Скопје ’70-ите години од минатиот век видено низ разгледници

  • Креатор на темата Креатор на темата zoriv
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 јануари 2010
Мислења
24
Поени од реакции
14
"... Е сега видете ги подолу инсертираниве слики на Скопје. Приметувате ли некоја драстична промена, освен што денес по улиците има многу возила и не се како од тоа време стојадини, фолцвагени, кадети, ренолци, дијани, мијани и слични аута од таа генерација. Јас не приметувам ништо ново. Во Скопје од почетокот на седумдесетите години па до денес не е изграден ниту еден капитален јавен објект. Сега ќе ви набројам таксативно што се’ е изградено. Во 1970 година изградена е салата на КК Работнички за време на светското првенство во кошарка во Љубљана. Во скопје таа година во средината на мај месец се играа квалификационите утакмици за финалните мечеви во Љубљана ( таа година на 24 Мај Југославија стана светски првак во кошарка, победуавјќи ги САД со 70:63). 1972 година во Скопје се одржа шаховската олимпијада. Беа изградени олимпиското село, саемот и хотелот Континентал. Потоа следуваше Градскиот Трговски центар, па мостот Гоце Дедлчев, поштата, МАНУ, комплекост банки, Универзитетскиот комплекс, студентскиот дом “ Гоце Делчев“, Историскиот архив, Македонскиот театар, НИП Нова Македонија, Македонската Телевизија и на крај во 1980 година што последно беше изградено беше транспортниот центар или железничката станица. Беше тоа време на некој нов тренд во архитектурата на сиви и ладни зданија на големите бетонски зданија, односно бетонска фасада. Од тогаш се поминати добри 35-6 години, а Скопје тлее и стои во место со својот генерален урбанистички план како метропола и како главен град на Социјалистичка Република Македонија и како главен град на Република Македонија. Буквално ништо ново капитално не е ни направено, не е ни изградено...." Повеќе >>>
 
Абе друже што ме интересира за скопје (дајте бе претеравте со тоа скопје)
 
Па не коментирај ако не те интресира. Eдноставно е нели? :)

До кога со хејтов...
 
леле :D не мразам никој само некако глупо е да се спомнува скопје скопје скопје. Кога го спомнувате скопје толку многу ми се чини дека цел свет се врти околу тоа скопје
 
Гледаш дека е на 2ро место :D btw градот не луѓето немој погрешно да се разбереме :)
 
Ајде, ајде не се вади сеа :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom