Безбедно користење интернет

  • Креатор на темата Креатор на темата MHJ-GIRL
  • Време на започнување Време на започнување

MHJ-GIRL

Програмер
Член од
1 февруари 2010
Мислења
84
Поени од реакции
13
Возраст
36
Правила за безбедно користење интернет:

1. НИКОГАШ не ги давај своите лични податоци на интернет, освен ако некој од твоите родители не ти каже дека е во ред да ги дадеш. Лични податоци се твоето име, адресата, телефонскиот број, возраста, расата, името на училиштето или локацијата на училиштето, омиленото место за играње и собирање со пријателите, имињата на пријателите и сл. Сите овие се лични информации и треба да се чуваат како приватни, т.е. да не се делат со кого било, а особено не со луѓе кои ги познаваш само преку интернет.

2. НИКОГАШ и никому не ги кажувај лозинките (анг. password) што ги користиш на интернет, дури ни на своите пријатели.

3. НИКОГАШ не оди да се запознаваш во живо со некој твој онлајн пријател кој го познаваш само преку интернет, освен ако не се согласат твоите родители дека е во ред да одиш. Дури и тогаш – оди со некој од твоите родители или пак со некој друг возрасен во кој имаш доверба и сретнете се на јавно место.
П. С.: Постарите тинејџери, кои веројатно ќе одлучат да не одат со родител, сепак нека не одат сами туку нека земат со себе барем еден свој пријател. Со кого и да решиш да одиш - договорете ја средбата на јавно место.

4. НИКОГАШ не одговарај на пораки кои прават да се чувствуваш непријатно (те засрамуваат, заплашуваат или на било кој начин прават да се чувствуваш лошо). Игнорирај ги овие пораки и прекини ја комуникацијата со тој што ти ги испраќа, веднаш кажи на некој од родителите или на друг возрасен во кој имаш доверба.

Превземено од http://crisp.org.mk

-----------------------------------------------------------------------

Да ја отворам оваа тема ме поттикна тоа што сите го гледаме. Однесувањето на децата на друштвените мрежи, четови, форуми...
Се сликааат недолично, даваат лични податоци, одат на средба со непознати...
Родителите треба секогаш да знаат што прави нивното дете на интернет, но и децата треба да се грижат за себе. Како што тоа го прават и во реалниот живот. Сите сме на интернет малку послободни но...за се има граница.

Значи, многу е важно и однесувањето на интернет. Треба да знаете дека постојат IP адреси...вие сте запамтени на интернет.


---------------------------------------------------------------------

1. НИКОГАШ не праќај злобни пораки преку интернет, без оглед дали станува збор за имејл или за чет (mIRC) или некоја програма за инстант пораки (Skype, MSN Messanger, Yahoo!Messanger, ICQ..)!
2. НИКОГАШ не кажувај нешто преку интернет, што не би го кажал некому во лице! Заплашувањето е лошо без разлика дали се прави преку интернет или во живо.
3. НИКОГАШ не го користи интернетот за да наштетиш некому! На пример – никогаш немој да праќаш пораки од нечија туѓа имејл адреса ако тие пораки може да му создадат проблеми на сопственикот на адресата.
4. НИКОГАШ немој да правиш плагијати. Противзаконски е да се копираат онлајн информации и да се претставуваат како сам да си ги напишал.

Превземено од http://crisp.org.mk
--------------------------------------------------------------------

Овие правила се многу важни.
Законски е недозволиво да хакирате, да се претставувате во туѓо име, да навредувате на интернет...да објавувате неубави, порногравски содржини...

На интернет имам сретнато многу непромислени деца кои го прават се од горенаведеното...

Не! Тоа не е дозволиво и не е убаво! Запаметете го ова!


Значи, деца, родители, професори...што вие мислите за оваа тема?

И ви го препорачувам овој сајт http://crisp.org.mk

Овде ќе најдете многу корисни содржини и за децата и за родителите и за професорите...



Родители



Совети за безбедно сурфање по интернет мрежата



Што можете да направите вие како родител за да го заштитите вашето дете од опасностите кои го демнат на интернет?


Луѓето кои ги среќава вашето дете на интернет се целосно непознати.
Потсетете го вашето дете дека луѓето кои ги среќава на интернет му се целосно непознати. Објаснете му дека исто како што не треба во секојдневниот живот да ги дава своето име и презиме, адреса, телефонскиот број, локацијата на училиштето или било која друга лична информација на непознати луѓе, така не треба овие податоци да ги дава ниту на луѓето кои ги запознава преку интернет.


Разговарајте со вашето дете за тоа што гледа и што прави кога е на интернет.
Охрабрете го вашето дете да разговара со вас доколку било што на интернет прави да се чувствува непријатно. Кажете му дека може да ви се обрати секогаш кога ќе види или прочита на интернет нешто што прави на кој било начин да се чувствува непријатно (загрижено, засрамено, уплашено или несигурно).


Прашувајте го вашето дете за луѓето кои ги среќава на интернет.
Направете сè што е во ваша моќ да бидете сигурни дека вашето дете ќе ви се обрати токму вам доколку сака да запознае во живо некое лице со кое комуницира преку интернет.


Ако вашето дете реши да запознае во живо лице кое го познава само преку интернет – на средбата мора да оди во придружба на доверлив возрасен!
Дефинирајте јасно правило дека вашето дете може да оди на средба во живо со човек кој го запознал преку интернет само ако со него оди и еден од родителите или некој друг одговорен возрасен во кој имате доверба.


Договорете се дека може да праќа лични информации по имејл само откако ќе се консултира со вас.
Објаснете му на вашето дете дека не е безбедно да праќа фотографии од себе или било кои други лични податоци по имејл без претходно да се консултира со вас дали е во ред. Објаснете му дека како што е важно вие како родител да ги познавате неговите пријатели и да знаете што прават тие кога се заедно, исто така е важно да разговара со вас пред да започне пријателство со некое непознато лице на интернет.


Комуницирајте често со вашето дете за разговорите што ги води и пораките што ги добива преку интернет.
Охрабрете го вашето дете да разговара со вас за било какви пораки кои ги добива преку интернет, а кои му се чинат злонамерни или на било кој начин прават да се чувствува непријатно. Уверете го вашето дете дека не е тоа виновно ако добива такви пораки. Поттикнете го да ви се довери и потсетете го дека вие сте секогаш на негова страна.


Утврдете јасни домашни правила за употреба на интернетот.
Како што правите и со другите медиуми (телевизијата, на пример) поставете јасни правила и за употребата на интернетот во вашиот дом. Бидете јасни во однос на правилата и вашите очекувања и објаснете му на вашето дете дека вие сакате тоа да користи интернет, бидејќи интернетот е навистина прекрасен извор на информации и забавни содржини. Нагласете дека правилата ги поставувате единствено за да му овозможат безбедно да го користи интернетот.

Превземено од http://crisp.org.mk
 
муабетов ти е за прво оделенци :) барем јас така мислам ;)
 
не постои безбедно користење на интернет :toe:
нема начин за заштита :toe:
 
Тешко дека интернетот може безбедно да се користи. :toe: А и овие правилата се добри, само што ретко кој ги почитува.
 
Ви ја препорачувам http://crisp.org.mk овде ќе најдете се за безбедноста на интернет, многу повеќе од напишаното во оваа тема.
Значи, постои заштита и безбедност на интернет, само треба внимателно да се прочита овој текст и останатите содржини на горенаведената страница :)
 
не постои безбедно користење на интернет :toe:
нема начин за заштита :toe:

најдобра заштита е апстиненција :vozbud:
се друго е само бркање вештерки и префрлање и од шупливо во празно...
 
And remember kids, never give out your credit card information in an online chat. Unless your parents say it's okay. Then it's okay. Okay?
 
Не постои 100% заштита на интернет..секогаш има некој будала шо седи по цел ден пред компјутер и само тоа се интересира,како да направи некоја НЕкорисна работа на некој другар,познаник итн итн..од ден на ден се усовршуе и прави проблеми наоколу...
 
Не постои 100% заштита на интернет..секогаш има некој будала шо седи по цел ден пред компјутер и само тоа се интересира,како да направи некоја НЕкорисна работа на некој другар,познаник итн итн..од ден на ден се усовршуе и прави проблеми наоколу...

За ова си во право. Но ако сме претпазливи, ништо не ни можат таквите :wink:
 
За ова си во право. Но ако сме претпазливи, ништо не ни можат таквите :wink:
Веруј ми дека,колку сакаш биди претпазлива он ќе успее во неговата намера,го знам овоа пошто имам другар таков од Охрид кој дреме по цел ден пред компјутер и се занимава со такви работи...едно време ја млатеше странана точка.ком.мк
 
Веруј ми дека,колку сакаш биди претпазлива он ќе успее во неговата намера,го знам овоа пошто имам другар таков од Охрид кој дреме по цел ден пред компјутер и се занимава со такви работи...едно време ја млатеше странана точка.ком.мк

Па пријави го.
Само нека се осмели некој мене нешто да ми хакне...! Ќе зажали!
 
Па пријави го.
Само нека се осмели некој мене нешто да ми хакне...! Ќе зажали!
ха...колку се смеам во моментов...а мислиш ти дека он кога ќе го прави тоа ти ќе го сетиш...:nenene: нема ни да сетиш во моментот кога ќе го прави тоа,одпосле ќе видиш дека ти се случило такво нешто...од искуство кажувам :smir:
 
ха...колку се смеам во моментов...а мислиш ти дека он кога ќе го прави тоа ти ќе го сетиш...:nenene: нема ни да сетиш во моментот кога ќе го прави тоа,одпосле ќе видиш дека ти се случило такво нешто...од искуство кажувам :smir:

Па одкога ќе видам...
Многу ме нервираат такви копиљаци, хакнале мсн и мислат пинокио за јајца го фатиле :nenene:
Ама и хакирање на мсн е казниво дело :nenene:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom