Контингент од 149 македонски војници на мировна мисијата ИСАФ во Авганистан

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Контингент на АРМ од составот на 2. механизирана пешадиска бригада (МПБР) денеска во касарната „Кузман Јосифовски - Питу“ во Тетово во присуство на претседателот на државата и Врховен командант на оружените сили, Ѓоге Иванов, замина во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.

vrakanje-irak-avgust-07_3636.jpg


Во осмата ротација на мировната мисија ИСАФ во која АРМ учествува со механизирана пешадиска чета, во Авганистан ќе заминат 149 припадници на 2. МПБР кои заедно со најстариот национален претставник и двајца штабни офицери ќе бидат распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул.

Претседателот Иванов по овој повод нагласи дека македонските мировници се во Авганистан со задача да им помогнат на граѓаните полесно да изградат демократска и слободна иднина.

- Република Македонија донесе одлука за учество во мисија во далечна земја свесна за нејзината сериозност. Но денешните ризици јасно покажуваат дека не постои изолирано и затворено место.

Македонија и самата била изложена на закани и знае да ја цени безбедноста и сигурноста. Затоа и се решивме во оваа мисија да дадеме исклучително значаен придонес споредено со нашата реална моќ и големина, рече Иванов.

Македонските војници своите обврски ќе ги извршуваат во рамките на контигентот на Армијата на Обединетото Кралство.

Припадниците на Втората механизирана пешадиска бригада - Леопарди во следните шест месеци ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул. Покрај ова тие ќе обезбедуваат и воени бази и објекти од витално значење за животот на населението во Авганистан.

- Ми претставува голема чест и одговорност да го предводам овој состав кој во текот на подготовките постигнаа високи резултати во обучувањето за извршување на задачи за поддршка на мирот. Постигнатите резултати и залагањето и посветеноста на работата ми дава за право да верувам во подготвеноста на припадниците на контигентот за извршување на задачите кои произлегуваат од поставената мировна мисија.
Подготвени сме да докажеме дека припадниците на оваа единица се рамноправни со своите колеги од другите армии кои моментално се во мисијата ИСАФ, рече командантот на контигентот, мајор Блажо Николовски.

Во мировната мисија ИСАФ во Авганистан, предводена од НАТО, македонската армија учествува од јуни 2006 година. Припадниците на АРМ за досегашното извршување на задачите од командата на ИСАФ добива највисоки оценки.

На денешната свеченост во тетовската касарна присуствуваа и началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Мирослав Стојановски, заменик - министерот за одбрана Емил Димитриев, како и други високи гости.

Извор: Сител ТВ

Нека се чуваат добро и да ни се вратат сите на број!
 
Аман во Авганистан имаме повеќе војници одколку што имаме во Македонија.
 
Процентуално т.е., во однос на наслението, Македонија е 4-та сила по воено присуство таму. Имепријалисти еми не!! Ами ако броеја во однос на големината на армијата пак? Ама едно е сигурно во секој случај придонесуваме многу повеќе одколку атинската армија. Тоа е убаво да се знае.

Што помалку работа да има за нашите момци и да се вратат живи и здрави.
 
Немаме девојки таму?

Инаку убаво е да се знае, но уште поубаво да (им) се кажува на сите на Западот кај кои тоа треба да значи нешто.
 
Има и девојки веќе неколку контингенти.И во медицинските и во редовните мисии. А инаку затоа и го напишав слободно спомнувајте им го на скапаниците од југ. Немате поим колку се револтираат припадници на некои НАТО армии кога ке го чујат овој податок, посебно оние чии земји се неколку пати помали од Атина, а имаат повеќе војска од нив и тоа редовно под борба како Данска на пример.
 
Напред Македонци покажете дека сме сепак мала НО СИЛНА држава.
 
Да се вратат здрави и живи и ептен досадно да им биде таму.
 
Има и девојки веќе неколку контингенти.И во медицинските и во редовните мисии. А инаку затоа и го напишав слободно спомнувајте им го на скапаниците од југ. Немате поим колку се револтираат припадници на некои НАТО армии кога ке го чујат овој податок, посебно оние чии земји се неколку пати помали од Атина, а имаат повеќе војска од нив и тоа редовно под борба како Данска на пример.

Примено. Ќе биде проследено во секоја прилика. Впрочем, тоа го прават некои наши амбасадори, но треба и секој од нас да поземеме медиумски/интернетски. Не се револтираат само малите земји, туку и некои големи, само треба умешно да им се кажува за да им пука филмот бидејќи немаат никакво фајде од јужниве. Навистина, човек и треба да ги запраша што добиваат од нив?!?
 
Да, да, и имајте предвид дека она што го праќаме е секогаш најдоброто што го имаме,значи почнувајќи од најдобрите луѓе (сите професионални војници и од активниот состав) па до најдобрата опрема што ја поседуваме.
 
Ај, нека се вратат како што пошле-здрави и живи!
 
Да даде Бог да си заработат убава паричка и да се вратат дома здрави, живи и поискусни.
Само едно не ми јасно. Што бараме во Централна Азија... Кои се нашите интереси таму? Не сме во НАТО, а праќаме војска како луди. Или им правиме услуга на другарчињата од US? А тие за нас? what have they done for us lately? И кај нас, ниту една организација, не дај боже партија, да каже, ооооп, стоп, пацифизам, ова-она...
 
Ајде Македонци гинете за дрогата на НАТО во Авганистан.

Ајде гратис помада за мачкање после тапшање по рамоооо.
2 купиш, 3 земеш.
 
Славјански да прегризеш јазик зашто до сега никој не умрел!!!И плус јас сум и наша база да направиме таму заедно со другите балкански држави ама економска криза фати плус НАТО ке се повлекува и за тоа господ нека ни ги чува таму и сите да се вратат дома здрави и живи!!!
 
Ајде Македонци гинете за дрогата на НАТО во Авганистан.

Ајде гратис помада за мачкање после тапшање по рамоооо.
2 купиш, 3 земеш.

:ija::zid::devil2::violent1: .... досега,НИЕДЕН Македонски војник,кој бил во мировна мисија не загинал!!! Фала богу,да чукнам во дрво, се надевам така и ке продолжат...:ija::zid::devil2::violent1:
 
Премногу сме заглавени во филмот НАТО и ЕУ, не е арно тоа.

Не дај боже некој да загине, бог нека биде со нив сите живи и здрави да ги врати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom