Македонија, земја на информатичари, „.gov.mk“ сајтови хакнати.

  • Креатор на темата Креатор на темата SkyDriver
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Па знам зошто, бидејќи немаш појма ништо во врска со хакирање.Ти како прво незнаеш да кракнеш MD5 хаш линк.Ајде назад во темата.
Друже како в е МД5 Хаш линк? Да не мислеше на виножито пробивање на лозинки? Или пак правење на дупликат МД5 со различни влезни податоци?

Еве уште една новост... нека им е аирлија. :)
Ова од вчера е? Оти сега изгледа се во ред со Точка.ком.мк.
 
Ова од вчера е? Оти сега изгледа се во ред со Точка.ком.мк.

Незнам точно кога било, али како што разбрав тоа се десило вчера вечерта околу 21h и сајтот бил прилично брзо вратен во нормала. :toe:
 
Незнам точно кога било, али како што разбрав тоа се десило вчера вечерта околу 21h и сајтот бил прилично брзо вратен во нормала. :toe:


Па ако си има администратор онлајн тоа се решава многу брзо, ама овие од владава можеби ги проверуваат страниве еднаш на 10 месеци или ко ќе слушнат на вести тогаш :smee:
 
MD5 хаш, најверојатно може да се кракира мануално, ако го знајш алгоритмот како оче наш.Иначе има програмче, има многу начини да се хакира, напад на речник е најфункционален ако имаш World Lista од 5.5МB.
 
Назад на темата.

Ова не беше џумла?

Да, џумла беше и уште е ... готово кај и да е ќе ме хакнат и мене и после ќе ги имаат сите тајни на кајганава :pos2::kesa:
 
Да, џумла беше и уште е ... готово кај и да е ќе ме хакнат и мене и после ќе ги имаат сите тајни на кајганава :pos2::kesa:

Ако ме држи добро сеќавањето, мислам дека пред една година, овој период некаде и кајгана беше дефајсирана во божиќна честитка. :)
 
ахахах Чак Норис.Не го лажи детето бре.ЛАЗО ДЛГИО го права тва.
 
Ако ме држи добро сеќавањето, мислам дека пред една година, овој период некаде и кајгана беше дефајсирана во божиќна честитка. :)
Ноуп, али успеаа да стават бугарско знаме на почетната страна на форумот некои 2-3 минути :)

Башка, да се разбереме, нема сајт што не е ранлив.
 
Башка, да се разбереме, нема сајт што не е ранлив.

Тоа да, меѓутоа поентата со темава ми беше тоа што еве за пример ќе те земам тебе, го одржуваш сајтот/форумот без разлика дали лично ти, дали плаќаш луѓе или нешто сосем трето, битно кајгана е здрава и жива, а што се случува на тој план со „.gov.mk“ сајтовите ?
Имаат ли воопшто администратори или некој им инсталирал CMS, им покажал како се додава/брише статија и терај...

Некој нублер кој има познавање од SQL и основни хакерски техники ако им го намерачи ќе ги поебе сите „gov.mk“ сајтови и тоа со експлоити објавени уште 2008ма.

Можда не ни треба воопшто да се замарам со тоа, али ептен ме иритира сето тоа па затоа се решив да отворам ваква тема, можда ќе се избаци некој владин администратор. :vozbud:
 
Епа тоа е поентата, се презентира земја на информатичари во која секоја будала со основно познавање на некои техники може да хакне владин сајт. Тоа ти е нешто како тренинг, да се покаже дека имаме потенцијал меѓу граѓаните::)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom