Да се вратим на темава...
На 15 ноември 1944 година Радио Лондон соопштува:
-Еве ја вистината:
-Подготовките за ослободување на Скопје ги вршеше штабот
на16 корпус, и тоа мошне успешно,заблагодарувајќи му на
народот,односно на партиската организација на Скопје.
имавме точни податоци каде е утврден непријателот и
каде се движи.Штабот на Корпусот беше во Количани...
-“За нас е мошне важно дека јас и Чушкар го запознавме
штабот на бугарската армија во Куманово дека Скопје е
ослободено.Беа изненадени и дури тогаш им наредија на
единиците да се упатат кон Скопје.Јас и Чушкар интерве-
ниравме да се демантираат вестите на Радио Софија за
заземањето на СКОПЈЕ од страна на бугарската војска.
Интервениравме тоа да го стори и главниот штаб. Ние
двајцата лично појдовме во штабот на Првата Армија кај
генерал Стојчев, кој дословно ни рече:
-“ Јас не сум виновен за тоа туку пропагадниот апарат,кој
сака што повеќе да се популаризира бугарската војска,
бидејќи доцна и пристапи на борбата протов Германците“.
-Ние им забранивме на војниците да не преминуваат преку
Камениот мост. Апостолски ми рече:
-“ Би требало да им се дозволи само на офицерите и на
никому повеќе, и ми се чини дури само на високите
офицери и на никому повеќе.“
-Така јас појдов на мостот и лично наредив, а откако
граѓаните ја слушнаа мојата наредба почнаа да аплаудираат.
...Јас никогаш не би негирал дека бугарските сили кај
Куманово,посредно на одреден начин,не дејствувале
иако мируваа тука,врз повлекувањето на Германците.
Јас во штабот на бугарската прва армија реков дека
сме дојдени од ослободено Скопје,и тогаш советскиот
советник почна да не бакнува.Тука беше присутен и
Балкански,таму беше и Штерју Атанасов.
...Значи Скопје е ослободено токму на 13,..
Бугарите зборуваат дека го ослободиле Скопје,како град,
а што не е точно,зошто тоа веќе беше решено,само
уште една изолирана група се држеше.
Од говорот на Петар Брајовиќ
извор:Скопје во НОВ-1943-1944 стр.692-699
------------------------------------------------------------------------------
Точно кој офицери и единици ги сопреа “бугариштава“
на Камениот Мост и кај Кумановска трошарина го има
веродостојно опишано во повеќе книги а што се
совпаѓа и со ова кажување на овој командант.(16 Корпус)
Но има и многу живи сведоци од овој настан.
А “бугариштана“- и за Велес (радио Софија) пред овој
настан јавија дека го ослободиле иако не ни влегоа
во него.Го гледаа градот од штипското чаде.Беа само
посматрачи на тој настан, како и секаде во Македонија
каде требаше се уште да се гине тие последни денови
од националната ослободителна борба. Значи и Петар
ги видел во мирување таму таа ден во Куманово и таму
биле посматрачи на повлекувањето на Германците.
А овде кога дојдоа (влегоа) во ослободено Скопје, пази
молим те сакаа да прават парада на плоштадот и да го
стават знамето на Б.А. на банката и официрскиот, а
уште и бараа смештај за “борбените“ истоштени единици.
....Болгарска работа - ослободители“41-ослободители“44