Комуникативни или повлечени?

Знам да бидам и комуникативен и повлечен ептен у себе.Ама гледам да фаќам некоја средина измеѓу,да применувам и од тоа и од тоа по малку.:)
 
Златна средина...... ако збориш премногу ќе имаат лошо мислење за тебе, дека си ко касета и не прекинуваш....., ако збориш премалку нема ни да те приметат, а и ќе мислат дека си прост и не се вклопуваш во средината.
Тие што многу зборат, неможеш да дојдеш до збор, а тие што премногу ќутат, треба зборовите од уста да им ги вадиш.
Затоа најубаво е златна средина...... ни премногу зборење, ни премногу ќутење....., туку доволно зборење за да бидеш сфатен и да го искажеш она што го мислиш.

Околу мене сакам луѓе кои зборат доволно за да се разбереме, помуабетиме и насмееме.
:)
 
АОчигледно во живо сум повлечен, а покомуникативен вака...преку интернет.
 
Најверојатно сум поповлечен, ама ако се опуштам знам да се изнатрескам глупости. :icon_mrgr: А и зависи од друштвото, нормлано. :)
 
Комуникативна и отворена, но и јако резервирана и затворена ако не ми се допаѓа друштвото.
Се зависи со кого.. Ако е отворен и искрен,интересен, многу сум зборлива и отворена..Сакам такви луѓе ..Но оние кои превртуваат очи и гледат на страна или не ми се ок, на нив воопшто не им зборам.
 
"Молчењето е злато" - Талат
Претежно сум молчалив, иоли во склоп со темава, повлечен. Тоа е најчесто дури да се опуштам.
 
На форуми и четови главен ратоборец и прв галамџија во реалност повлечен тип:/
 
Златна средина, само повеќе накај повлечен е :D зависи со кого како сум во друштво.. Со нови ликови и помалку познати повеќе повлечен, а со познати фацки "воденица" не ми е рамна.
 
И на форуми и на фб и било каде сум комуникативен. Не бива да ќутиш цело време. Екстроверт до даска!
 
Мислам дека сум комуникативна. Нормално си имам моменти кога не ми се збори ама ретко. Ми треба малку време во ново друштво да се впуштам во муабет, ама сакам да зборам многу :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom