Реклами без рецесија

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Владините реклами во 2009-та достигнале 5.5 милион евра

Фантастични пет и пол милиони евра чинат рекламните кампањи за коишто Владата склучила договори во кризната 2009-та. Ова отстапување од најавената политика на штедење во време на рецесија го потврдуваат договорите кои можат да се најдат во Регистарот за јавни набавки.
Договорите се склучени со 10-тина маректинг агенции, почнувајќи од март до август 2009 и се однесуваат на спроведување на девет рекламни кампањи –за борба против дрога, пушење и алкохолизам, потоа за поттикнување на граѓаните да читаат книги, за јавна чистота и отпад, за етика и етичко однесување, за оптимизам и поттикнување на добрите вредности, за објаснување на последиците од абортус, и кампањата истражи ја Македонија. Притоа буквално секоја кампања чини по околу 36 милиони денари односно по 600 000 евра. Владата и денеска без објаснување зошто и во време на ресеција не се откажа рекламите.

Сепак, ниту една од маркетинг агенциите со кои владата склучила договор, а со кои контактираше Алфа не го потврдуваат овој владин став. Дел од нив велат дека кампањата ја спровеле и чекаат да ги добијат договорените пари, а дел дека договорите им се на сила и само чекаат на сигнал од владата кога да го отпочнат рекламирањето. Никој, од нив засега не добил најава за раскинување на договорот што значи дека вредноста на рекламните кампањи на Владата сеапк останува на ниво од договорените 5 ипол милиони евра.

Извор

Кога ќе се собере се убаво
2007 год. 7,7 милиони евра за реклами
2008 год. 10 милиони евра за реклами
2009 год. 5,5 милиони евра за реклами

Само 23,2 милиони евра за реклами :bravo:
 
Е па вака. Да ги коментираме рекламите од најновата кампања за кои се кажа дека се дадени феноменални 600 000 евра народни пари. Имено, станува збор за 4 видео клипови кои се наоѓаат единствено на youtube а не одат по телевизии. Прво што би сакал да се дискутира преку овој пример е дали воопшто овие реклами постигаат некаков позитивен ефект или постигаат контра ефекти (тоа сепак е за друг подфорум).
А друго, и поважно, сакам да прашам дали овој неколку минутен видео запис со трошоци - интелектуална плата за минимално сценарио, интелектуална плата режија, изнајмување камери, ауто, станови и кафе барови за пола ден, трошоци за ризли и трева, плата за глумци и се друго што може да се замисли сосе разумен профит за маркетинг агенција - дали сето тоа реално може да оди над 15 000 евра, и според која сума(т.е. според кои членови на збир), а ако не, што според секоја логика дека е не, каде се останатите пари, односно како е можно да се осудуваат да крадат 585 000 евра од 600 000 пред очите на цела јавност со ваква злоупотреба на оваа болна тема???????

Еве ова се видеата(рекламите:tapp:):






После ова комотно може да ги повлечат спотовиве и од youtube, коментарите и онака му се цензурирани.

Значи прашање е не зошто владата и во време на рецесија не се откажува од рекламирање, туку прашање е зошто крадат!!!

Инаку никој не ги брани луѓето да се борат против оваа напаст ама вака не е фер стварно.
 
Токму така,вистинското прашање на темава е колку навистина чинат овие реклами и зошто се фатиле ко слеп за стап за визуелни шминки,наместо коренити реформи?
 
Значи прашање е не зошто владата и во време на рецесија не се откажува од рекламирање, туку прашање е зошто крадат!!!
Ако некому му се панталоните паднати не значи дека тој ебе така да ако некој потрошил пари за реклами не значи дека украл?
Ако ова не е политичка тема тогаш ја сум Џемс Дин?
 
Ако некому му се панталоните паднати не значи дека тој ебе така да ако некој потрошил пари за реклами не значи дека украл?
За болдов:Ако не украл што направил со нашите пари?Само направил да се чувствуваме како големи ИДИОТИ додека ги гледаме и се мислиме како да сврземе крај со крај, ама битно реклами финансирани од нас има редовно, а платите, пензиите и вработувањата се замрзнати :scary:

Кои странски инвестиции влегоа во Македонија, ако не последнава година(нели не фати криза за која ни велеа дека нема да не фати) тогаш во претходните две години?
Што добивме од рекламите ТИ СИ МАКЕДОНИЈА, кога сите знаеме што сме и покрај тоа преговараме за името.
Што добивме од рекламите за јавна чистота, кога сеуште немаме доволно канти за отпадоци ама имаме казни и реклами.

Ако ова не е политичка тема тогаш ја сум Џемс Дин?
Или администратор, модератор :uvo:

Токму така,вистинското прашање на темава е колку навистина чинат овие реклами и зошто се фатиле ко слеп за стап за визуелни шминки,наместо коренити реформи?
Затоа што тогаш би биле држава со нормални политичари, а не апаши да не водат :PC::бесна:
 
За болдов:Ако не украл што направил со нашите пари?
Тие што беа пред овие, тие што се сега а и тие што ќе дојдат ќе бидат исти, дури и тебе да те стават за премиер ќе гледаш да ставиш некое денарче во џебот а нема да работиш за народот, секој човек има цена па дури и јас и ти па и сите други...

Или администратор, модератор :uvo:
Јас само реков на што ми личи темата а не дека сум администратор или модератор :helou:
 
Тие што беа пред овие, тие што се сега а и тие што ќе дојдат ќе бидат исти, дури и тебе да те стават за премиер ќе гледаш да ставиш некое денарче во џебот а нема да работиш за народот, секој човек има цена па дури и јас и ти па и сите други...
Овие па се колнеа и у мајки дека нема да крадат, па се колнеа у 100 чекори, па и тие 100 чекори ги надградија само да добијат фотеља и глас, ама народот си остана без пари, а многумина останаа без мозок и очи.
 
Овие па се колнеа и у мајки дека нема да крадат, па се колнеа у 100 чекори, па и тие 100 чекори ги надградија само да добијат фотеља и глас, ама народот си остана без пари, а многумина останаа без мозок и очи.
Не знам како ќе го протолкуваш тоа ама ќе ти кажам со прост јазик, многу девојки кога имаат секс со машко се колнат дека им е втор а не им е па никоја девојка не останала неомажена или на патот :pos2:.
Се колнеше и СДСМ дека нема да краде ама само додека да се врати на власт а ако си од Скопје треба да се сеќаваш на графитот: НЕ КРАДИ, СДСМ НЕ ТРПИ КОНКУРЕНЦИЈА :vozbud:
Потоа дојде ВМРО на чело со Бугаринот Љупчо па се изнакрадоа, пак дојде СДСМ велејќи дека нема да бидат исти ама народот заборави дека волкот влакното го менува ама ќудта не, по СДСМ пак дојде ВМРО ама сега на чело со Груевски па и тие велеа дека нема да бидат како ВМРО-то на Љупчо ама постои сомневање дека и го надминале така да кучињата(форумџиите) си лаат а карваните(политичарите) си врват ама накај Швајцарија полнејќи ги своите сметки...
Зошто не се судат еден друг ами само лаат по весниците дека овие украле, другите велат дека па овие украле а сите тие заедно си крадат а ние по Струмички кажано муи лапаме :pos::pos::pos::pos:
 
Еј еј еј!!! Добра си беше темата не ја уништувајте. Сите сме согласни дека исти ѓубрина постојано ротираат на власт. Наше е да не ги лишиме од критика, за да знаат дека не сме глупави и да не си помислат за себе дека се умни.
 
Атом Ент, според минутажата, искористеноста/корисноста и ефектите од нив, некако ми личи дека овие реклами се поскапи дури и од најскапите филмови, па и од филмот Аватар...тој барем носи пари ако ништо друго :wink:
А кога си на власт треба да ги сносиш последиците за секој чекор и активност. Како што на фирма и бараат за секој денар да извади ставка, истото се очекува и од владините институции -тоа што го велиме транспарентност...секако и мерливост на ефектите од било каква активност, закон, проект или кампања.
 
Атом Ент, според минутажата, искористеноста/корисноста и ефектите од нив, некако ми личи дека овие реклами се поскапи дури и од најскапите филмови, па и од филмот Аватар...тој барем носи пари ако ништо друго :wink:
Има само една мала разлика, рекламите и филмот Аватар донесоа пари ама Аватар донесе пари по премиерата а рекламите донесоа пари пред да бидат видени од народот...:smir:
 
Леле ко ќе прочитам, претходните што правеа.
Аман бе со претходните веќе. Не значи дека ако тие правеле, треба и овие да го следат нивниот пример.
Обично човекот напредува извршуваќји промени и надоградувајќи ја средината, односно подобрувајќи ја состојбата. Никој не успеал да мрдне од мртва точка ако слепо ги правел работите што ги правеле неговите претходници, бранејќи се зад истиот став.

Факт е дека за три години се потрошени финансии за реклами кои се на половина од оние потрошени за здравството. Кој дебилен сооднос на распределба значи.
Не се крстам ниту на оваа, ниту на претходната, ниту на идната влада. Се крстам на Бога што народов и покрај искуството, пак си изиграва слепа овца и не ми е јасно до кога сопствените интереси ќе се ставаат пред оние на луѓето кои ти ја дале поддршката и гласот за да утре им обезбедиш поубава иднина.

Не се проблем рекламите, туку сумата која е фрлена за нив.
 
Аватар донесе пари по премиерата а рекламите донесоа пари пред да бидат видени од народот...:smir:
Kаде се тие пари?Кои се тие пари?Во првата реплика кон тебе поставив неколку прашања а одговор не добив.
 
Ако веќе се трошеа пари на реклами нека се трошат за промовирање на Македонија или за рекламирање на некој наш бренд а не за рекламирање на Владата колку сработила во изминативе години.Чист популизам.
Ама ајде направите нешто да ве видам :pos2:
 
Ако некому му се панталоните паднати не значи дека тој ебе така да ако некој потрошил пари за реклами не значи дека украл?
Ако ова не е политичка тема тогаш ја сум Џемс Дин?

Џемс Дин?....нeee...некако поише ми завлекуеш накај Till Oilenspiegel :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom