Македонските државјани ќе можат да патуваат во повеќето земји членки на ЕУ од 19-ти декември оваа година, потврди во интервју за А1 словенечката министерка за внатрешни работи Катарина Кресал.
Македонските граѓани при посетата на некоја од европските држави ќе
1. мораат да имаат доволно финансиски средства за престојот,
2. да имаат гарантно писмо од домаќините или хотелот ако се туристи,
3. како и повратен билет за дома.
Дали на 30. ноември министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе донесат одлука за визна либерализација за Македонија од 19. декември?
- Несомнено ќе дојде до визна либерализација, постапките за измена на уредбата веќе течат и во однос на расправата во Советот е очигледно дека сите земји ќе ја поддржат оваа одлука, но согласноста всушност и не е потребна,
доволно е квалификувано мнозинство дека тоа ќе биде на 19-ти.
На иницијатива на Словенија тој предлог веќе бил разгледан и сите институции на ЕУ дадоа позитивно мислење и затоа сме уверени дека постапката ќе тече веќе на 19. декември.
Дали постојат некои посебни услови кои и понатаму ќе важат за исполнување?
- Да, треба да се почитуваат правилата што важат за влегување во Шенген бидејќи луѓето коишто ќе влегуваат без виза во рок од шест месеци можат 90 дена вкупно да останат, секој треба да има со себе биометриска патна исправа, треба јасно
да ја докаже намената на посетата или со платен хотел, или гарантно писмо, покана.
Треба да докаже дека има доволно финансиски средства за време на посетата и се разбира, лицата кои не смеат да бидат заведени во некој безбедносен систем на Шенген, значи ако има некоја безбедносна мерка против него.
За тие што сакаат да работат, не само во Словенија туку и во земјите од Шенген, или сакаат да студираат,
се уште важат сосем истите правила од порано.
Дали тоа значи дека македонските државјани за Божиќните и Новогодишните празници ќе можат да патуваат во Европа?
- Да, вистина. Токму тоа и беше намената. Празниците да бидат уште попријатни и уште поотворени, но треба да се нагласи дека визна либерализација отвора пат во шенгенски простор, што инаку ги опфаќа земјите од ЕУ,
но не ја опфаќа Велика Британија и Ирска, бидејќи тие не се дел од шенгенскиот простор.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116678
Ај поздрав!