Дали студентите можат легално да бидат вработени?

  • Креатор на темата Креатор на темата експерт
  • Време на започнување Време на започнување
Може со месечен договор на дело да добиваш хонорар на кој ќе плаќаш 10% данок на доход. Така немаш проблеми.

Инаку редовен студент со полно работно време не постои во Македонија. Дури мислам и дека редовен студент не може да стапи во класичен работен одност и ако не е во полно работно време. Ама пак затоа договорите на дело се сосема океј решение, имаш работно време договорено со газдата, се пишува како клаузула во договор и тоа е тоа.
 
Не сум баш упатен во работиве па уште нешто да те прашам. Работава кај што одам ме викаат по потреба значи немам фиксно работно време тоа не би било проблем за договор на дело? Дали имам некои дополнителни давачки кон државата јас или работодавачот освен тие 10% кои ми ги спомна?
 
Не, во договорот на дело ќе се објаснат твоите обврски и задачи, доколку ги исполниш си го добиваш хонорарот.

И не освен 10% данок на доход, нема други давачки кон државата/работодавачот.
 
Внимавај со ваков совет можеш здраво да го изгориш газдата. Не велам дека не е законски, напротив. Но во случаи кога се исплаќа надоместо по договор за дело на лице кое нема склучено редовен работен однос, сметајте на здраво чешлање од страна на УЈП, поради тоа што тој начин на исплата е класичен механизам за избегнување на склучување на работен однос. Патем не е данок на доход туку персонален данок.

Во врска со темата. Не постои ограничување лице истовремено да има и редовен работен однос и да биде редовен студент. Проблемот е веројатно само административен (кои документи каде, кога, копии и сл.) затоа што лице кое е вработено без никаков проблем може да биде редовен студент. Обратниот процес е отежнат поради можна злоупотреба (студентот да биде евидентиран во завод за вработување додека студира), но незначи дека истиот неможе да се изведе.
 
Дали на пола работно време можеш да бидеш пријавен доколку си редовен студент? Ве молам ако знае некој нека ми пише одма, итно ми е. Поздрав
 
Види го постот испред твојот, таму ти е убаво одговорено.
 
Може, од искуство, си ги зимаш документите од факс ( 1500 денари ) ги носисш на работодавецот, те пријавува, си ги зимаш документите назад, ги носиш на факс и ги оставаш ... Ги имаш и 2те бенифиции ... Јас сум под завод а уште студирам , како , така. Никогаш никој ништо не ми рекол. Не се замарам со глупави работи од типот ќе ме гони држава, полиција, кур се тресе у ладна вода. Заводот и универзитетите ама ни под разно не се поврзани меѓусебно. Чим место Fundraising денеска ми пиша фандрејзинг(и успут ме праша што е тоа, одкога го внесе), можам да замислам другите процеси како се одвиваат....
 
Да, меѓутоа дали е легално? И дали на студентски да кажам дека документите ми требаат за вработување? Инаку фала многу !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom