Зашто го стимулираат? Можеби оти Македонија има висококвалитетен тутун... и заработката е неколку пати поголема од вложеното. Цена на чинење на една кутија цигари изнесува околу 10 денари, а кога ќе ја продадиш за 50-60 денари види ја заработката. Се прогнозира поскапување на цената на цигарите, па ете уште поголема заработка. Со тоа што ќе се намали бројот на пушачи во Македонија ќе се остави простор за поголем извоз и уште поголема заработка :smir:
Ако, не е лошо малце да се насмееме во новата година:pos2:.
Значи вака - ние во Македонија откривме дека цигарите се штетни (а западот појма нема за тоа, тоа ние го откривме во институтот во Мариово), па затоа ние ќе си произведуваме, продаваме ама нема да пушиме (не сме ние глупи западњаци нели, кај нас пушењето не е познато во историјата), и така ќе си умреме богати и здрави. Ај сега дај еден со Хасо и Мујо.
Шала на страна, ние закони не извезуваме, туку увезуваме, а притоа и лошо ги копираме. А ако твојата логика имаше бело видело, тоа ќе се направеше и со афионот пред 40-ина години.
Еве еден предлог на крај (мразам да се повторувам ама морам) до загрижените за нашето здравје:
дрогата штетна, цигарите штетни.
За производство, продажба и поседување на дрога - апсана.
Па нека биде и за цигарите исто, што викате? Ем ние поздрави (и во апс), ем вашите јакнички не мора да се перат секој месец, а и парфемите „ќе се осеќаат и по враќање од град„.:pos2::pos2::pos2: