Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
Владините реклами во 2009-та достигнале 5.5 милион евра
Фантастични пет и пол милиони евра чинат рекламните кампањи за коишто Владата склучила договори во кризната 2009-та. Ова отстапување од најавената политика на штедење во време на рецесија го потврдуваат договорите кои можат да се најдат во Регистарот за јавни набавки.
Договорите се склучени со 10-тина маректинг агенции, почнувајќи од март до август 2009 и се однесуваат на спроведување на девет рекламни кампањи –за борба против дрога, пушење и алкохолизам, потоа за поттикнување на граѓаните да читаат книги, за јавна чистота и отпад, за етика и етичко однесување, за оптимизам и поттикнување на добрите вредности, за објаснување на последиците од абортус, и кампањата истражи ја Македонија. Притоа буквално секоја кампања чини по околу 36 милиони денари односно по 600 000 евра. Владата и денеска без објаснување зошто и во време на ресеција не се откажа рекламите.
Сепак, ниту една од маркетинг агенциите со кои владата склучила договор, а со кои контактираше Алфа не го потврдуваат овој владин став. Дел од нив велат дека кампањата ја спровеле и чекаат да ги добијат договорените пари, а дел дека договорите им се на сила и само чекаат на сигнал од владата кога да го отпочнат рекламирањето. Никој, од нив засега не добил најава за раскинување на договорот што значи дека вредноста на рекламните кампањи на Владата сеапк останува на ниво од договорените 5 ипол милиони евра.
Извор
Кога ќе се собере се убаво
2007 год. 7,7 милиони евра за реклами
2008 год. 10 милиони евра за реклами
2009 год. 5,5 милиони евра за реклами
Само 23,2 милиони евра за реклами :bravo: