Зелен чај - за што се е добар?

  • Креатор на темата Креатор на темата SmokeTooMuch
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам колку е ова за тука,али ајде да прашам пошо е за истиот чај.Изглеа не е добар за секого. си купив вчера демек да пробам да пијам,и сабајлево го напрајв,на гладно срце,ниш немав јадено.и негде на повеќе од пола чаша почна да ми се лоши,т.е да ми се гади.саат време се мачев, и на крај гушкав шоља у купатило.после то одма ми олесна,ко нов бев.никад претходно не сум пиел ваков чај али си пијам редовно други чаеви.и со ниеден чај или храна сум немал ваков проблем.
му се десило на некој ова?

Што и да ти се десило не ми се верува дека е од чајот. Освен ако не си претерал со количината, и потоа не си го оставил многу долго да се кисне (или полошо да се вари, ставен чајот уште на старт во ладна вода). Зелениот чај е богат со кофеин, кога е направен многу јак и кофеин има повеќе.

Ова горе е малку веројатно, но еве што може да се случи. Јас скоро воопшто не пијам кафе, и не сум навикнат на големи дози кофеин. Кога ќе испијам неколку шољи зелен (или црн/бел) чај една по друго (што многу ретко се дешава), тогаш имам исти последици како од шоља јако кафе: блага тахикардија (повремено забрзано чукање на срцето), чувство на тежина во горниот дел од градите, и генерално анксиозност (нервоза).

Кажи каков чај правеше, кој бренд, која количина стави, во колку вода, колку време го остави...?
 
Исто, затоа избегавам кафе, т.е. воопшто не го конзумирам.
 
Јас не пијам кафе и не пушам цигари веќе 2 години.исто и газирани пијалоци избегавам(кока кола и пепси поготово),така да немам внес на кофеин воопшто.сигурен сум дека е чајот затоа што го имав пиено само него а и првпат го пијам.иначе нормална шоља(mug) за чај со една кесичка и одма го пиев од коа го направив,алба е брендот,италијански.брендов е иначе катастрофа,али тука кај што сум моментално тешко се наоѓа нешто подобро.али со другиве цаеви од истиот бренд као хибискус или камилица сум немал никаков проблем.
малку ми е глупо ова да кажувам али ‘гушкањено‘ на шољата у купатило беше само вода уствари,значи мора да е од чајот,поготово што почна да ми се гади додека го пиев,и додека не повратив цело време ми беше тешко.
 
каде да најдам Липтон чаеви(зелен, Е.Греј, улонг) во Битола некој да не знае?
 
Веќе подолго време пијам зелен чај (2-3 години), дневно по 2-3 чаши (се разбира се случува некој ден и да не се напијам ама ретко). Кафето не дека нешто некад ептен сум го пиел ама сега од кога почнав да пијам зелен чај уопште не ми ни текнува кафе да се напијам. Многу подобро се осеќам од кога почнав да пијам зелен чај, буквално го употребувам за се, дали пред учење, пред вежбање, сабајлечки, кога сум настинат... Дури кога сум мамурен ако сум заглавил некоја вечер со малце повеќе алкохол ми помага утредента во мамурлакот. Купувам скоро секаков не обрнувам многу внимание, дури некад коа немам ништо во близина го зимам оној од КАМ милса ми се чини. Нормално гледам почесто да пијам рефус. Највеќе ми се свиѓа од виталиа зелениот чај со лимон и ѓумбир. Читајќи претходниве страни малце ме замисливте со пестициди и слични работи, ако може некој што повеќе се разбира во Македонија (поточно Скопје) кои чаеви (брендови) да ги избегнувам,а кои би ми ги препорачале???
 
Дали можам да пијам зелен чај ако имам низок крвен притисок?
 
Абе он се надеваше дека некој писмен, ќе му одговори на прашањето..

Badzo95 не сум слушнал дека зелен чај влијае на притисокот. Главна особина му е дека богат со антиоксиданси, и тоа му е придобивката за здравјето.
Единствено би требало да се напомне дека во зелениот чај има одредена количина кофеин (некои 25% во однос на кафето). За кафето (и кофеинот) се мисли дека накратко го дига крвниот притисок. Ама тоа е кога станува збор за поголеми количини на испиено кафе. Испиена шолја солидно јак зелен чај, е како да испиеш четврт шоља кафе (во однос на количината кофеин).

Но од друга страна одредени студии велат дека зелениот чај има и состојки кои полезно влијаат на регулација на крвен притисок и холестерол.
Еве подетално:
http://www.nutraingredients-usa.com...-early-for-recommendations-says-meta-analysis

За кофеинот:
http://www.mayoclinic.org/diseases-...re/expert-answers/blood-pressure/faq-20058543

Најпаметно е да се раководиш по здрав разум. Пробај да го пиеш чајот редовно (шолја на ден), и види дали ќе ти смета... ако не ти смета, можеш само ќар да имаш од него.
 
Дали зеленот чај би ја имал истата функција ако го пијам со мед растворен ? Пробав неколку пати без ништо, неможам органски да го поднесам :icon_lol:
 
Дали зеленот чај би ја имал истата функција ако го пијам со мед растворен ? Пробав неколку пати без ништо, неможам органски да го поднесам :icon_lol:

не е толку гаден колку што зборите сите дека е гаден.
На ден пијам по две чаши без ништо и најокеј ми е,како и секој чај.
 
Долго време конзумирав зелен чај од ќесички,и тоа по литро/литро и пол на ден.Се осеќав супер, килограмите побрзо се топеа и го изгубив целулитот.
После тоа прекинав да го пијјам ради тоа што ми беше кажано дека имал некаква врска со железото и се губело енергија со тек на време.
Сакам да прашам дали има вистина во ова,или да продолжам да го пијам?
 
кажи му на тој што ти кинел зелени да прекине :)
 
Долго време конзумирав зелен чај од ќесички,и тоа по литро/литро и пол на ден.Се осеќав супер, килограмите побрзо се топеа и го изгубив целулитот.
После тоа прекинав да го пијјам ради тоа што ми беше кажано дека имал некаква врска со железото и се губело енергија со тек на време.
Сакам да прашам дали има вистина во ова,или да продолжам да го пијам?

нема врска,јас пред теретана и после теретана пијам по една чаша,се осеќам најнормално,дури и имам повеќе сила.
Нема врска тоа со железето,некој ептен забеган по баба Рада ти тресел зелени
 
Долго време конзумирав зелен чај од ќесички,и тоа по литро/литро и пол на ден.Се осеќав супер, килограмите побрзо се топеа и го изгубив целулитот.
После тоа прекинав да го пијјам ради тоа што ми беше кажано дека имал некаква врска со железото и се губело енергија со тек на време.
Сакам да прашам дали има вистина во ова,или да продолжам да го пијам?
Исто така, мит е дека се слабее од зелен чај. Кофеинот можеби малце го убрзува процесот на слабеење и го превентира тој на дебелеење, но нема евиденција дека зголемено конзумирање на кофеин помага значително при губење на тежина.

Исто така производи со кофеин треба да се конзумираат внимателно. Смееш околу 400 милиграма дневно максимум. Сеа варира тоа +/- 50 или така нешто од човек до човек, али препорачаната количина на кофеин ти е таа. Премногу кофеин може да предизвика иритабилно расположение, инсомниа, лошење, зголемен крвен притисок итн.. Шоља кафе содржи околу 95-200 мг кофеин. Зелен чај содржи околу 20-40 мг. концентрација на кофеин во истата количина. Така да више ако ти е за кофеинот, на што се базира митот дека се слабее од зелен чај, боље ти е кафе да пиеш.

А доктор Оз муабетот за тоа дека зелениот чај има особини и хранливи материи кои помагаат при блокирањето на апсорпцијата на масти и „го убрзуваат метаболизмот“ е непотврдено и нема научна евиденција која укажува на тоа дека тоа е точно освен една студија која вклучува 10 здрави мажи, од кои никој не е дебел и промената која ја обележале е од малку дебел во помалку дебел.

На сите им се дале три оброка дневно и зелен чај + капсула со 50 мг кофеин споредено со другата група која имала пласебо капсула. Истражувачите им мереле потрошувачка на енергија и тие кои пиеле зелен чај имале 4% зголемена потрошувачка за време на термогенезата со вкупно зголемување на потрошувачката на енергија од 4.5 %. Ниту една друга студија за тоа нема. Нема ни реплицирање на истава студија ни ништо слично.

Али некој мора да заработува од продавање на производи кои се популарни поради митовите кои кружат за нив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom