Нова економска криза во Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
Нова економска криза во Европа


Светот годинава го очекува благо економско подобрување, но и зголемување на стапката на невработеност која во ЕУ ќе достигне 10 проценти, најмногу по Втората светска војна - се вели во анализата на американскиот магазин „Њузвик“.

- Во членките на ЕУ околу 57 милиони луѓе ќе останат без работа, а во Шпанија, Ирска, Франција и во Полска стапката на невработеност ќе биде поголема од 10 отсто - пишува „Њузвик“ во анализата во која освен економските се вклучени и политичките фактори.

Американскиот магазин најавува преврат во Пакистан и во Венецуела, криза во Кина и во Европа, драстичен пад на вредноста на британската фунта, но економски раст на Бразил. Според „Њузвик“, Европа ја очекува нова криза, која ќе го зафати финансискиот сектор и ќе го забави растот на економијата на ЕУ. Најмногу би требало да настрада Британија, каде што ќе победат ториевците, а финансискиот крах на Островот ќе доведе до нова подлабока рецесија.

Во Авганистан се очекува подобрување на ситуацијата. Со мерките за заштитата на локалното население американските војници ќе ја добијат довербата на мештаните. Магазинот предвидува економски колапс на Кина, чиј пазар на недвижности, кој го одржуваат многубројни кредити, е крајно нестабилен. Нејзиното место во глобалната економија би требало да го заземе Бразил.

„Њузвик“ предвидува воен удар во Пакистан, бидејќи претседателот Асиф али Зардари не може да ги контролира владата и армијата. Слично сценарио се предвидува и за Венецуела, чиј претседател Уго Чавес ќе падне од власт поради хиперинфлацијата и рапидниот пораст на криминалот, појави кои ги предвидува „Њузвик“.

На Стариот континент, пак, му се заканува разгорување на верските насилства, кои во 2005 година кулминираа во сиромашните предградија на Париз. Сценариото би се пресликало во повеќе западноевропски земји, а бунт на муслиманите е можен и во Швајцарија, која забрани изградба на нови минариња.

- Иран ќе се соочи со меѓународни санкции, бидејќи режимот на Махмуд Ахмединеџад не е заинтересиран за преговори и за компромис - пишува магазинот кој годинава ја предвидува смртта на Фидел Кастро и подобрување на односите меѓу Куба и САД.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4217C240A1AEB44BA0C277863E8F3614
 
Се е тоа фино што Newsweek си прави листа на желби, ама во светската анализа им недостасува една држава. САД? Што ќе се случува таму? Плус колапс во Кина, колапс во Пакистан, колапс во Венецуела, проблеми во Иран, а подобрување на работите во Авганистан? Wishful thinking
 
Наместо Македонија да се доближува до ЕУ ова испаѓа дека ЕУ се доближува до Македонија.
Абе светот не е будала за иста работа да зема плата од 200 евра.
 
Новинари, медиуми, се обидуваат да го зголемат рејтингот....пишуваат се и сешто. :pop:
 
Какви медиуми.

Се намали просторот за пљачка на западните сили врз другите “пониски“ народи.
И останатиот свет почна да преизведува добра со многу пониски цени и помал стандард.

Неможе Европа да остане изолиран остров во сето тоа.
Треба да се прилагоди на светот, да го намали стандардот на своите граѓани ако сака да стане конкурентна.
Ако не, чорба Европа.
 
fino, ne sme vo EU a so godini sme vo kriza....znaci konecno se spustat na nase nivo:pos2:

and btw...
The budget deficit in Macedonia was 2.77% of the GDP, which is the second lowest budget deficit in Europe.

znaci namesto EU, ke naprajme MU

Makedonska Unija:vozbud::vozbud:
 
znaci konecno se spustat na nase nivo
Makedonija zdaj :)
Економска криза (ако се јави) најверојатно прво ќе осетат оние (за жал) лица кои се со нерешен статус во тие држави и дојденците од други не-еу држави. Заради тоа се и тие нереди на дојденците.
Многупати сум размислувал што ќе се случи со културната и цивилизирана европа ако тие живеат во македонски економски услови. Баш да доживеам еднаш да видам (доста не викаат нашиве што отишле да живеат таму заостанати, вукојебина, без култура...) па после раат да си...
Дали Шведска нема да се пуши по кафани :wink:
 
абе да дојдат на наше ниво нема шанси зошо нашево е најлошо таму сега им се движи просечната плата од 1000-1300 евра така да и да има пак криза еве да им се намали на 600-700 пак се многу подобри од нас а кај нас оваа просечна плата што се кажува по медиумиве нема везе со реалноста кој 300 евра ја стварно незнам кога еве сите што ги знам и што работат по фабрики продавници зимаат по 6000 денари освен администрацијата каде што повеќето работата им се состои од седење на мсн и фејсбук цел ден и со ногите на маса :kesa:
 
И да дојде Европа на наше ниво, за брзо време повторно ќе се крене, ги имаат сите работи потребни за враќање во нормалата, нашава криза е таа која нема да се опорави уште дооолго време.....
 
абе да дојдат на наше ниво нема шанси зошо нашево е најлошо таму сега им се движи просечната плата од 1000-1300 евра така да и да има пак криза еве да им се намали на 600-700 пак се многу подобри од нас а кај нас оваа просечна плата што се кажува по медиумиве нема везе со реалноста кој 300 евра ја стварно незнам кога еве сите што ги знам и што работат по фабрики продавници зимаат по 6000 денари освен администрацијата каде што повеќето работата им се состои од седење на мсн и фејсбук цел ден и со ногите на маса :kesa:


tipicno balkansko neumsko razmisluenje,

da u pravo si deka platata im e pogolema, no vo sptovino davackite im se pogolemi....

medaljata ima dve stranici, so turn it fuckin' around
 
Проблеми на банки во Португалија и Бугарија - се враќа ли кризата?
Секогаш кога во Европа некоја банка ќе западне во сериозни тешкотии, сеништето на кризата повторно крева глава. Дали е во прашање кревање паника или мора да се научиме трајно да живееме со тој Дамоклов меч над вратот?

повеќе овде
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom