Како се одвиваше комунистичкиот режим во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата replikator
  • Време на започнување Време на започнување
Еднаш одејќи со возот од Прилеп кон дома запознав еден интересен постар човек.
Во тоа време еден од малкуте со завршено основно, не се сеќавам дал имаш и средно човекот. Следствено на тоа бил ставен на висока позиција во локалниот одбор на комунистичката партија.
По некое време стигнала наредба пченката што ќе се собере од нивите да се складира во црквата додека да се изградат магацини или да се транспортира.
Тој кажал дека црквата не е погодно место бидејќи е многу влажна, ќе се упропасти родот, ќе изр’ти.
Некој од неговите претпоставени викнал, како можеш така да збориш, па ти си против татковината, против партијата, против народот на Југославија.
Бил испратен на Голи оток каде што поминал 3 години.
Велеше дека поради тоа што не направил голем грев не бил мачен многу, но бил блиску од оние кои биле за независна Македонија, независна Далмација, независна... и морал да гледа ѕверски мачења.
 
Систем со поблаг тоталитаризам за разлика од државите позади железната завеса кои денес се понапред од нас :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom