Најдобар кошаркар од EX YU просторите?

Најдобар екс-ју кошаркар ?

  • Дражен Петровиќ

    Гласови: 38 55,9%
  • Владе Дивац

    Гласови: 9 13,2%
  • Дино Раѓа

    Гласови: 0 0,0%
  • Предраг Даниловиќ

    Гласови: 1 1,5%
  • Саша Ѓорѓевиќ

    Гласови: 2 2,9%
  • Тони Кукоч

    Гласови: 4 5,9%
  • Жарко Паспаљ

    Гласови: 0 0,0%
  • Јуре Здовц

    Гласови: 0 0,0%
  • Велимир Перасовиќ

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг(во мислењето наведи кој)

    Гласови: 5 7,4%
  • Дејан Бодирога

    Гласови: 9 13,2%

  • Вкупно гласачи
    68
Според мене најдобар кошаркар на EX YU просторите е Дражен Петровиќ. По она што сум имал можност да го видам од него тешко дека некој бил или пак ќе биде подобар од него. Значи прв Дражен, па многу подолу Бодирога. Уште еден одличен кошаркар кој носеше титули каде и да игра. Беше гаранција за успех. Секако и лидер на Југославија. Многумина му замеруваат за тоа што никогаш не се испроба во НБА лигата, но мислам дека Бодирога не сакаше да си го расипе статусот на прва ѕвезда и да се докажува кога веќе имаше стекнато реноме во Европа.
 
Во анкетава ги има Бодирога, Перасовиќ, Даниловиќ и сл., а ги нема Корач, Кичановиќ и Далипагиќ! Сешто!

Инаку, според мене Петровиќ е најдобар, а до него се Корач и Кичановиќ.

Погоре споменатите што фалат во анкетата, не се за во некој друг.
 
Јас ги ставив во анкета тие играчи што беа во таа Златна генерација што беше страв и трепет во Светот... за Југославија играле голем број на одлични играчи и сите во различно време и различни генерации... така да не е исто да ги споредиш Ќиќановиќ, Корач, Далипаиќ и другите во времето кога немало линија за три поени и кога нападот не бил ограничен и овие другите кој играле во сосема трети правила... :helou:
 
OK
-ако така си ја замислил анкетата.

Во тој случај анкетното прашање можеби би требало да гласи: Кој е најдобриот Екс-Ју кошаркар од Златната Генерација? или: Кој е најдобриот Екс-Ју кошаркар од 80-тите и 90-тите години? или: Кој е најдобриот Екс-ју кошаркар од времето кога се воведени новите правила?
Вака со прашањето: Кој е најдобар Екс-Ју кошаркар?, анкетата ме доведе во забуна. Мислев дека си направил голем превид ставајќи го, да речеме Даниловиќ, а изоставајќи го, на пример, Корач.

Во такви стеснети рамки, како што си ги замислил, не гледам некоја дилема околу најдобриот.

Сепак, морам да признам дека при крајот од твојот уводен пост се приметува твојата анкетна намера, околу селектираниот избор, што не може да се примети доколку само се фрли поглед на анкетата.
 
Владе Дивац според мене!!:salut::salut:
 
Ми имамо нашег Бога, то је Дејан Бодирога. :smir:

Не сум баш најмеродавен за да гласам поради тоа што ги немам гледано сите од наведените кошаркари, али гласав за Бодирога.

Секогаш, секогаш кога требаше човекот погодуваше. Преземаше одговорност во клучните моменти. Беше вистински предводник на репрезентацијата која освои многу медали, а ме импресионираше и со својата скромност.
 
Дражен Петровиќ важи за еден од најдобрите на сите времиња општо, во светски рамки. Отиде во Америка, им покажа што е баскет и на Аделман и на Портер. Кога беше на правиот колосек, за жал, почина. Инаку, неоспорно, гоимаше талентот на ... Оскар Робертсон.

Инаку, во ЈУ, покрај тие би ги додал и Петар Наумоски и Врбица Стефанов
 
Дражен е најдобар. После него многу многу заостануваат овие другите што се наведени
 
Петар Наумоски ви го нема во листата, би требало да биде.
 
Дражен без конкуренција. Таков кошаркарски калибар нема излезено од овие простори баги време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom