Контрареволуцијата во Македонија 1941-1945

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ликвидирањето на Кузман, вториот Делчев, и пресметката со Ченто

Ако за убиството на Кочо Рацин и во времето на комунизмот можеше, овде-онде, да се чуе понекој збор, мистеријата околу смртта на Кузман Јосифовски-Питу е надвор од видокругот на Македонците дури и во времето на независна Македонија. Во свеста на народот тој е само еден од партизаните, кој бил убиен од бугарскиот окупатор и тука приближно завршува приказната. Своевремено, децата од основното училиште во близина на некогашната фабрика „Алумина“ беа носени на местото каде што тој загинал и каде што е поставен споменик (сиромаштијата во независна Македонија ја однесе бистата на топење, а остана само основата од споменикот со натписот) за да им биде одржан говор што никогаш не го слушаа, уште помалку го помнеа, но сега и тој обичај изумре.

Официјално, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година погоден од куршум на бугарски војник. Претходно била опколена куќата во сегашната скопска населба Трнодол каде што се наоѓал тој. Кузман успеал да се извлече, да побегне, но стигнал само некој километар подолу до денешна „Алумина“, каде што бил застрелан.

За разлика од денес, кога да се има куќа во Трнодол е привилегија, во 1944 година тоа било изолирано место, надвор од градот до кое се стигнувало минувајќи низ безброј ораници. Во близината, токму на неколку метри од местото каде што е убиен Кузман, минувала железничката пруга за Тетово, и така беше сé доцните седумдесетти години од минатиот век. Во тој дел поголеми биле шансите да налетате на некое диво животно, отколку на бугарска војска. Оттука, во официјалната приказна за неговото убиство очајно недостига податокот за тоа кој им соопштил на бугарските власти каде се наоѓа Кузман и како војниците успеале да се приближат одејќи по пустелијата низ која мора да се мине за да се стигне до Трнодол, без да бидат откриени.


ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА


Како и да било, внимателна анализа на податоците за смртта на Кузман, кој бил нарекуван и втор Гоце Делчев, покажува дека тој најверојатно бил предаден. Прашањето е од кого. Тоа што едноставно не може да се тргне од пред очите е барањето на Светозар Вукмановиќ-Темпо, Кузман Јосифовски-Питу да биде отстранет.

Причини за тоа имало многу, но главната била поврзана со неговиот став дека Македонија „не може да биде слободна, ако не биде обединета“ и отворено настојувал да се формираат македонски партизански единици во Егејска и Пиринска Македонија, и тие да се поврзат со единиците од Вардарска Македонија. Тоа значело нивна заедничка борба за ослободување на обединета Македонија. А токму во своето писмо до ЦК на КПМ од август 1943 година, Темпо вели: „Ние не удривме доволно енергично по тие автономистички тенденции, кои во голема мера ја зафатиле нашата партиска организација во Македонија и кои се изразуваат во инсистирање нашата партиска организација во Македонија да ја одделат од составот на КПЈ и да ја изолираат борбата на македонскиот народ од борбата која што ја водат другите народи на Југославија...“

Со оваа реченица, без поголем проблем можело да му биде „спакувано“ досие на кој било македонски комунист и партизан што би ги спомнал Егејска и Пиринска Македонија. А Кузман не само што ги спомнувал туку и барал обединување на борбата на Македонците од сите три дела на Македонија. „Каузата на македонскиот народ од пред 50 години е во опасност. Сврзувањето со Југославија, конкретно значи и откажување од соединувањето на Македонија“, тврдел Кузман.

Ако тоа било така, ако и Темпо во своето барање бил јасен, тогаш не останувало ништо друго освен Кузман да го убијат Бугарите. Кој ги одвел нив до Гоце Делчев од Втората светска војна, е прашање околу кое и не мора да има толку многу дилеми, сеедно што има и такви што сметаат дека дури и куршумот не бил бугарски.

При сето тоа, останува фактот дека повеќе од 45 години Македонците беа манипулирани со еден настан чиј медал очигледно има и друга страна. Интересно е само што и денес, шест и пол децении подоцна, во Македонија човек многу ризикува ако ја спомне Егејска Македонија. Додуша, животот веројатно ќе си го зачува, но столбот на срамот не му гине.


„СПИНОТ“ ЗА ЧЕНТО


За разлика од Кузман, Македонците многу повеќе знаат за Методија Андонов-Ченто, но и тие сознанија имаат понов датум и датираат од времето на „македонската пролет“ кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век, па до денес. Дотогаш Ченто беше народен непријател, осуден од судскиот совет составен од Лазар Мојсов, Коле Чашуле и Панта Марина, а според неговиот син Илија, во режија на Видое Смилевски-Бато. Вината на Ченто е во идејата за обединета Македонија, за што и во подоцнежните години на социјалистичка Македонија можеше да се заврши во затвор, бидејќи по дефиниција тоа беше идеја за која се сметаше дека ја загрозува Југославија.

Во време на Втората светска војна, и Ченто, како и Кузман, доаѓа во судир со Темпо. По војната тој судир се претвора во судир со македонските и југословенските власти, што го одведува во затвор под првично обвинение дека сакал да пребегне преку југословенско-грчката граница, што само по себе е лага. Потоа, во записот од претресот на судењето стои: „Обвинетиот Методија на претресот рече дека тој кон Македонија има последен долг, а тој е: обединување на Македонија, која така обединета да се приклучи кон Југославија, Бугарија или Грција или да биде независна, од што судот се увери дека за остварување на горниот план на обвинетиот Методија, нужен предуслов е отцепување на НР Македонија од ФНР Југославија, што значи повреда на нејзината територија“.

Ченто се залагал и за следното: „Ако планот за Македонија не може да се реализира по пат на договор со балканските држави, тогаш да се бара од големите сили, во интерес на мирот на Балканот, да дадат сугестија целосна Македонија да стане независна...“

Ова било доволно македонскиот народ, односно поголемиот негов дел да го смета Ченто за непријател, што секако барало завидна манипулација со свеста на луѓето. Интересна е меѓутоа линијата која ги поврзува Рацин, Кузман и Ченто, линија што подразбира непочитување на сите желби на оние што ги претставувал Темпо и линија што е тесно поврзана пред сé со интересите на Македонија и македонскиот народ. Тројцата завршуваат трагично, а нивниот живот, особено последните моменти на Рацин и Кузман и натаму се обвиткани со мистерија. Што само покажува дека денешните „спинери“ во Македонија не се современ изум и дека имаат завиден материјал од кој можат да учат.

линкот:
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=210101041428&id=9&setIzdanie=21906

Мој коментар.

Интересно е црвеното подвлечено.
Врз коските на македонските патриоти се изгради систем на дебили без тронка национално чуство кои немаа ама баш никаква допирна точка со идеалите на револуцијата.
Денеска тој систем е сеуште жив и жилаво се бори да опстане.
И понатаму му смета се што е национално и дел од културното и историско минато на Македонскиот народ. Му сметаат јарболите со македонското знаме, му смета црква на плоштадот, му сметаат археолошките ископини, му смета нациналниот став за името ....
Ако тогаш негирањето на тие придобивки беше во името на братството и единството со југословенските народи, денеска е во интерес со братството и единството на европските народи.

До каде не доведе таа багра ?
Денеска да преговараме за нашето национално име.
Има победен пример од овој на планетата земја ?
 
Ова иако со историски конотации, со крајната реченица влече на денешната, современа, македонска политичка сцена и на политика.
 
Минатото, сегашноста и иднината егзистираат во една точка.
Тој што сака да ја свати сегашноста и најдобро да ја предвиди иднината мора многу добро да го познава минатото.
 
Мене не ми сметаат (пречат) јарболите, ниту архелошките истражувања, ми ПРЕЧАТ (македонски) квазиспомениците, ми пречи исцибреноста поради која СМЕТААТ дека се богоугодни и можат што на ум тоа на друм.

Се сложувам дека минатото и иднината се испреплетени врз постапките на сегашноста, но....политика на кјгана нели нема.

Од историска гледна точка, за Кузнам, за Ченто, за разин и другите не е виновен ниту едне македонец, освен башарамијата и крвникот Лазар Колишевски.

Тој е и тој кој е главниот спинер и предател. Се останато е како во војска, под наредба, која доколку неизвршена следува камен толчење или стрелање.
 
Гарфилд,
Мијалков, Поштарот, Тарчуловски, зарем тоа не се истите предавства?
Наместените патроли на нашите војници?

Мора да се знае што се случи 1945, кој го направи тоа, да се направи паралела со методите и ликовите од 1991 до денес, и со истите народот да се пресмета.
Ја на улица, ја на избори.

Не е само еден човек, тоа е систем, кој и денеска може да те осуди ако си невин.
Земи го примерот со кумановецот кој побара политички азил во Канада поради притисоците на министерот за внатрешни Фрчковски.
Нели немаме повеќе гонење по политичка линија по падот на комунизмот?
Има, мора да се отстраната тие елементи од нашето опшество ако сакаме да опсотиме како држава и народ.
На тој пат не ме интересира политичката припадност.
Спинер не е политичка определба, тоа е начин на работа.
 
Ова иако со историски конотации, со крајната реченица влече на денешната, современа, македонска политичка сцена и на политика.
Па нормално дека влече затоа што таа истата багра вмешана во случаите со ченто,кузман и рацин
Го продаде името на нашава држава,ги продаде симболите,не остави со комунистички грб дури и по 20 години ослободување,тотално ја заспа и ограби Македонија,и ден денеска сеуште опстојуваат на политичката сцена и плукаат на се што е добро и ветуваат "подобра" иднина и без разлика колку и да не сакаме да вмешаме политика таа е поврзана со историјата во конкретниов случај и мене ми е искрено жал зошто е таа багра сеште актуелна кај нас а не е заглавена некаде далеку во историјата ....
 
Гарфилд,
Мијалков, Поштарот, Тарчуловски, зарем тоа не се истите предавства?
Наместените патроли на нашите војници?

Мора да се знае што се случи 1945, кој го направи тоа, да се направи паралела со методите и ликовите од 1991 до денес, и со истите народот да се пресмета.
Ја на улица, ја на избори.

Не е само еден човек, тоа е систем, кој и денеска може да те осуди ако си невин.
Земи го примерот со кумановецот кој побара политички азил во Канада поради притисоците на министерот за внатрешни Фрчковски.
Нели немаме повеќе гонење по политичка линија по падот на комунизмот?
Има, мора да се отстраната тие елементи од нашето опшество ако сакаме да опсотиме како држава и народ.
На тој пат не ме интересира политичката припадност.
Спинер не е политичка определба, тоа е начин на работа.

Болдот со болдот. Се сложувам за Мијалков. не за поштарот, а за Јохан го знаеш мојот став, виновен е, за зажл на Македонија и системот во кој живееме, многу други виновници седат во парламентот.
Предавство од тип како за Кузман е кај Мијалков само.

Куманоецон беше на форум тука, едно две спамираше со глупости и тераше да мрси муда. батали го. Нему не му е крив Фрле, нему му е Љубчо крив, а и цела Македонија.

Се сложувам дека спин артист е надполитична категорија, тоа е занает, уметност дури на овие простори.

А од баграта на спин мајсторите сеуште едните исти два-тројца ни се на власт, дали е Б.Ц, дали е Гвуевски.

За жал. Ни лустрација, ни отворање досиеја, ништо засега не не избавува.

Мислев кога ќе дојдат синојте, ќе сакаат да откријат кој им го уби татко им, ама очебијно парата е помила од семејството и крвнината.
 
Јас не сум со ставот ако синовите на Мијалков не сакаат да го решат случајот дека и јас не сакам да го решам.
Постојано мора да се бара вистината, сама така ќе останеме на патот кој не води некаде.
Мене помил ми е идеалот од идиотот.

Мојот идеал е , ако не чини, смени го , ако не сака бутни го.
Јас имав идиот Љубчо за кого гиневме по улици, деценија фати и ни се посра на идеалот во првите 3 месеци.
Ако не ја баравме вистината, немаше да го бутнеме.
За Груевски незнам, нека се докаже и покаже, ако не чини и тој ќе оди курбан ради вистината.
Само така може да стигнеме некаде.
А и никој не чини и тоа не е пат.
 
Не реков да не се бара вистината, туку само покажав колку сме зависни и завлечени од спин докторите, а колку се тие вкоренето етаблирани што синови не сакаат за татка си да откријат вистина.

Инаку за Кузман, ми е говорено, од луѓе кои верувам знаеле, дека е предаден лично од Лазо, а на лазо му кажал некој Ѓоре од некое скопско село, курир ли, шо знам шо ли.
 
Каде е закопан братот на Карев ликвидиран во Идризово?


Мише Карев, внук на Никола Карев од братот Ѓорги, во своето сведоштво пред неколку години тврдеше дека проблемите на семејството Кареви со комунистичката власт на Македонија започнале веднаш по ослободувањето, кога без никакви докази, во монтиран судски процес, бил осуден и затворен помалиот брат на Никола - Ѓорѓи Карев. Подоцна, тој е ликвидиран во „Идризово“ на само неколку дена пред излегување, односно пред завршување на казната, а гробот не му се знае до ден денес.

Мише, како шеснаесетгодишно момче, присуствувал на судењето на татко му Ѓорги во 1945 година. Седел во првата клупа, а судија бил некој Калајџиски од Кавадарци. На Ѓорги му се судело за соработка со бугарскиот окупатор за време на Втората светска војна.

„Татко ми никогаш не бил во таква служба, ниту пак некој од нас, неговите седум деца, членувавме во некоја од тогашните бугарски квислиншки организации. Се сеќавам на еден детаљ од судењето што ми остана засекогаш во душата. Како сведок, против татко ми, беше повикан бугарскиот полициски началник Венев, кој за време на окупацијата беше на служба во Крушево. Оние што го монтираа случајот за наводна соработка на татко ми со бугарските окупатори, сметаа дека сведочењето на Венев сосема ќе го закопа. Но, за нивна несреќа, Венев се држеше достоинствено и само рече: ‘Немам што да кажам за Ѓорѓи, но ќе кажам за кодошите!’ Во тој момент службеникот на ОЗНА Гога Џаџо го свлечка на столчето и не му дозволи да ги каже кодошите во Крушево. Набргу потоа Венев го ликвидираа, за да не ги открие вистинските соработници на Бугарите, од кои некои веќе заземаа важни места во новата власт. Под лажни обвиненија татко ми беше осуден на смрт, но само по седум-осум дена смртната казна му беше заменета со пет години затвор. Пред да излезе од затвор го ликвидираа истите оние што му го монтираа и судскиот процес“, им раскажуваше пред неколку години Мише Карев пред авторот на овие редови и на колегата Блаже Миневски.

Еден затвореник, Албанец, Емин Роши, многу години подоцна му кажувал дека Ѓорги бил погребен набрзина во некакви тајни затворски гробишта, но гробот бил плиток, па му се гледале рацете и нозете над земјата. Некој од надзорниците им наредил на двајца затвореници да му ги искршат рацете и нозете за да пропаднат под земјата, да се покријат.

Инаку, Ѓорги, како шеснаесетгодишно момче учествувал во Илинденското востание во борбата кај месноста Слива, а постариот брат на Никола, Петруш, бил член на Штабот на крушевските востаници. Со тоа, Ѓорги бил учесник и сведок на битката што за многумина е поепска, но и посурова и од таа на Мечкин Камен, а Петруш, меѓу другото, бил сведок и на последната расправа помеѓу Никола Карев и Питу Гули, пред вториот да тргне кон својата последна битка. Семејството Кареви во борбите за ослободување на Македонија има дадено седум жртви, војводи и обични борци. И покрај тоа, чудната омраза кон Кареви, според Мише, траела со години, па затоа дури и коските на Никола Карев завршија поттурнати под скалите на споменикот „Македониум“ на Гумења.

Кога по војната во Крушево се славело Илинденското востание и Крушевската Република, централната власт, а пред сé локалните послушници, речиси редовно се погрижувале семејството Кареви да биде понастрана од прославата, особено од главната бина. Според сеќавањата на Мише, на првата прослава на Илинден по ослободувањето, постариот брат на Никола Карев, Петруш, бил поканет на свеченоста.

Песочно островче

„Дојдоа некои луѓе и го поканија да отиде на прославата. Го викнаа дури и да се качи на бината. Таму беа сите тогашни врвни раководители. Меѓутоа, кога некој од нив забележал дека на бината е и Петруш, братот на Никола Карев, веднаш наредил да го симнат долу. И го симнаа среде прослава. Кога заврши прославата, повторно преку посредници беше поканет да оди на свечен ручек. Ми кажа дека го канат, а јас му реков да не оди, оти повторно ќе си играат со него, ќе го омаловажуваат и потценуваат. Тој се согласи со мене, но по извесно време повторно дојдоа гласниците, и чичко Петруш мораше да тргне со нив. Само што стигнал, ја кренал чашата за да наздрави, некој од политичарите наредил да го отстранат од масата. Чичко ми си дојде посрамен и со солзи во очите. И никогаш веќе не отиде на прослава на Илинденското востание“, сведочеше Мише Карев, кој, како што стои во неговото полициско досие, уште од 1951 година бил следен од ОЗНА односно УДБА, а подоцна одлежал и 18 месеци затвор за идејата за самостојна и независна Македонија.

Најстариот брат на претседателот на Крушевската Република, Петруш Карев, успеал да ги надживее двајцата свои браќа и покрај сите малтретирања и голготи што ги поминал во животот. Умрел во 1968 година. Според внукот Мише Карев, старецот си заминал од овој свет со голема болка во душата поради недостоинствениот и понижувачки однос на македонската власт кон брат му Никола, но и поради судбината на Ѓорги, кој беше убиен од властите на македонската држава, за која целото семејство со децении се борело.

Некои тврдења упатуваат на тоа дека во времето кога Ѓорги е ликвидиран, на средината на реката Вардар која минува близу затворот Идризово, се наоѓал мал песочен остров и дека е можно таму да биле закопани убиените затвореници за кои властите сакале да им се изгуби трагот. Подоцна реката го однела малото островче и со тоа оневозможила да се открие дали, меѓу другите, таму се и коските на Ѓорги Карев.

извор: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=222101555328&id=9&setIzdanie=21917

Доаѓајќи до овакви информации многу полесно ни е да донесеме заклучок зошто цел еден систем од политичари, полицајци, извршители, судии, новинари, професори, доктори, директори, се противи на лустрацијата и истата ја сведува на обичен памфлет.
Од овие текстови многу лесно може да си ја објасниме омразата која денеска ја шират одредена “елита“ кон се што е македонско или потсеќа на македонско.
Зошто го поделија народот на антиквизатори и букефалисти и словени.
Зошто им смета големината на македонското знаме, името Република Македонија итн...

Ако ние како нова генерација Македонци не успееме оваа неправда да ја извадиме на виделина и правдата да ја задоволиме со судски процеси на сите извршители врз невините македонски патриоти, со име презиме тој и тој виновен за убиството на тој и тој, нема напредок.
Нам ни е крив комунизмот, нам ни е крива приватизацијата, никаде немаме име и презиме, како пример за идните генерации, каков Македонецот не треба да биде и како Македонецот одговара спрема крвниците.
Овака, лесно проаѓаат и ќе ни се повтараат.
 
извор: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=222101555328&id=9&setIzdanie=21917

Доаѓајќи до овакви информации многу полесно ни е да донесеме заклучок зошто цел еден систем од политичари, полицајци, извршители, судии, новинари, професори, доктори, директори, се противи на лустрацијата и истата ја сведува на обичен памфлет.
Од овие текстови многу лесно може да си ја објасниме омразата која денеска ја шират одредена “елита“ кон се што е македонско или потсеќа на македонско.
Зошто го поделија народот на антиквизатори и букефалисти и словени.
Зошто им смета големината на македонското знаме, името Република Македонија итн...

Ако ние како нова генерација Македонци не успееме оваа неправда да ја извадиме на виделина и правдата да ја задоволиме со судски процеси на сите извршители врз невините македонски патриоти, со име презиме тој и тој виновен за убиството на тој и тој, нема напредок.
Нам ни е крив комунизмот, нам ни е крива приватизацијата, никаде немаме име и презиме, како пример за идните генерации, каков Македонецот не треба да биде и како Македонецот одговара спрема крвниците.
Овака, лесно проаѓаат и ќе ни се повтараат.

Тешко дека ќе се изведе тоа Славјански. Шпиуните ги има и во власта и во опозицијата, некои од крвниците се сеуште живи, а од некои тука се потомците кои ја имаат наследено нивната кодошка матрица. Премногу има предавници на метар квадратен. Лустрацијата никогаш нема да се оствари, или ако ја има ќе биде површна и никогаш нема да се дознаат најголемите кодоши.
Жално, но вистинито :toe:
 
трагично е, се уште да им се дава чест на џелатите и налогодавачите на ликвидациите... еве ако се гугла на македонски, ке излезе дека има доста улици на Добривое Радосавлјевиќ, инаку инструктор на ЦК КПЈ за МК , од 1942 до 1945, кој е најверојатно налогодавач за ликвидација на Рацин. Му дигнавме споменик на Ченто, но дали уште му даваме чест на налогодавачот од ЦК КПЈ ,Темпо ?? Мислам дека со овие работи во другите ех ју републики завршија уште 1992... па на Ленин му ги рушеа спомениците во Полска ние не можеме називи на улици да смениме..
 
Официјално за Ченто стои дека е затворен затоа што ги однел чизмите на поправка кај чевлар,божем со тоа ги спремал чизмите за бегство...:)
Вистина е дека на фронтовите биле убивани најистакнати партизани и комунисти,со цел да не се овозможи некој да оди против Тито и неговата политика,или со прост народ полесно се манипулира...
 
Суштината браќа.
Кој дојде после нив ?
Ако ги убиваа најдобрите синови на македонската борба, неможе да дошле повторно најдобрите синови на истата борба.
Дојдоа паразити, послушници, лигуши, кој уринаа на секој македонски идеал, не напикаа во дупката, станавме македончиња.
Тие ни сменија име, знаме, ни се мочаат на историјата, а ние повторно ги имаме на мени за избор.
Нема поглем пораз за нас Македонците.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom