Колку сакате свечена гардароба?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Колку сакате да се облекувате посвечено за одредени пригоди свадба, матура, манифестации и свечености било какви или пак ги мразите тие моменти кога треба да одберете свечена гардароба? Воедно и колку го сакате тој шопинг на свечена облека, па комбинации на шминка, фризура и се тоа да се отсмисли.
Во темата за личните наши модни промашувања баш неколку луѓе спомнаа дека најголемите утки ги прават кога треба да носат свечена гардароба.

Колку девојки сакаат да носат фустани и самиот тој ритуал на шопинг за да се одбере "совршениот" фустан, па потоа фризура, шминка итн се за да се има перфектен посвечен изглед. Го сакате тоа? И даваме прилично голем кеш за нешто што само еднаш или два пати ќе гo облечеме. А и огромни се шансите да изгледаме ко кловн, да имаме огромна модна утка или пак не се чуствуваме убаво во таа свечена гардароба. Но некои девојки уживаат во сето ова.

А и момците сакате ли да носите одела, кошули, вратоврски, добра кондура итн. Некои момци ова им е и секојдневна гардароба, но некои воопшто не го сакаат моментот кога треба свечено, во оделце да се облечат :)
 
Не сакам свечена облека, ама кога приликите налагаат носам.
 
Сакам свечена гардероба, ама мразам свечени фризури и шминка. Не знам да се шминкам, ич не се сакам со шминка, затоа веројатно и не сакам свечености многу.
А машките на пример многу ми изгледаат убаво во одело, со кравата...
 
Многу.
Уживам во свечена облека.
Некогаш(ако имам време)и сама си правам фризура.Ако не идам на фризер.
И секогаш некоја тетка,стрина,братучедка ми доага за фризура(ептен ме бива):pipi:
па немам време да се нашминкам онака како што сакам:tapp:

А за гардеробата,однапред ми е испланирана и купена,ниту премногу свечена,ниту ептен едноставна.
 
Ич.Нит сакам да купувам,нит сакам да носам,нит сакам да гледам.
Според мене тоа е најлошата облека што ја измислиле :)
 
Ух, обожавам. Се чувствувам многу убаво кога сум во свечена облека. Не го обожавам многу моментот кога ќе ми речат пример за две недели мораш да купиш фустан, и тие две недели ми се пеколни, али тотално вреди.
Милион пати ми се има десено да видам преубаво свечено фустанче и да мрчам зошто немам прилика за да го облечам. Не ја обожавам толку свеченоста колку фустанот и одвојувам еден цел ден само за спремање пример за на свадба. И не ги жалам парите што сум ги дала иако нема да се облечам така два пати.
 
Не сакам многу...но кога иде зорт, носам ::D
 
И сакам и неќам.

Преубаво се чуствувам во посвечени фустани :pipa: Сакам свечени фустани, убаво исфенирана коса, нежна шминка, убава мала чантичка и висока штикла :vozbud:

Али проблем ми е што никогаш не наоѓам фустан како што сакам и замислувам. Кога тргнувам на шопинг за фустан секогаш се радувам ко мало дете и се тоа трае додека не прошетам неколку продавници и после ме фаќа нервоза. И секогаш шетам неколку пати додека не најдам некој што ми се свиѓа. Али гледам секогаш да не е прескап зашто сигурно дека ќе го носам еднаш или максимум два пати. Не вреди да џитнам јака сума пари, според мене.
Откако ќе најдам фустан следи уште еден тежок дел а тоа е наоѓање соодветни чевли. Е тука уживам барајќи чевли. Добро може малку и нервози ако нема тоа што барам, ама се наоѓа на крај. За ташни немам проблем.
Со фризури не експериментирам многу, сакам долга права коса или малку навиткана.
Сама си се шминкам, не вреди 1500-2000 да дадам за нешто што ќе трае 5 саати. Залудно потрошени пари.

То е то.
Сакам некогаш бар на 1 ден да можам да позајмам еден фустан од Елие Саб, чевли Џими Чу, Бланик или Лобутин и чанта Шанел и да се појавам некаде :trepka: :pos:
 
Аии мразам свечено. Обично вака фармерка со некоја добра кошула и добри патики. Инаку со свеченово се осеќам како здрвен некако неможам да се опуштам.
 
Не сакам. Не можам да се опуштам во таква облека. Облеката е личен избор според вкусот, а мојот вкус не е таков..па затоа не ни можам да смислам кога треба да пазам на одредени детали : да не ми се уништи фризурата, да не ми паднал прамен, ми се навиткала косата, да не ми се размачкала шминката...
Затоа, при секоја свеченост прва помисла ми е горенаведеното и веќе не ми е толку мерак да се средувам со часови или 5 месеци однапред да планирам како ќе изгледам.
Во облеката треба да се чувствуваш удобно и да си задоволна од својот изглед.. А да се чувствувам вкочането не би, освен ако морам. :toe:
 
Нити сакам нити носам.
Одбегнувам моменти во кој треба да носам „свечена“ облека. Успешно изминативе неколку години .
 
Многу пати зборуваме за морални вредности и морални норми, така што свечената гардероба е дел од тоа. Тука пред се мислам на свечени момени кои пропишуваат задолжително свечена гардероба. Прашање за сите. Дали нема да се појавите на некоја свеченост каде што сте поканети, заради тоа што не сакате да носите свечена облека? Под свечена облека подразбирам облека (за мажите класичен костум, додека за жените незнам тие сигурно знаат ). Со ова сакам да кажам дека не секогаш можеме да бидеме свои, понекогаш мораме да прифатиме нешто кое што едноставно мораме да го направиме и да излеземе од фармерките за да влеземе во костум, но тоа не значи дека сакаме да носиме свечени одела, туку да не комплицираме некој настан со нашето инаетење кое може да предизвика несакан ефект за време на некоја свеченост. Оттука да заклучам: Не! И јас не сакам свечени одела, но заради почит кон нешто, некој или некои, сум бил во состојба да морам да облечам свечено одело. И да ви кажам дека чуството е супер, залижан, затегнат и закопчан, како нуркач кој се бори за свеж воздух. Но, што се мора не е тешко, освен поголема борба за кислород, не за друго, туку заради врската која од неискуство ми беше затегната повеќе отколку што треба. :toe:
 
Ретко присуствувам на свечености, но кога морам (свадби, слави, матури) сериозно си ја сфаќам работата. Не се спремам со саати, најчесто пола саат, но резултатот е супер. Фризура сама, ќе ја испеглам едноставно а исто и шминкањето (многу убаво знам да се шминкам :)) Добро сега, за гардероба треба малку да се прошета...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom