Ве загрижуваат ли проблемите на вашиот партнер?

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
413
Знаете ли да се преокупирате со проблемите на партнерот исто како да се ваши?
Дали ви е сеедно?
Што доколку е тажна или тажен?
Има ли вистина дека ако ви значи тогаш и се соживувате со неговите проблеми и тој со вашите?
Знаете ли да давате утеха или едноставно си ги гледате вашите проблеми?
Јас знам да се замарам повеќе со нејзините него со моите:toe:
 
Среќа е ако оној што го сакаш, направиш да се осеќа сакан, среќен, задоволен.
 
Не ми е сеедно доколку партнерот има некој проблем и се трудам колку можам да му помогнам или заеднички да најдеме решение за проблемот.
Ако не му дадам утеха кога е тажен или има некој проблем, за што сме тогаш во врска?За да уживаме само во убавите моменти, а да не се замараме за неговите или моите проблеми?:nenene:
п.с.Поделена тага помалку боли, поделена радост е двојна радост.:back:




 
СЕ разбира. Секогаш, постојано, тоа е флуиден момент. Моите проблеми, нејзините проблеми, нивните проблеми, тоа се заеднички проблеми, кои заеднички мора да бидат решени.
 
Ако би побарал од мене, секако би се преокупирала. Ако не, ако му е тешко и не му е до општење за тоа што го мачи, би ми било потешко и би се потрудила да го орасположам на секој можен начин, без непотребни напнувања. Секако, се` што ни се случува кога сме со некого, треба да се решава заеднички. И лошите и добрите работи се полесни и поубави, кога ќе се поделат со личноста што се сака.
 
кога има некој проблем сигурно дека е малце поинаков отколку нормално,и секако дека е тажен,напрнат,нервозен и сл.Кога станува збор за една врска не ја гледам само за бацување и задоволстав и убави мигови туку мн повеќе.Тоа значи дека јас исто така и сум и најблиска другарка која знае дека мпже дасе потпре и да разговара.Доколку не сака да каже би била упорна но сепак не и здодевна.
 
Pa na nekoj nacin negovite problemi gi dozivuvam kako svoj..ne znam zosto ama takva sum jas verovatno:pipi:
 
Нормално дека ме загрижуваат проблемите на партнерот од проста причина што ми значи и се грижам за него и не би ми било баш сеедно ако знам дека нешто го мачи.
Би се потрудила на најдобар можен начин да му помогнам доколку можам или ако не можам едноставно да бидам со него...Понекогаш и тоа помага.
Во никој случај не би го запоставила или игнорирала.Полесно е кога ќе го споделиш тоа со некој и кога некој ќе те сослуша.
 
Нејзините проблеми ме загрижуваат повеке од моите..не сакам да ја гледам или да знам дека е тажна...
кога е она тажна јас сум 6 пати потажен...кога е среќна јас сум 6 пати посрекен..
се обидувам да не бидам никогаш причина за да пати и помагам на секој можен начин безрезервно.....дури и да се закачала со Чак Норис:vozbud:
 
Нормално дека ме загрижуваат, се што му влијае на него и мене ќе ми влијае, ако он е тажен, ќе се обидам да го развеселам или ќе поразговарам со него (ако му е до зборење). Во секој случај никако не би можела да останам рамнодушна на се што му се случува без разлика дали е добро или лошо. Кога сум со некој во врска, не сакам само да си се држиме за рака и да си се смееме, тука сум за него и кога му е најтешко.
 
Па ме загрижуваат.. ме загрижува се што може да се дефинира како проблем, зш сепак девојка ми и сакам да знам што ја мачи и што проблем има, и како би можел да помогнам. Или пак ако неможам да помогнам, тогаш ќе и дадам подршка и заедно ќе го надминеме проблемот. :wink:
 
Фала богу дека ме загрижуваат.Еве на пример ко падна ко полагаше возачка по 28 пат многу неубо ми беше.:)
Ко доби 10ка на факс многу бев среќна.
Едноставно ги споделвам чувствата без разлика дали се добри или лоши,а посебно ако се лоши и му е потребна поддршка не планирам да го извисам.
 
Значи Кајганџии знаат да се грижат за своите партнери:)
 
Секако дека ме загрижуваат ако се сериозни (недајбоже) сепак, заедно сме и се меѓу нас треба да биде споделено и без тајни, вклучително и она кое не измачува и двајцата, бидејќи најпосле секој си има сопствен живот со свои недостатоци.
 
Значи Кајганџии знаат да се грижат за своите партнери:)
И тоа како. Кајганџии се прекрасни луѓе...дури знаат да се грижат за своите швалери/швалерки :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom