Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
дали државата на тој газда ќе му плаќа дел од киријата,кога веќе донеле таков закон?еден пушач за една ноќ ќе излезе 6-7пати надвор по 10min тоа е од прилика 1h за една вечер тоа е еден пијалак помалку,дали вие како непушачи ќе испиете еден пијалак повеќе за да биде исто за газдата?јас мислам не,затоа што ќе ви фали тој персон за комуникација па сакале или не ќе излезете и вие надвор,единствено ако комуницирате со ѕидовите:toe:

Прво, пушач сум.
Второ, куро ме боли за газдата, зборам за вработениот.
Трето, шо ти е поентата?!?!
 
добро го спомна вработениот,до кога ќе биде вработен?кога ќе почне прометот да опаѓа знаеш што го чека,чист воздух колку ќе посака во изобилство..
 
Свесен си дека ова е чисто твоја субјективна мисконцепција шо ја лаеш вака само од нервоза.

Сигурно луѓето нема да се затворат дома зошто не можи да пушат. Па да ти кажам најискрено ако се намали гужвата петок и сабота навечер и плус да не биди зачадено во секој случај позитивно ќе ми се одрази.

И стварно не можам да замислам колку треба да си тажен во животот, за најголема сатисфакција кога излегуваш да ти е пушењето на цигара. Вакви деструктивни предвидувања за угостителите се производ на нервоза, а ако некој искрено си ја ограничи социјализацијата поради забраната за пушење, моментално треба да си побара психолошка дијагноза.
 
Цигарите не убиваат ама погледни ја сликата на што лошо влијаат :)

Marlboro_Smoking_Causes_Erectile_Dysfunction.jpg

so taa razlika shto na cigarive pochnaa da im lepat vakvi etiketi- a na alkoholot ne-
http://alcoholismintheus.files.wordpress.com/2009/04/cirrhosis1.jpg
 
Свесен си дека ова е чисто твоја субјективна мисконцепција шо ја лаеш вака само од нервоза.

Сигурно луѓето нема да се затворат дома зошто не можи да пушат. Па да ти кажам најискрено ако се намали гужвата петок и сабота навечер и плус да не биди зачадено во секој случај позитивно ќе ми се одрази.

И стварно не можам да замислам колку треба да си тажен во животот, за најголема сатисфакција кога излегуваш да ти е пушењето на цигара. Вакви деструктивни предвидувања за угостителите се производ на нервоза, а ако некој искрено си ја ограничи социјализацијата поради забраната за пушење, моментално треба да си побара психолошка дијагноза.
незнам каков си ти пушач но ќе дојде 1 јануар па ќе имаш време сам да видиш,тоа што јас пред 2 год сум го доживеал,значи пишувам од искуство...
 
Па сигурно дома нема со пакета цигари да се затворам, а сигурен сум дека и најстрасните пушачи нема да се лишат од забавен живот ради цигарите.
 
ајд да ги пуштиме и другиве малку:helou:
 
so taa razlika shto na cigarive pochnaa da im lepat vakvi etiketi- a na alkoholot ne-
http://alcoholismintheus.files.wordpress.com/2009/04/cirrhosis1.jpg
Од алкохолот на некои им врие крвта а штом крвта циркулира тогаш се зголемува и потенцијата па натаму вие замислете си што следува :smir:.
Од алкохолот ти гори џигерот или како што велат кај нас во Струмица дека од мастиката не се старее, млад се умира :vozbud::pos2:

дали ова важи и за жените?:pos2:
Само ако имаат некоја тапа таму доле инаку во никој друг случај тоа не важи?!:uvo:
 
Nikoj ne zabranuva da se pusi samo sto toj saka da pusi ke mora da izleze nadvor i koga ke zavrsi moze slobodno da se vrati da prodolzi da jade, mnogu luge odat vo restorant da jadat a ne da si ja mamirisaat oblekata so tutun.

Е сега, тета Ацева тебе ќе ти објасни (а и на останатите чистунци) како ќе изгледа животот после први јануари:
1. Алиштенцата нема да ви мирисаат на цигари, ама ќе мирисаат на знојче и лукче, а богами и на скаричка, зависи каде милувате да се нахраните, што значи дека пак ќе морате да ги заперете, од време на време.
2. Јас, како уживател на животот и се што сум решила дека ми е уживање, нема да влегувам и излегувам од никаде каде што е топло и каде што ми е фино и да настинувам, затоа што не сакам да го оптеретувам додатно нашиот ценет Фонд за здравство.
3. Точката два значи дека воопшто нема да ги посетувам услужните објекти, затоа што не влегувам во нив да се најдам туку да се видам со драги луѓе и да потрошам квалитетно време и квалитетна сума пари. Ако не ми е убаво, односно ако ме ставаат од другата страна на Законот со тоа што ми е убаво, јас ќе ги тошам моите пари на други места.
4. Најгруба пресметка е дека јас (само јас) трошам годишно околу 5000 евра по кафани и околу 2000 евра за цигари.
5. Со мојата одлука под точка 3, во моментов остануваат двајца вработени од услужните дејности без годишна бруто плата.

Дали треба да резимирам или сам ќе си го извлечеш заклучокот. Намерно не ставив прашалник на крај.
 
марихуаната

Кого, па кутрата марихуана убила, Лурц?

Сега е најпогодниот момент за легализирање на травата. Само кога е помислам колку пари може владата да накачи во буџетот од оданочувањето на таквиот бизнис...ух ух ух...За 300% ќе рипне плата на администрација, и пак ќе има за крадење. И за инвестиции. И за коцката на Коце. Море за све!
 
За мене позитивноста на овој закон, ако воопшто заживее во пракса, е тоа што ќе заштедам пари на кафани и сл. угостителски објекти.
Сум решил да пушам, ќе си пушам, и тоа никој нема да ми го забрани...
Во ред, го забраниле тоа во кафана, ОК, ќе си седам дома и ќе си пушам. Готово, решена работа!
 
Е сега, тета Ацева тебе ќе ти објасни (а и на останатите чистунци) како ќе изгледа животот после први јануари:
1. Алиштенцата нема да ви мирисаат на цигари, ама ќе мирисаат на знојче и лукче, а богами и на скаричка, зависи каде милувате да се нахраните, што значи дека пак ќе морате да ги заперете, од време на време.
2. Јас, како уживател на животот и се што сум решила дека ми е уживање, нема да влегувам и излегувам од никаде каде што е топло и каде што ми е фино и да настинувам, затоа што не сакам да го оптеретувам додатно нашиот ценет Фонд за здравство.
3. Точката два значи дека воопшто нема да ги посетувам услужните објекти, затоа што не влегувам во нив да се најдам туку да се видам со драги луѓе и да потрошам квалитетно време и квалитетна сума пари. Ако не ми е убаво, односно ако ме ставаат од другата страна на Законот со тоа што ми е убаво, јас ќе ги тошам моите пари на други места.
4. Најгруба пресметка е дека јас (само јас) трошам годишно околу 5000 евра по кафани и околу 2000 евра за цигари.
5. Со мојата одлука под точка 3, во моментов остануваат двајца вработени од услужните дејности без годишна бруто плата.

Дали треба да резимирам или сам ќе си го извлечеш заклучокот. Намерно не ставив прашалник на крај.
АЦЕВА!!!!?????:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom