Како се цени уметноста во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата malo
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 март 2006
Мислења
16
Поени од реакции
0
kako ?????
dali mislite deka ima luge sto ja cenat ili se praat deka ja cenat umetnosta?
 
Има луѓе кои се прават дека ја ценат уметноста, а уствари не знаат ни што претставува таа за оној кој ја создава.
Уметноста е тешка, ретко кој навистина ја сфаќа и цени.
На пример кај нас не се цени ниту филмската уметност, нити ликовната...
Или денес низ Скопје сите ги слушаш зборат за Салвадор Дали, Пабло Пикасо, Винсент Ван Гог, Леонардо Да Винчи, а да ги прашаш нешто за нив, како на пример што биле, како биле, и што се тие правеле, нема да имаат поим за што ги прашуваш.
Штета што веќе уметноста почна да умира, и што нема доволно креативни луѓе за да ја одржуваат во живот.
И секако, има луѓе кои ја ценат уметноста, но тие се навистина ретки...за жал..
 
Уметноста во Македонија за жал почнува да се меша со кичот, па така навистина не можеме да определиме што навистина е уметност, а што не. Секое создадено дело си има своја вредност, без разлика дали на некој ќе му се допадне или не. Воопшто, секое уметничко дело треба да се цени, затоа што неговиот креаторот ја вложил својата инспирација и труд, и со тоа тој на нас сака да ни упати некоја порака вид на уметничко дело. Е сега проблемот е дали некој ќе го свати тоа и ќе го цени, или пак некој ќе си рече „хм, на што личи оваа слика, само шлакал боја овој“.
Конкретно за темата, мислам дека многу малку луѓе во Македонија знаат за уметност, а уште помалку можат да ценат.
 
Уметност? Во Македонијааа? :icon_razz kidding, дечки, kidding...
Се цени бе, оти да не се цени, само штета што оние луѓе кои ја ценат се сметани од другите како претставници на суп - културата, а баш оние шо се интересираат во "полињата" турбо-фолк и комерцијала се оние кои се културно информирани (???) и појавава е особено забележана кај денешниве млади, и тој еден пример кој изреволтирано на сите го кажувам - летоска кога имав братучека на гости од источниве краишта и ја носев на театар, она беше ептен зачудена и запрепастена како "и младите во велес одат во театар" (:nerv:) брррр...
инаку, ја имам честа и задоволството да се дружам и бидам опкружена со луѓе кои ја ценат уметноста и тоа ме прави баш радосна и гордааа - на нив и себеси...
значи, се цени уметноста на едно релативно добро ниво, но за да биде задоволително би требало уште малку да поработиме на одржување и почесто посетување на културни настани...ќе не биде бе :star:
 
Па, да зошто да не се цени, ние помладите генерации барем се обидуваме да измениме нешто на тоа поле.
Ама сепак во Македонија фалат услови за таа работа: повеќе кина, театри, почести галерии, концерти итн. инаку бројот на посетеност на таквите манифестации мислам дека сè повеќе се зголемува.
 
Mnogu malku se ceni umetnost.Namalena e tradicijata da se odi vo teatar,da se citaat knigi,da se slika.Se nadevam deka ovaa sostojba ce se podobri
 
Јас сум голем ентузијаст и ја ценам уметноста и пратам све што се случува.
Меѓутоа, има неколку проблеми/фактори зашто кај нас не се цени уметноста на малце помасовно ниво (уметноста масовно за цел народ...)

1. За да се цени уметоста треба да се изведува во простор кој и самиот ќе биде достоен и ќе побудува восхит и почитување од страна на тие што треба да ја исконзумираат таа уметност. Не може да се цени уметност што се прикажува во монтажни бараки. Самиот филинг кога влагаш во Драмски или во Театар Центар ти го намалува ентузијазмот.

2. Тие што се директно вклучени во креирање на уметноста патат од неколку проблеми типични за нашето поднебје, најчесто квази-уметнички талент (особено присутно во драмската уметност), премногу големо его, и како резултат од тоа немање доволно оригиналност за да се привлече и восхити публиката со нешто ново и креативно. Како за пример, погледнете го репертоарот на Мајски оперски вечери или на Балетот во изминатите 30-40 години и ’пронајдете ја разликата’. Со минимални нови поставки (а и тие траат само по една-две сезони) све е старо и видено. За некои посовремени трендови ич да не праам муабет. Мјузикл??? Што е тоа??? Современ балет??? Што е тоа? (да, на мала сцена на МНТ од време на време ќе се случи по некој перформанс со максимум еден до двајца играчи - никако повеќе и помасовно за да случајно не биде нивната супериорност засенета во толпата). Не се споредува според креативност она што се нуди кај нас со некои работи што сум ги видела во странство и ме оставиле без здив. Не мора чоек да оди во странство, доволно е да одите на некои од странските претстави на МОТ и ќе сватите за што зборам.

3. Недоволно промовирање на уметноста. Чоек што се интересира и сака да види нешто треба темелно теренско истражување да направи за да дојде до информации што/каде/кога се случува. Нема, како сегде во свет, еден најобичен неделен или месечен културен информатор во печатена и/или електронска форма. Има некои добри веб сајтови кај што се наоѓаат корисни информации (одма ми доаѓа на памет culture.in.mk), ама многу често особено за поалтернативни случувања нема никаде инфо ни за лек. И после криво ми е кога ќе пропуштам нешто, а се случило милион пати.
 
Znaes kako se ceni umetnosta i umetnicite:
citiram:"Aj be batali tie se ili pijanduri ili narkomani a i toa sto go pravat mozam i jas da go napravam"
sramota
 
Како што се цени Македонец во Грција!Револт, револт.Ај, да смениме нешто, а?
 
Ситуацијата во Гевгелија(а верувам и нашироко низ Македонија):

Одиш на претстава(каква и да е),зад тебе обавезно некои лудаци ќе седнат и ќе ти урликаат,ќе ждригаат кога сите молчат,маваат со пуканки,како мали деца и сл.
На презентација за некоја книга...се е полупразно,претежно одат професорите од гиманзијата и мала елитна група на уметници;a често одат и луѓе кои одат за да бидат видени дека одат всушност.
Професорот по ликовна умтеност до лани кога не носеше на изложби,беше општа незаинтересираност...што да зборвам повеќе?
Самите увидете колку е ценета!
 
~*~

Просто, не се цени.
Имаш грст на луѓе кои знаат да ти направат разлика помеѓу рефлексивна поезија и патриотска, кубизам и експресионизам.
Македонија е мизерија за секој уметник. (професионално и матријално)
 
Да се цени кога сакаш да си фатиш дечко/женска!
Друго е се срање и продавање на Грци евтини икони!
Ова го кажувам бидејки со тоа се занимавам! Фала Богу што и тоа го има (со Грците), па продаваме икони по упола цена па иаме солиден живот и ако испадни да се прави некоја црква/манастир/црквиче!

Кога ќе најдам време да го усовршам талентот да цртам во стилот на Фландриските уметници?

Рембрант
Рубенс
Вермер?

Тоа се за мене една очајна желба! Треба да бирам меѓу добар живот и слика која никој нема да ја купи, бидејки изгледа скапо и не е нацртана Богородица на неа бидејки што ќе им е совршен портрет на жена или некоја разголена уметност?! :tapp:
 
носителот на вреднувањето е вистината
вистината е во нас
изразувањето низ творбите односно спојувањето на духовното и материјалното
е најголемата потреба на човекот
 
Глобално земено... многу слабо.. се се прави набрзина колку да пројде без трошка уживање во самото правење на нештото. Има луѓе во земјава кои колку толку се трудат да ја воздигнат на културно ниво ама тие се толку малку, само на прсти може да се избројат.
 
Haha.. Ja cenat??? Daj molim te.. Retko koj znae da ceni. I tie sto znaat vekje ne se ona sto bea. Nekoj dava dusa i srce za umetnosta a nekoj dava srce i dusa za da ja unisti. Ne zboruvam za poedinci.. Tuku opsto za site..
Pozdrav
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom