Ќе се вика, ќе се вика.. како!?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Само едно ќе речам. Човекот го прави името, а не обратно. Шо е битно кој како се вика, ако си е некој (n) и најубаво име да носи џабе.
 
машко Космос.
Некако јако звучи ова.
Да, ќе си помислиш дека е некој титан од Атлантида.
Автоматски споено мислење:

Борис е скратеница од Богорис и не е словенско име.
Ако може дај пиши етимологија на името Борис односно Богорис.
 
Ако може дај пиши етимологија на името Борис односно Богорис.
Името е од бугарско туркиско потекло со неколку можни значења: краток, волк или снежен леопард.
 
Името е од бугарско туркиско потекло со неколку можни значења: краток, волк или снежен леопард.
Ок ова ваљда е објаснување за кај Бугариве. кај Русите како е дојдено и дали ја има истава етимологија ?
 
Ок ова ваљда е објаснување за кај Бугариве. кај Русите како е дојдено и дали ја има истава етимологија ?
Со меѓусебен контакт претпоставувам, не сите прабугари се имаат преселено накај Балканот, останатиот дел формираат држава Волшка Бугарија.
Друго мислење што имам е преку јазикот, односно преку црковнословенскиот јазик затоа што рускиот јазик е под силно влијание од него...највеќе од источнословенските.
 
Ок ова ваљда е објаснување за кај Бугариве. кај Русите како е дојдено и дали ја има истава етимологија ?
Еве, побарав - во 9 век бугарскиот цар Борис I го преобратил бугарското царство во христијанство и затоа се смета за светец во православните цркви. Веројатно по него подоцна и во Русија и во другите православни држави почнува да се употребува. Првиот пример за позначајна личност од киевска Русија е од 11 век, исто некој светец, син на Владимир I Светославич, денес наречен Велики, кнез на Новгород и Киев, исто канонизиран од православната црква во Свети Владимир. Тој ја покрстил Киевска Русија. Борис бил негов син, а мајка му најверојатно била Бугарка. Веројатно така влегло името во Русија и по тоа по него новите христијани почнале да ги крштеваат така и своите деца.
 
Облеката го прави човекот.
Облеката и карактерот се разбира и добриот парфем) го прават човекот, а човекот го прави името, големо или мало, битно или небитно;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom