Македонија ќе претседава со Советот на Европа!

  • Креатор на темата Креатор на темата demmian
  • Време на започнување Време на започнување

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Македонија ќе претседава со Советот на Европа

Ирина Гелевска Коментари (0)
prazno.gif
prazno.gif
09.01.2010 16:04
sanja-zogravska-krstevska.jpg
Сања Зографска Крстеска, координаторот на претседателството со Советот на Европа
За 18 години независност, Македонија беше претседавач само со Генералното Собрание на Обединетите нации.
Годинава, меѓународниот углед на државава ќе се подобрува со Претседателството на Советот на Европа, односно со одлучувачкиот орган Комитетот на министри, од 11-ти мај.
Приоритети на македонското претседателство ќе бидат националните - борбата против корупцијата, ефикасност на судството и правата на малцинствата.
„Пред се борбата против корупцијата, обезбедувањето на континуираната ефикасност на Европската конвенција за човекови права и придонес на земјите членки кон реформата на Европскиот суд на човекови права“, изјави Сања Зографска Крстеска, координаторот на претседателството со Советот на Европа.
„Потоа, други теми ќе бидат социјалната кохезија, родовото буџетирање, интеграцијата на националните малцинства во европските општества, со посебен акцент врз интеграцијата во процесот на одлучување, прашања од областа на културата и културното наследство, регионалната димензија на меѓукултурниот дијалог и поголемиот ангажман на младите во политичките и демократски процеси на земјите од ЈИЕ“, додаде Зографска Крстеска.
За време на 6-месечниот мандат, од МНР најавуваат одржување на неколку конференции, меѓу кои и една конференција посветена на проблемите на Ромите во Европа.
Шестмесечното претседателство со Советот на Европа ротира во ABCD-ен редослед. Ние го го преземаме претседателството од Швајцарија, а ќе го предадеме за шест месеци во 2010 на Турција.
Доколку Македонија беше примена во оваа организација под уставното име, а не под референцата ФИРОМ, ќе претседаваше со Советот на Европа уште пред 3 години.
Следното претседателство на Македонија со Советот на Европа ќе се случи во 2033-та година, бидејќи оваа меѓународна организација брои 47 земји членки.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=118447
 
што има врска дали под уставното име ќе сме прецедавале или под ова сега шното се оди по азбучен ред или што е работата :toe:
во секој случај добра вест за нас за уште повеќе да го крениме гласот односно да си ги каземе маките пред другите кои абер немаат за нас и нашите проблеми пре дсе мислам на проблемот со името кое го имааат гејците и се разбира ако можи и некоја инвестиција да се привлече мада оваа е само бирократска работа со пресдавањето може сепак да се има некој бенефит :smir:
 
Неспорно :)

Исто така сметам дека претседавањето со Европскиот Совет ке се одрази позитивно од лоби-страна за многуте проблеми што ги имаме.
 
Неспорно :)

Исто така сметам дека претседавањето со Европскиот Совет ке се одрази позитивно од лоби-страна за многуте проблеми што ги имаме.

Би требало да се одрази позитивно, но се сомневам во дипломатската способност на нашите политичари да ја искористат можноста која ни е дадена.

П.С. А кога ќе претседаваме со ротационото претседателство во Европската Унија, а?:pos2:
 
Шестмесечното претседателство со Советот на Европа ротира во ABCD-ен редослед. Ние го го преземаме претседателството од Швајцарија, а ќе го предадеме за шест месеци во 2010 на Турција.

Значи не сме ФИРОМ туку ТФИРОМ.
 
Ваљда The Former.. :kesa:

Ај честито за многу години.. сменато име, да сне живи и здрави, ќе претседаваме .. т.е. ќе ни диктираат што да кажуваме и ќе ни дадат план што да правиме.
 
Во сево ова со кратенкава не ми е јасно како тоа се нема ред. Некаде сме Macedonia The former blah blah blah; некаде започнува со „F“ некаде со „Т“ и на сето ова незнам зошто од наша страна не се инсистира, кога веќе се користи кратенкава да биде FY Republic of Maceodnia или FYR of Macedonia или Macedonia FYR. A НЕ, FYROM која e жива грчка глупост, од глупа кратенка да се направи име!

Ни посакувам успешно председавање и интензивно предтсавување на Македонија и апсурдните проблеми со соседите кои ги имаме. Секако ќе има доста европски дипломати кои ќе бидат почесто присутни во Македонија и ќе можат да се запознаат и искористат за лобирање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom