Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Не бе кооператива, тој закон е за да се заштитат и пушачите односно целта е да се намали пушењето, затоа од тие причини кутија цигари во Франција чини 8 евра, има казни за пушење на јавни места каде што државата стопанисува од причина што не може некој да те казни дома зошто така би се прекршило твоето демократското право.
Инаку да споменам дека ми фали @Toecutter во дискусијава. :D
ама јас и другите ко мене НЕ сакаме да бидеме заштитени на тој начин. уствари јас не сакам да бидам заштитен на никаков начин кога се работи за цигари. но дискриминиран сум и ја немам таа опција да бидам свој
тоа со 8 евра, .. претходно јас спомнав дека во норвешка е 10, па што.нека биде и 50 ако сака, но јас да имам право да ја искористам наместо наменето само за мене(пушачи)
не ми е јасно зошто да не е дозволено тоа, еве, не викам и не се бунам за во државни канцеларии, болници, училишта и сл, али за кафичи за пушачи е нешто што треба да го имаме за да можеме и ние да бидеме на раат.
--- надополнето: 15 ноември 2013 во 08:07 ---
Е тука си се зезнал :D Цело време сум на твоја страна, ама сега...





:pos::pos::pos:
гледаш коклу интересен момент долови, како сите активисти за против пушењето ги прескокнуваат сите други аргументи и се фокусираат на тоа дека требало да сме одметници :tapp:
 
Се смее затоа што нема таква реклама а идеите од Ебиветерот само ја потврдија мојата теорија дека во тинејџерството симпатиите на непушачите што се тресеа и покоруваа на мама и тато им ги клецаа пушачите - женскио фактор, обид да се искористи женскиот фактор за цигарите да престанат да бидат awesome and kewl, јебига, данас жене бирају :icon_lol:

П.С. Наместо измени ќе кликнев пријави, од Вранецот е, а и чадов од цигарава ми засмета:icon_lol:
Нејсе, Вертер е пушач кој го поздравува законот, ај Куме у педесет марака на наредните избори кој број ќе го заокружи. И молимте немој оно - мнооого је ;)

Можеби требаше да напишам дали би и поверувал на таа реклама и дали би наседнал на таква реклама но искрено рака на срце повеќе неврони потрошив замислувајки ја сцената од Елена со полураспетлано деколте како зборува на моблен. Јбг да не беа цигарите сигурно ке имав некој неврон вишок и немаше да направам таква грешка. Ах тие цигари :)
И кога сме кај рекламите јас пропушив ради овој лик
images

но денес чудно се трансформира во овој
dejardefumar.jpg

Штета да ја сменеја порано наместо да пушев ке пасев трева;)
 
Ја заболе Владата за здравјето на граѓаните!
У Скопје воздухот е отровен, продаваат грозје со отрови, јадевме радиоактивна пченица, па цигарите биле проблем! :pos:

Законот е донесен не оти знае некој што прави, него слушнале дека така прават и другите, па ајде и ние.

Не сум пушач, ама ако ве изолираат во Мариово, јас тајно ќе ви носам цигари, како Трајче дрварчето. (y)
 
Ја заболе Владата за здравјето на граѓаните!
У Скопје воздухот е отровен, продаваат грозје со отрови, јадевме радиоактивна пченица, па цигарите биле проблем! :pos:

Законот е донесен не оти знае некој што прави, него слушнале дека така прават и другите, па ајде и ние.

Не сум пушач, ама ако ве изолираат во Мариово, јас тајно ќе ви носам цигари, како Трајче дрварчето. (y)

Незнам дали воопшто некој е информиран дека има протести за зачувување на Водно, каде планинарите застаа во одбрана на она што остана од Водно.

Каде владини претставници како директорот на АЕК кој ќе прави ресторант покрај столбовите кои баш таму треба да се изградат жолчно се борат на фејсбук да ги омаловажат и политички да ги етикираат вистинските љубители на природата.

Ги заболе нив за здравјето на народот, како и се кај нас слушнале нешто, но не го разбрале, па го спроведуваат. Краставиците ни се заразни ни се заканува забрана на извоз.

Али кој тоа го интересира...

Туку најискрено јас како пушач сфатив дека не треба да ве загадувам и вас. Само би сакала да не ме третираат како најголем криминалец, туку да ми остават место за пушење, каде ќе можам слободно да се трујам и смрдам на пепељара.
 
Незнам дали воопшто некој е информиран дека има протести за зачувување на Водно, каде планинарите застаа во одбрана на она што остана од Водно.

Да, на ова обавезно се иде.
 
Што беше причината да не може да се извршат измени во законот, и за одредена сума некој да може да купи лиценца за локал во којшто ќе може да се пуши?
Демек народот ќе се залетал во тие локали и нема никој да доаѓа во непушачките локали и следствено на тоа непушачите ќе немаат достап до пиче? :icon_lol:

И според оваа логика, пушачите се себични и инаетливи?
 
Кои промени се предлагаат со новиот закон некој да ме информира?
 
Кои промени се предлагаат со новиот закон некој да ме информира?

Од @ми се може, на 200-та страна:


СИТЕ ИНСПЕКТОРИ И ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ КАЗНУВААТ ЗА ПУШЕЊЕ НА ЗАБРАНЕТО МЕСТО

pusenje1.jpg

Со измените на Законот за заштита од пушењето се предвидува инспектори на речиси сите државни служби како и полицајци да можат да казнуваат луѓе доколку пушат на места на кои е тоа забрането. Според опозицијата, станува збор за законски измени чија цел не е намалување на бројот на лица кои го имаат овој порок, туку полнење на испразнеетиот буџет. Министерот за здравство тоа го негираше, рече дека отсега луѓето повеќе ќе внимаваат да не бидат казнети.

Та-дам...:)
 
Е добро де, ништо ново... Само кој ќе ги казни џандарите што пушат во Мавровка?...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom