МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.442
Поени од реакции
8.644
Возраст
34


Не сакаме да се надеваме напразно, но сигурно дека ке и дадеме поен плус
на Македонската Телевизија по овој потег што го направи во новата година.
Засега најавија неколку реални шоуа и серии па видете за што се работи.


Од наредната недела на МТВ ке стартуваат нови американски реални шоуа:

The Moment of Truth
MOTlogo.jpg

Имавме можност македонската верзија да ја гледаме на телевизија А1, но поради тоа што
неизвесно е дали А1 ке продолжи да ја емитува, ова е одлична замена за тоа.
Од наредната недела погледнете ја американската верзија.


I WANT to WORK for DIDDY
i_want_to_work_for_diddy-show.jpg

Реално шоу кое што доаѓа од продукцијата на VH1,
се работи за натпреварувачи кои што се борат за работа со Шон Комбс -ДИДИ.


The Biggest Loser
BiggestLoserLogo.jpg

Уште едно реално шоу каде што задача на натпреварувачите е да изгубат
што повеќе тежина од нивното тело со што ке добијат добра парична награда.
Многу земји во светот ја имаат превземено лиценцата за ова шоу и сите си имаат
направено своја верзија, но во главно тематиката на ова шоу е секогаш иста.


Освен интересните шоуа МТВ засега најави и две серии од кои едната е документарна.


Life After People - Живот после луѓето
LifeAfterPeople_SC.jpg

Се работи за документарна серија која доаѓа од телевизискиот канал History Channel.
Премиерата ја доживеја во 2008 година на 21 Јануари.
Ја разработуваат интересната тематика за тоа што и како ке биде со земјата
ако некогаш се случи некаква несреќа во која што ке изумре целиот човечки род.


The Wire - Прислишкувачи
250px-The_Wire.jpg

Прислушкувачи е серија на HBO за која се снимени пет сезони.
Дејството на серијата е сместено во градот Балтимор, а секоја епизода се фокусира
на различен дел од градот. Екипата на Прислушкувачи најчесто ги истражува
секојдневните проблеми што може да ги има еден град како што се дрогата,
убиствата, уличниот криминал и слично.

Превземено од tvpaket.com.mk
 
alal da mu e na mtv
redno vreme bese i na niv da mu tekne nesto da kazuvaat na televizijata, barem da ima da gi opravdat parite sto mu gi plakjame:pos2:
 
Серијава има добра оценка би сакала да ја гледам, а и документаркава мож нема да е лоша ќе видиме.

Ама затоа не знам што им требале овие глупави шоуа.
Ги откупиле за ситни пари и ќе пополнуваат термин со безвезални работи. Mногу ми е гајле колку се искрени американциве. Уште американски милионер да откупат ај :tv:

Епа зимаат пари од луѓево, треба да ги искористат, за почеток ај доста е :pos:
 
Штовани публикуме. Од 5 „новости“, 3 реални шоуа (или шоуиња, како се викаат). Народ ќе гледа како народ открива контроверзни лични „вистини“ и ќе си го полни воајерометарот. Народ ќе гледа како народ се тепа за да работи со пимпачки негроиди и ќе сонува за гламурозната Америка. Народ ќе гледа народ како пробува да стане анорексичен (да изгубат што повеќе маса од себе what the holy f*$^k) и ќе си набива каучпотејтовски комплекси. Документарнава па 2 години стара е далеку од документарна програма, ништо пореална од Хари Потер. Ај да видиме жиците што ќе понудат.
 
На МТВ ќе се даваат и филмови од Дискавери, а инаку ќе се даваат и уште некои сериски филмови, засега знам дека ќе ги има „Невозможна вечера“ (не го знам оригиналниот наслов), како и „Слушачот“ (The Listener).

None.jpg
 
Супеееер !!!дај боже и веб сајтот да го сменат и тоа на емисиите да ги променат студијата ОДВРАТНИ СЕ
 
Не пребирајте сеа и вие, добро е што се праи некој напор да се иде напред. The Wire е добра серија, радо би гледал тоа него реалните шоуа на а1 и сител.
 
И ова е некојси успех за нив. Прават какви такви напори да се одржи во живот МТВ и треба да се цени тоа. Овие документарни серии и шоуа барем успешно ќе ги заменат бананамен, македонски народни приказни, були итн..мислам доста беше, ги научивме напамет. За The Listener имам слушнато добри работи, па то можи да се гледа. Исто имам гледано life after people..океј е, ќе успеат да те задржат пред тв важно. The Wire ќе видам шо чудо е и то е то, другото лично мене не ме интересира.
Се на се супер му тргна годината на мтв па ај да дочекаме уште многу нови работи од нив во ова година.
 
Оваа Listener гледам е добра серија. Се надевам ќе почнам неа да ја прикажуваат.
 
Life after people веќе се симнати преку торент... неможам да се надевам на МТВ еднаш неделно да ми пуштаат емисија која има еден куп епизоди.

Се останато горе долу се идиотски реални шоуа од типот на велики брат и немам намера да ме трујат или да ги гледам.

Арно ја обновија програмата, но им треба некоја иновација, а не нешто веќе видено.

п.с. видов дека го пренесуваат француското фудбалско првенство, незнам што се мачеле, Германското е далеку подобро + има и македонци кои што играат во германија. Можеа на тоа да се сетат....
 
Од сета понуда планирам да ја гледал серијата на HBO "The Wire" :pipi:

Како и да е, се потрудиле луѓето, бар малце :pos2::pos2:
 
btw што фајде да се пуштаат странски реални шоуа ? Место ние да правиме ние ќе едуцираме со странски? Па видете ХРТ дали пушта странски за све откупиле права и си прават нивни, имаше бајаги предходната година. Ај да кажеш да нема простор МТВ да ги направи да сватам али 50 катница со канцеларии и студија што им стојат џабе тие ќе емитуваат странски реални шоуа. Ај за сериски итн ок тоа може но барем филмови нови да стават па одма ќе им платам месечно :tv:. Вака сега како што иде мора да се извадат парите што ги земаа од фирмите за такса и дека бајаги луѓе се бунеа сега им текна програмата да ја прават подобра. Но само напред да се надеваме дека нема да биде више ептен владина телевизија од оноа плавине текстови, или црвени што траат по 10 минути стварно се досадни, ај што зимаат пари од буџет но дали на ХРТ или на РСТ сте вишле такво нешто, демек владата ова владата она текст со статична позадина што трае 5-10 минути, демек запишете се на факултет, гледајте ја словенија тие дури на 2 факултета се запишуваат, или за 3-4 дете амам, но има милион такви. Кога ќе престане власта да и кажува што да прави тогаш ќе просперира. Иначе многу разговор од моја страна. Среќни празници на сите.
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom