Производство на био-дизел

  • Креатор на темата Креатор на темата albert
  • Време на започнување Време на започнување
15.05.2006 Хрватска од денеска започна со производство на биодизел гориво, а Малезија соопшти дека го воведува во јавниот транспорт.
Хрватскиот биодизел започна да се произведува во приватен комплекс во Озлуј со капацитет од 30.000 тони годишно. Првите количества се наменети за извоз во Австрија и Италија, но наскоро треба да почне да се употребува во јавниот транспорт во Загреб.
Биодизелот се прави од отпадно масло за јадење, од масло за јадење од репка, од соја, од сончоглед, од пченка и од палма. Хрватските експерти проценуваат дека е посебно важно што биодизелот може да се произведе и од отпадно масло за јадење при подготовките на храна во хотели, болници, училишта и слично, бидејќи на тој начин ќе се заштитат и реките кои се загадуваат преку канализацијата.
Истовремено, Малезија соопшти дека од денеска го воведува биогоривото во дел од својот патнички транспорт, со намера тоа да го стори целосно.
Биогоривото како замена за дизелот почнаа да го користат јавните автобуси во источниот малезиски крак Саравак.
Малезијците биогоривото го произведуваат од основата на маслото добиено од палми, а воведувањето во јавна употреба е извршено откако како успешен се покажа претходно спроведениот експеримент на властите, во кои учествуваа автомобили и други возила во сопственост на државните структури.
„По извршената анализа на моторите по четири неделна пробна работа на биодизел, не е констатиран ниту еден случај на дефект, а мерењата на содржината на издувните гасови покажуваат значително пониски вредности на штетни материи од класичното гориво, изјави малезискиот министер што беше одговорен за проектот.
Производството и употребата на биогоривото како идно еколошко гориво, е обврска на земјите членки на ЕУ, но и на земјите со статус кандидат, како што се Хрватска и Македонија.
Според европските директиви, до 2005 година земјите членки и кандидатите требаше да воведат во употреба биогорива барем два отсто од вкупната потрошувачка на годишно ниво, а до 2010 тој процент да порасне на 5,75%.
До 2020 во еврозоната биогоривата треба да бидат застапени со најмалку 20% од вкупниот обем на горива.
Некои земји како Австрија на пример, уште од 1994 го воведуваат постепено биодизелот во јавниот превоз. Денес, во Грац сите 140 автобуси на јавниот транспорт се движат со помош на биодизел.
 
О тротоарке, зарем почна и македонски новини да читаш? :)

Немој така, врати се на Toronto Star, не дозволувај да те лажат комунистиве. :)
 
Andronik "не дозволувај да те лажат комунистиве."

Mene ne me LAZAT tebe te lazat a partiski ne sum nastroena tuku me interesira IDNINATA na Makedonija i nejzinata ekonomija za da ima SLEPCI kako tebe da rabotaat za da donesat doma Korka leb.....

Made in Macedonia
 
Био дизел можат лесно да произведат земји кои имаат суфицит од призводство на маслодајни растенија. Хрватска во Славонија призведува огромни количества на сончоглед, додека Малезија имаше огромен проблем со вишокот од масло од маслодајна палма така да единствено решение за тој проблем беше владата да помогне при создавање капацитети за негова преработка во био дизел гориво.
 
НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСKО ПОТЕKЛО

ВНАТРЕШНИТЕ ОРГАНИ И КОСКИТЕ ЗА КУЧЕШКА ХРАНА, ОСТАТОКОТ ЗА БИОГАС

747284EDCADBE54397DC80CEE0C1B2C6.jpg


Роговите, копитата, кожите, влакната и внатрешните органи што остануваат по колењето на животното, кои досега генерално завршуваа во депонија, отсега ќе можат да се користат за производство на храна за кучиња, но и за добивање биогас или компост, е предвидено во измените на Законот за нуспроизводите. Досега секоја од кланиците од остатоците од животинско потекло мораше да има склучено договор со комуналното претпријатие во градот, кое понатаму во уништувањето на остатоците од животинско потекло постапува според законот. Меѓутоа често тие завршуваа на отворено, покрај реки или на диви депонии.

Kланичарите, преработувачите на млеко и месо едвај чекаат да се ослободат од сметот. Велат дека итно ќе склучат договори со компаниите заинтересирани за нивно преземање.

Наместо во ѓубре - во преработка

- Законот е одличен и конечно се решава оваа проблематика. Во светот од остатоците при колење се произведува с` и сешто - од желатин до скапи козметички препарати, кремови за подмладување и што ли уште не. Kај нас с` завршува во депонија. Досега секоја од кланиците мораше да има склучено договор со комуналното претпријатие во градот. Сега ако некој ни понуди, ќе склучиме договор за користење на остатоците за производство на храна за кучиња, биогас или компост. Подобро е да се искористи отколку да се фрли - вели Љупчо Kостовски од „Интернационал фуд базар“. Според него, сега суровите кожи од кланиците се најчест и најбаран нуспроизвод од животинско потекло како суровина во кожарската индустрија. Другите што остануваат при колењето ги преземаат јавните комунални претпријатија и ги носат во депониите.

Влатко Најдовски, директор на Битолската млекарница, е исто така со позитивно мислење за целата работа.

- Ние сме компанија со висока еколошка свест. Законот е одличен, позитивно гледаме на него и сметам дека за кратко време ќе се спроведе - вели Најдовски.

Според законот, кланиците мора да исполнат одредени барања за безбедно ракување со нуспроизводите. Прва е хигиената на просториите наменети за нивно складирање и заштита од штетници, како и хигиена и дезинфекција на опремата што се употребува. Исто така, мора да се води и евиденција и да се врши обука на персоналот. Секоја кланица мора да има посебни простории за складирање на нуспроизводите обезбедени со технички средства за одржување на хигиената и спречување на контаминацијата на месото наменето за исхрана на луѓето, правилно обележани и непропустливи контејнери за категоризација и привремено складирање, соодветни транспортни контејнери за отстранување и обезбедување сигурна локација за нивно нештетно уништување, односно депонирање.

И за остатоците е потребен сертификат

Со измените на законот Агенцијата за храна е таа што ќе издава одобрение за операторите и за објектите за преработка на нуспроизводите од животинско потекло со стандардните методи на обработка или со алтернативни методи на обработка, печки и инсталации за горење или согорување деривати на нуспроизводи од животинско потекло како гориво и производство на храна за домашни миленици. Исто така, од таму ќе може да се земе и дозвола ако некој сака да произведува органско ѓубриво и подобрувачи на почвата, за трансформација на нуспроизводите во биогас и компост, како и за складиштен простор за ракување и складирање нуспроизводи од животинско потекло по нивното собирање и складирање на нивните деривати.

Валентина Ангеловска

ЗА КЛАНИЦИТЕ СПАС, ЗА БИОГАСНИТЕ ЦЕНТРАЛИ - СУРОВИНА

Во тетовското село Требош веќе е изградена првата биогасна централа во Македонија. Kамен-темелник за ваква централа е поставен и во Kичево, а покрај нив решенија за привремен статус на повластен производител имаат и три централи во пелагонискиот регион, од кои две со капацитет од околу 2 мегаватиа и една од 1 мегават. Тие ќе бидат лоцирани во Новаци, Радобор и Петилеб и се инвестиција на ЗK „Пелагонија“. Се очекува овие централи, освен што ќе го користат отпадот од фармите на инвеститорите, да ги „исчистат“ полошкиот и пелагонискиот регион од различен отпад од животинско, но и од растително потекло



KОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ СО ОСТАТОЦИ ОД ЖИВОТНИ

Најголем дел од козметичките препарати се добиваат од остатоци од животни. Ланолинот се добива од лојните жлезди на овците. Освен во кремовите, го има во регенератори за коса, производи за нега на кожа и во руменила. Плацентата од новородени животни ја има во хидрантните кремови, лосионите за тело, шампоните, производите за нега на коса. Сомелените коски од животни обично се користат во пастите за заби, а служат за полирање и како додаток за калциум. Kармин е црвениот пигмент што се добива со дробење илјадници женски инсекти.

Желатинот е протеин што се добива со варење кожа во вода, лигаменти на коски, жили и тетиви од крави и свињи. Го има во шампони, маски за лице, производи за нокти, витамини и прехранбени производи.

Лој е животинска маст од говедо, овца, свиња и од други животни. Се добива со варење заклани или убиени животни с` додека не се добијат масти. Најчесто е дел од сапуните, прехранбените состојки и од производите што ветуваат мазна кожа. Kератинот се добива од сите остатоци од животните, како нокти, рогови, копита, пердуви и влакна. Инаку, е присутен во производите за нега на коса и кожа.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=0418BEB01A119640A947923906B1E164
 
..има еден проблем , проба ј да собереш КОЛИЧИНИ.., ако покажеш интерес одма цената се катапултира во небо. Според законот оној кој ствара отпад , треба и да плати за да биде истиот отстранет., но тоа досега не бил никогаш случај. Кога никој не го сака ...се расфрлува наоколу , сега само ќе му рипне цена, штом може да се бута у "кучешка ' храна или да се добива "енергија".;)
Треба овде голема активност на инспекциите, ако остане на " високата еколошка свест на компаниите" нема ништо од тоа.
Битна работа е што ВИСТИНСКИТЕ инсталации за вакво процесирање, кои гарантираат безбедност , се астрономски скапи.
Секоја друга комбинација која некој ќе проба да ја протне како рог за копито е голема шанса за разноразни скриена опасности. Од непријатни мириси, канцерогени гасови до директа зараза.
А често никој појма нема за тој дел на проблемот , еве како на пример во случајот на добивање гориво од стари автомобилски гуми:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom