Не е нормално да си нормален во овој ненормален свет!

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е името на една од многуте групи на фејсбук, ама ме замисли, па реков да продискутираме за нормалноста.

Што денес е нормално?
Наводно, според една мoја професорка, денес живееме во queer општество каде што се е нормално, однсоно се што порано било ненормално/изопачано/неприфатено денес се смета за нормална работа и ништо веќе не успева да не изненади.
Ако тоа е точно, тогаш тука се губат сите морални вредности и сите принципи.
Се прифаќаме и за ништо не осудуваме.

Дали тоа е во ред?
Што сметате дека е ненормално?
Дали ако имаме вакви дефиниции за ненормалност тогаш осудуваме?
Дали е во ред да се осудува поради некои принципи?

итн.Ја сфативте поентата да не го тупам.

Не осудуваме ако знаеме да разликуваме нормално од ненормално. А добро се знае кои се моралните христијански вредности кои треба човекот и жената да ги практикуваат во животот и да се борат кон тој пат да одат. Секое скршнување од тој пат води кон неморал и осудување ако мментално не се осудува од општеството тогаш на крај нели според религијата господ бог ќе им суди за нивните гревови и тоа што не се кајат за тоа што го прават.
 
Време на тешки медиокритети, самопрогласени дијагностичари без ниеден доктор меѓу нив, спремни да го распнат оној што се издвојува од стадото. Но интересни се за посматрање додека посматраат.
 
Време на тешки медиокритети, самопрогласени дијагностичари без ниеден доктор меѓу нив, спремни да го распнат оној што се издвојува од стадото. Но интересни се за посматрање додека посматраат.

Да да време на тежок неморал и знак за пропаќање на светот кога во секоја претходна цивилизација неморалот достигнувал врв тоа бил осекогаш знак на пропаќање на истата. као што тоа бил опример со содома и гомора, стара грција, римско царство итн.
 
во оваа тема би додала дека она што е нормално кај нас е ненормално во некое друго општество...абе крај нема...
 
во оваа тема би додала дека она што е нормално кај нас е ненормално во некое друго општество...абе крај нема...

Не може така да гледаш на работите зашто си постојат морални закони кои не учат како да живееме. Е сега што некој не лаже (се знае кој е тој) и сака ненормалното да го престави како нормално и тука паѓаат луѓето за кои се вели дека се во темнина и не знаат каде одат, што значи не се просветлени и затоа за нив ненормалното е нормално.

Затоа не за џабе постојат свети книги и не за џабе дошол господ исус христос и разн исвети луѓе во историјата на човештвото да го покажат патот по кој што треба да се оди. Секое скршнување од тој пат води кон неморал и стануваш ненормален.
 
Морални норми и принципи... Кои? Каде? За што служат? Нешто што е морално за тебе, не е морално за мене... Со самото тоа, се отстрануваат секаквите замислени правила на живеење.

И да, мислам дека светот е нормален, но и не е нормален во исто време. Светот е таков каков што го гледаме, нема нешто што е нормално, а нешто што не е. Нештата едноставно постојат...
 
Дефиниција за нормално е она што е општествено прифатено и наметнато од мнозинството. Е сега, секој кој малце ќе отстапи од тие правила за нормално е или етикетиран или прогласен за ненормален, со фалинка и слично. Јас сметам дека секој од нас си има свој свет, свои размислувања, свое ниво на нормалност. Мое мислење е дека светот моментално е отиден во к., забегано е се скорс, се губат есенцијални морални вредности и се прифаќаат одредени вредности кои јас никогаш нема да ги прифатам, макар била прогласена за најголема будалетинка. Значи општо поединечно, не сакам да етикетирам и осудувам оној е ваков или таков зошто неговите постапки и размислувања не се поклопуваат со мојата дефиниција за нормално, но сепак ќе си кажам со отворена слобода дека денешното општество сосема е отидено и на моменти ме фаќа бес и лутина општо кон човештвото и светот и се прашувам каде живеам јас?
 
Морални норми и принципи... Кои? Каде? За што служат? Нешто што е морално за тебе, не е морално за мене... Со самото тоа, се отстрануваат секаквите замислени правила на живеење.

И да, мислам дека светот е нормален, но и не е нормален во исто време. Светот е таков каков што го гледаме, нема нешто што е нормално, а нешто што не е. Нештата едноставно постојат...

Не е тоа според мене ил испоред тебе, си постојат закони пропишани од небото кои треба да ги почитуваме. Затоа и не случајно сатаната и неговите следбеници се побуниле против бога бидејќи не сакале да живеат по тие морални вредности. И затоа денес на овој свет се е наопачки, се што е неморално е нормално бидејќи не живееме во единство со бога, и затоа кога ќе дојде царството небесно као што веруваме хриситјаните тогаш тиењ луѓе кои грешеле а не с епокајале за тоа ќе бидат казнети. Па сега види ти дали е тоа по мое или по твое.
 
-_- Мора сегде да упикате религија....

иначе, моралните права и закони се настрана од владините закони, обичаите и ВЕРУВАЊАТА.
 
Не е тоа според мене ил испоред тебе, си постојат закони пропишани од небото кои треба да ги почитуваме. Затоа и не случајно сатаната и неговите следбеници се побуниле против бога бидејќи не сакале да живеат по тие морални вредности.

Значи ако не се спомни религија не бива...

Кои се тие закони од небото? И зошто не ги почитуваат сите?
 
-_- Мора сегде да упикате религија....

иначе, моралните права и закони се настрана од владините закони, обичаите и ВЕРУВАЊАТА.
Религијата има многу влијание врз моралните закони. Така, сите ги знаеме десетте божји заповеди, некои одпроповедите на Исус, и ги кажуваме како примери кога збориме за морал, и гледаме да се придржуваме кон нив, колку- толку... Сега се пробува да се внесе етиката како задолжителен предмет во школите, па така некако да се одели моралот од болдираното што си го напишал горе, со што нема да има влијание од нив.

Во нашево општество ко што ми изгледа, уште се држиме кон некои конзервативни сфаќања, но тоа ни е ко маска еден пред друг, позади ,,затворени кругови" сешто се случува. До некаде е може и добро што кај на уште може да те бие лош глас/да пукне срамот и слични изреки кои не ограничуваат колку-толку. Човек со комплетна слобода може да биде крајно деструктивна работа.
 
Ако е доволна верата во бог и стравот од гневот Негов, тогаш зошто треба и полиција, војска, судови, држава. Човек не се плаши од ништо него само од она што непосредно може да му ја загрози слободата. На религијата не и се битни етичките правила, она прво ја става догмата, верувањето па ритуалите и тек после делата то ест практикувањето на етичките правила, дури и измислила начин како да не се придржуваме до нив (Пример од библијата: Секој грев ќе се прости освен хулата на светиот дух, од Куранот : Најголем грев е на Аллаџ џ.ш е да му придаваш придружник) значи пошто сите си веруваат во единствената од бог признаена вера, не треба да пазат што прават оти сите гревови ќе се простеле освен оние кои се спротивни на столбовите на верата а тоа се догмите (за светото тројство кај Христијаните и Единственоста на Бог кај Муслиманите).
 
Македонија, земја каде ненормалното е нормално, а нормалното е скроз забегано.

Цел свет во денешно време таков е, ама најповеќе Македонија таква е...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom