметничката вредност доколку не ја прочитале книгата.
 
Генијалец е, му се восхитувам. Ми се допаѓа неговиот начин на пишување. Али да, различни вкусови, на дечко ми на пример воопшто не му се допаѓа. Ја читаше "Вештица" одвај, со сила, и на 50 страни до крај се откажа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom