Хостеса се "повози" низ Саем и уништи скапи автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата ВМРО
  • Време на започнување Време на започнување
Uf kolku samo se sramam deka sum zensko ponekogash ..( Dolphin gledash sramam bez T *)
 
Јака и уста и остало на момава кој знае колку прекувремена работа ќе и треба да ја отплати штетата.
 
На саемот за автомобили кој завршува денеска, се фати голем сеир. Една од хостесите на Mercedes, во една од колите, се провозе низ пола хала и удри во BMW!


Истиот ден, кога идниот газда си го капарисал експонатот - кабриото на Mercedes, малце подоцна низ Скопскиот саем, хостесата направи хорор со него.

И покрај тоа што веќе автомобилот бил купен, и од идниот газда имало молба до хостесите повеќе да го пазат купето, се случи баш спротивното.

Хостесата се "потепала" на друг муштерија да му презентира како се отвара кабриото, наместо контакт го запалила, несакајќи бутнала во DRIVE, и вожњата почнала.

Со врискање се провозела низ пола хала, поддигнала посетител што и се нашол на пат, и завршила во штандот на конкурентското BMW.

По излагањето, нормално паднала во несвест, а вработените на штандовите си ги проценувале штетите додека посетителите си фаќиле сеир.







:je: Sum bila vo centar na vnimanie :je:
 
Не ми е јасно како успеала да ја запали,па да тргне со колата,и на крај да се акне во BMW-то.Уметност за некој кој незнае да вози.
 
АААА Аутоматик триптроник не е тешко! Само вози! Стално е во прва освен ако не го ставиш во N шо му доаѓа ко лер. На мала гас е постојано, нормално дека ќе си вози
 
Dimitarc напиша:
АААА Аутоматик триптроник не е тешко! Само вози! Стално е во прва освен ако не го ставиш во N шо му доаѓа ко лер. На мала гас е постојано, нормално дека ќе си вози
По оваа дефиниција, чим колата не мрдала, значи била во Н.
Како ондак успеала да ја стави во Д?:)
Или сеништа и помогнале?
 
Од кај знаеме дека не мрдала. Имаат аутоматски рачни, може да ти биде во д од почеток, така да ја оставиле кога ги паркирале. Башка не знае да вози, башка со притискање на едно копче се префрла. Не го обвинувајте девојчето за ништо
 
Dimitarc напиша:
Од кај знаеме дека не мрдала. Имаат аутоматски рачни, може да ти биде во д од почеток, така да ја оставиле кога ги паркирале. Башка не знае да вози, башка со притискање на едно копче се префрла. Не го обвинувајте девојчето за ништо
Ти како да го знаеш ова девојче што толку ја браниш, а?:)
Него, и да била под рачна, мора барем рачната да ја средила, за да се мрда колата, нели?

Не ја обвинувам јас за ништо, не е моја кола, туку чудно ми звучи.
Како оние реклами на кои што колите сами одат. :)
 
Па затоа ја спомнав ручната! Аутоматска е, дадеш гас и се спушта, тргне колата нанапред или наназат без гас се затега и не вози. Да, мерцедес, бемве, хјундаи соната, пежо 407, 607 и натака сами возат. Тие што се со триптроници барем.
 
Prezemeno od dnevnik:


Мојата навремена интервенција го спаси син ми од газење на здивениот "мерцедес", тврди д-р Дејан Сарчевски, во врска со инцидентот на Саемот за автомобили во Скопје. Една од хостесите по грешка го стартувала изложениот "мерцедес", кој се залетал во спротивниот крај на халата и патем "ги собрал" д-р Сарчевски и син му, кои случајно му се нашле на патот.

- Го видов залетаниот во нас "мерцедес". Прво мислев дека ќе се препаркира. Но веднаш потоа сфатив дека сме во неволја, откако го видов вџашеното лице на хостесата што беше зад воланот, а возилото одеше кон нас. Во делче од секундата реагирав, оттурнувајќи го син ми, кој беше на линијата на движењето на автомобилот. Да не го сторев тоа, син ми ќе беше смачкан. Мене сепак ме поткачи. Бев приклештен помеѓу "мерцедесот" и едно возило "бмв", кое пред тоа го разгледував со син ми. Се најдов под автомобилот и мислев "ова ми е крајот" - раскажува видно потресениот татко.

Откако "мерцедесот" удрил во параван-ѕидовите од гипс во близината, тие паднале врз д-р Сарчевски (39) и неговиот шестгодишен син, поклопувајќи ги и придонесувајќи за општата конфузија.

- Ме згрози тоа што никој од луѓето од штандот на "Мерцедес" не ни дојде на помош, иако беше очигледно дека сме во неволја.

- Наместо тоа, сите побрзаа да и помогнат на хостесата, која, нели, била видно потресена, затоа што по грешка го стартувала возилото - вели д-р Сарчевски.

На помош, како што вели нашиот соговорник, дошле луѓето од соседниот штанд на БМВ, кои им помогнале во првите моменти. Потоа се појавил еден човек од "Мерцедес", кој се интересирал за состојбата на таткото и на синот.

- Човекот од "Мерцедес" ми се извини, ми зеде податоци и рече дека ќе ми се јават за да прашаат како сме. Јас побарав одговорност од него и тој вети дека ќе контактираме. Но, досега никој не се јавил - вели д-р Сарчевски.

Д-р Сарчевски претрпел блага контузија на нозете, а неговото дете, за среќа, немало физички повреди, но имало кошмарна ноќ.

Инцидентот се случи завчера, кога хостеса, сакајќи да му покаже на муштерија како работи покривот на "мерцедес ЦЛК", не сакајќи го стартувала возилото, по што тоа се залетало низ халата и удрило во штандот на БМВ, кој бил делумно уништен. И автомобилот претрпел штета од судирот. :ija:
 
А мури КИКИКИ, не те бива за убивање луѓе. Твојата жртва проговори.
Следниот пат смирено гледај го неприателот, НИКАКО ВЏАШЕНО :pos: :pos: :pos:

Среќа таткото што бил присебен, инаку ке наебел малиот.
 
Tonchie напиша:
А мури КИКИКИ, не те бива за убивање луѓе. Твојата жртва проговори.
Следниот пат смирено гледај го неприателот, НИКАКО ВЏАШЕНО :pos: :pos: :pos:

Среќа таткото што бил присебен, инаку ке наебел малиот.



Ne sum vinovna me namestija
:kez:
 
Ам постои кочница, зато ја измислиле :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom