Ризико

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Ризик во живо е уште позаразно... леле бе имало уште болни по оваа игра.EJ значи колку е мала Македонија :D
Топ е темава :D
 
Ја имам бајаги играно пред некоја година, ама и сега имаме неколку пати играно онака собрани друштво и стварно е неверојатно заразна:)

А баш сакав и онлајн верзија да пробам ама немав најдено, сеа дефинитивно се симнува и ќе се игра.
 
Колку време отепавме со неа! Почнавме да ја играме како деца 12 - 13 години. ја добив за роденден `91 или 92`. Маста `и ја вадевме, со кратки паузи до 2002/3. Тогаш кога ја добив многу малку луѓе ја играа.
Имав некое српско или хрватско издание, во црвена кутија. А армијата се состоеше од тенкови и знамиња (btw македонската верзија е тапа).
Варијантата за pc не ми се бендисува. Ризико-то е социјална игра, со муабет, со пивце или цигарче...
 
Колку време отепавме со неа! Почнавме да ја играме како деца 12 - 13 години. ја добив за роденден `91 или 92`. Маста `и ја вадевме, со кратки паузи до 2002/3. Тогаш кога ја добив многу малку луѓе ја играа.
Имав некое српско или хрватско издание, во црвена кутија. А армијата се состоеше од тенкови и знамиња (btw македонската верзија е тапа).
Варијантата за pc не ми се бендисува. Ризико-то е социјална игра, со муабет, со пивце или цигарче...

Ова премногу се поклопува со мојот случај.
И ние ја купивме таа српска верзија 91-92, друга и немаше. И исто така маста и ја извадивме. Ја квадрирав година на факс заради Ризико.
Отпозади на мапата ги пишувавме победите. Кога престанавме да играме прв беше другар ми со (помнам добро) 209 победи, ја имав 207. Имаше еден со околу 100, а другите сите (уште едно 5-6 души) беа со по околу 50-тина победи.
Игравме многу и често.

Денес сите имаме по (без претерување) 20-30 игри секој. Обавезно се собираме еднаш до два пати неделно, на сесии. Нормално, не играме Ризико.
 
Игра некој Ризик online? Преку тоа програмчето што е дадено погоре? Ајде кој е за игра нека ме адне на МСН, ќе си се собереме Македонци у една соба ќе играме... krume_17@hotmail.com
 
За жал никогаш не сум научил да играм и никогаш не сум играл, никогаш не сме се собрале за да играме. Имам неколку пати играно на интернет и знам дека е многу интересна играва.
 
Ехеее/// како мали,дури и си направивме наше ризико... на лист од календар,исцртани држави и континенти,графчиња,леќа и камчиња беа тенкови... ехеее времиња... секако,после си купивме ново али ова беше јако,рачна изработка...:vozbud:
 
РизикО?

Штознам.. повеќе сум по МонополО :pos:

Кога прв пат се појави кај нас (почеток на деведесети), беше некоја српска верзија (неоригинална нормално, како и повеќето денес).
Тие името Risk си го превеле како Riziko, така и пишуваше на кутијата.
 
Еве еден ризик онлине http://www.conquerclub.com/ се игра подолго време неколку денови може и месец и повеќе, зависи од брзината на играчите.
 
Ееее Ризик/РизикО ми е најдобра игра!!! :vozbud::vozbud::vozbud:
фала за линковите од подоле, ке ги пробам сега. Иначе нема замена за ризик со друштвото, дефинитивно е супер за убивање на времето!
Баш ми дадовте идеја:smir:
 
Супер игрица имам играно и по 12 саати од коа ке дојдев од школо (зборам кога бев прва смена) се собиравме 6 деца и игравме дури до доцна навечер само сеа слабо немам играчи со кои да играм никој не сака повеќето се за фудбал а онлаин немам играно. Имам играно на исто пц во школо јас и еден другар и се разбира 4 компјутерски играчи хехех и во тоа никогаш не сум изгубил, уствари само 1 имам изгубено ама тогаш ме замараа па морав да пазам некој алт+Ф4 да не ми притисне.
 
После добра партија монопол следеше ризик секогаш во детските игри ... одамна неам играно, го подарив на помала брачеда.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom