Нема, и нема ни да има у блиска иднина. Кој и да ти каже друго ке те излаже. Се додека WIN може да се најде пиратиран на секое ќоше нема ни да има.
Земи пример, ти прашаш дали има некаде да возиш кола и некој ти иде и ти вика, абе кола нема каде да возиш ама има едно што е замена за кола, точак се вика (или магаре) ама истата работа ја врши, ке те однесе каде што сакаш и нема да одиш пешки итн итн итн....
п.с. пред да почнете со хејтање живеам и лебот си го вадам последните 15 години од линукс девелопмент, али реалноста е таа дека на десктоп основа уше е тапа. Можам да кажам дека е на некое ниво на win 98 сега за сега линуксот стигнат. А тоа шо каноникал серат за глупунту дека воа бил или ноа бил.... за мене се приказни за мали деца.
Ебате пред 2 недели ставив онака чисто да сменам глупунту 13.10 мислам дека беше и не ми се верува дека амд драјверите се уште рипаат фрејмови, и дека на ХД приклучотот немаше звук. И додека некој ке ми каже дека тоа се поддесува јас ке му кажам дека немам време да губам саати и да поддесувам работи кој што што у секој нормален ОС треба да работат по дефолт.
Додека за серверска страна, е тука немам збор. За ништо не би го менувал. Ванила кернелот со мали промени и неколку саата изгубени во компајлирање се прави да работи со само 30 МБ РАМ, е тоа кога ке го направи некој у WIN нека ми се јави. Или да тераш веб сервер, маил сервер и база со само 512 или 256 МБ и сето тоа ставено и ОС не него и сето тоа да работи.... е тука веке е нешто друго.