Кој маж/жена е забранет/а?

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Кои се нормите и ограничувањата кои си ги имате ставено во глава, за да си зацртате дека некој што ве привлекува, е забранет за вас? Со други зборови, се користи и „не е за мене“, во контекст да се објасни првичново.
Со каков/каква не би биле во врска или авантура затоа што ви е забранет/а?
 
Во животов само кола и девојка не давам на пријател, а и во најблиското друштво сме такви, по бивши не чепкаме, а ако чепкет тие по нас, се дистанцираме.

Друго, со наркоманка, лицемерка, лажофка и слични мити рабоќе, не би, ради принципи шо си ги имам во глата зацртано. Е сеа, сум летал порано со умот по секакви, ама од искуство се учит... ваљда.
 
Мразам мажи кои те гледаат како сексуален предмет.. Така да, тоа би било минус.
Ако збориме за први впечатоци зошто не би била со него, прво што не` привлекува е изгледот. Факт.
А за понатамошни продлабочувања во врската.. Ако не ми посветува доволно внимание, ме изневерува, љубоморен е на секакви ситници, ме напиња, досаден или пробува да ме контролира.. Било што што мене ми пречи, а не се труди да го промени само уште повеќе ќе го оддалечува од мене.
 
Моето ограничување:
- женет
- женет со деца
- роднина
Во секој останат случај, можам да бидам или да не бидам со некого заради некакви причини, но во нив не влегува забранетоста.
 
Ако сум во вреска-секој е забранет.
Пре да раскинам, ако веќе толку го посакувам овој другиов, отколку да го праам будала.

Кога не сум, сум си забранила на било кој начин да си ијаm работа со некој бивш/сегашен на другарка.
Ако некоја другарка ми кажала дека некој и се свиѓа-исто така не дирам таму.
И секој шо е зафатен.

- женет
- женет со деца

А има некоја разлика меѓу овие двајца?

Патем, родина не ми е ни во паметот како некој потенцјален, така шо неам потреба да го забранувам.
Јасно е тоа.
 
За авантура немам лимити :D Освен ако е грда уста да не ми се отварат, или дебела уста да не ми се отварат пак.
 
И пиво за второто.

он: наравно роднини и незнам -_- неам ваљда некое прецизно разграничување...да, освен грда

Абе сите жени се убај на свој начин, и со своја соодветна доза на алкохол како шо рече.Од бирач не бивало ебач.
 
Блиска роднина (пошто сега се ебат и втори братучеди ако е за тоа),ХИВ позитивна,заболена од некоја венерична болест,умоболна,малолетна под 16 години. Толку:smir:
 
И пиво за второто.

он: наравно роднини и незнам -_- неам ваљда некое прецизно разграничување...да, освен грда

Да, ова е потврдување дека машко со секоја би..
:icon_roll
 
Инаку, ајде да бидеме малку поопширни во излагањата. Еве, ќе ги образложам моите забранети мажи. Во суштина, забранетоста кај нив си ја стварам сама од некакви морални или што знам јас какви причини. Имено, ако е женет, најверојатно би бил со мене за секс или за да разбие монотоност. Со други зборови, ако не сум јас, ќе биде која било друга. Понатаму, стварно не би сакала да бидам соучесник во муките на некоја жена чијшто маж ја изневерувал. Е сега, кога ќе се спомне потомство и дека тој човек оставил зад себе своја крв и гени, тогаш дефинитивно, забраната се вградува во мене инерцијално, па не знам колку и да ме пали мажјакот. Отсекогаш ми се свиѓале постари, али едно е да ми се свиѓаат, а друго да имам нешто со нив. После, ова забранава за со роднина е знак на општествен калап на однесување. Едноставно се знае дека тоа не чини, како што не чини на пример да се убие човек.
 
А мора да е стрикно женет за да немаш мака со друга жена?
Шо е со тие што имаат девојки или вереници?
Шо е со дечковците на твои другарки или братучетки?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom