Уште од стартот на соработката со нашиот финансиски ментор не престануваат дилемите дали можеше поинаку
Со ММФ тешко, без него не можеме
Граѓаните, кои практично и воопшто не ги интересира темата ни треба или не ММФ , сў уште чекаат да видат подобар стандард и нови работни места
НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА
Можеше ли Македонија во изминатава деценија на самостојност и транзиција поинаку отколку упорно да ги следи директивите на Меѓународниот монетарен фонд и без резерва да ги прифаќа неговите економски рецепти? Ќе постигнеше ли државава повеќе и ќе беа ли посреќни и побогати нејзините граѓани доколку од поодамна им се свртеше грбот на строгите монетарци? Овие прашања одделни експертски и политички кругови прилично гласно го поставуваат во изминативе неколку години.
Кај сегашната владејачка гарнитура нема никаква дилема. ММФ сў уште ни треба, со нив ни оди многу добро и нема причина зошто да ја напуштиме продуктивната соработка, категорични се македонските власти. И фондовците го делат истото мислење. Според нив, заедно работиме многу солидно, за што доказ е добриот економски правец по кој се движи Македонија.
И додека граѓаните, кои темата ни треба ли ММФ или не практично и воопшто не ги интересира, сў уште чекаат да видат подобра живејачка и нови работни места, експертите се поделени. Дел од нив се категорични дека Македонија никогаш немала, а и сега нема друг избор, додека други сметаат оти моделот што го промовира ММФ не ни одговара, па затоа уште од самиот старт на соработката не требало толку пасивно да го слушаме.
Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, апсолутно стои на ставот дека на Македонија Ј е потребен ММФ. ”Мое мислење е дека ММФ ни треба. Не се согласувам со круговите што даваат забелешки за соработката”, вели Хајредини. Според овој експерт, нашиот проблем не е во ММФ, туку во тоа што ние никогаш доследно не сме ги спроведувале политиките што ги бара Фондот. "А секогаш потоа кажуваме дека ние ги спроведувавме политиките, ама тие не даваат резултати, што не е в ред”, вели Хајредини.
ММФ секогаш имал разбирање за објективните и субјективните тешкотии во Македонија, па дури и за политичките компромиси што се правеле. "Но, на политичките елити во земјава секогаш побитно им било да дојдат на власт и да ја задржат власта, а многу помалку да се справат и да се соочат со последиците од структурите реформи. Тоа важи за сите влади кои се смениле досега во Македонија. Политичките гарнитури, кога се во опозиција, ја критикуваат соработката со ММФ, а кога се на власт веднаш ја поддржуваат. Но, ниту една од нив, до ден денес, не сака да се соочи со последиците од реформите”, вели Хајредини.
На овој аналитичар многу му пречи кога се прават споредби со Словенија, па се тврди дека како можеше оваа држава да успее без ММФ, тоа ќе можела да го направи и Македонија. "Сосема е друга ситуацијата со Словенија. Кога се осамостојуваше таа, немаше стасани, а неплатени обврски спрема меѓународните финансиски институции, за разлика од Македонија. Затоа, ние практично молиме да преговараме и да соработуваме со ММФ”, потенцира Хајредини.
Токму од тие причини, ексминистерот смета дека ММФ не е виновен за бавниот економски развој на земјава. "Виновни се политичките гарнитури што Македонија нема подобра економска состојба”, нагласува Хајредини.
Но, има и стручњаци кои размислуваат контратезата оти ни бил неопходен Фондот. Универзитетскиот професор Димитар Ефтимовски вели дека сега е веќе доцна, но на стартот на транзицијата требало да се размислува дали морала да биде толку интензивна соработката со ММФ.
"Во суштината на ММФ и на Светската банка е неокласичната економска теорија која, за жал, не одговара на транзициските економии. Тоа од причина што првиот постулат на оваа школа е функционирање на економијата на потенцијален бруто-домашен производ. Но, ние сме далеку од потенцијалниот БДП, бидејќи кај нас не се искористени сите ресурси. На пример, невработеноста е 37 отсто, што значи дека не е искористен тој процент од потенцијалот. Затоа, овој модел е добар за развиените, но не и за транзициските економии”, вели Ефтимовски. За ММФ и за Светска банка е битна стабилноста, а кај нас со 2.000 долари БДП по жител, одржувањето на стабилноста се претвора во преживување.
"Но, моментално веќе немаме избор и како држава мора да соработуваме со ММФ, бидејќи имаме големи дефицити во платниот биланс, иако веќе почнаа да се намалуваат. Но, тие сў уште се големи, па затоа сега сме упатени на таа соработка. Меѓутоа, за тоа требаше да се размислува во почетокот на транзицијата. Тогаш требаше да се оцени дали и колку треба да биде интензивна соработката со ММФ, односно требаше многу поактивно да се преговара. Но, досегашните влади немаа доволно знаење со аргументи да му се спротивстават на ММФ”, нагласува Ефтимовски. Тој очекува дека кога во 2008 ќе заврши овој последен аранжман, Македонија конечно ќе почне да креира сопствена макроекономска политика.
Овој аналитичар не може целосно да се согласи ниту со тврдењето дека не ММФ, туку ние сме биле виновни што не сме ги спроведувале реформите. "Оваа неокласична школа со своите решенија сў уште талка во транзициските економии. Прво, ни рекоа дека треба да ја либерализираме економијата и надворешната трговија. Но, кога како резултат на тоа пораснаа цените и девизниот курс, бараа стабилизација, што се постигна со рестриктивни мерки. Потоа, нў упатија на приватизација, па ние сто отсто го приватизиравме капиталот, а кога и тоа не доведе до повисок раст и подобар животен стандард, сега се инсистира на структурни реформи. Сето тоа е талкање со решенијата”, објаснува Ефтимовски.
Тој се сомнева дека голем дел од министрите можат да објаснат што се тоа структурни реформи, а што всушност значи да се смени структурата на економијата, на создавањето на БДП. ”Тоа ќе значи страшна трансформација на економијата, воведување нови технологии, што ќе донесе нови отпуштања на работниците. Затоа и во тој дел треба да се размисли дали е неопходно менување на структурата на економијата од корен, или подобро е нејзино приспособување. Бидејќи мерките не треба да се носат сами за себе, туку за да се подобри животниот стандард на граѓаните, што кај нас досега не се случи”, вели Ефтимовски.
http://www.utrinskivesnik.com.mk/
Ve kradat pred Oci....lelel Koravi:lud:
Made in Macedonia
ftopic: