Ќе никне нов град во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
Градовите настануваат природно, не вештачки. Претежно новите градови во европа и светот стари околу 60 години на почетокот биле бараки за работници во рудниците. Од нула не се почнува.
 
Многумина новиот град го нарекуваат Сончев град, поради тоа што локацијата на која треба да се гради постојано е осветлена од сонце.
Втората варијанта е дека градот ќе го носи името Македонија.
Аман бе кој е тој талент што пишел??? Како да е веке изграден градов. :tapp:

Јас имам слушнато (интервју со тоганиот градоначалник на св николе)дека ќе било како демек град за млади брачни парови(не стрикно).
 
Како да сум предосеќал дека ќе имало нов град со име Македонија :S
 
Многу убава , интересна идеа. Точно дека со изградба на нов град треба да се планира и отварање нови работни места. Се надевам дека има луѓе кои сериозно работат на оваа идеа.
-Инаку во врска со името, некако се повеќе чувствувам потреба за градови со имињата Александрија и Филипи. Некако Скопје би сакал да се претвори во Александрија како главен град, а некое од пограничните места, како Гевгелија на пример во Филипи.
 
Аааа... Јако би било ова :) Убаво е тоа што е блиску до Скопје, а сепак ќе биде мало, чисто и убаво гратче - барем така се претпоставува, па ќе видиме колку време ќе биде чисто :/
-Инаку во врска со името, некако се повеќе чувствувам потреба за градови со имињата Александрија и Филипи. Некако Скопје би сакал да се претвори во Александрија како главен град, а некое од пограничните места, како Гевгелија на пример во Филипи.

Нааах... Мене ми се свиѓа и Скопје како име и би бил за тоа да не се менува името, пошто ми е преку кур од мењање на имиња и преговори, хаха :)
 
А бе немора да е Скопје баш, мене некако ми звучи моќно кога ќе кажеш Александрија, затоа го одбрав Скопје. Инаку и два нови града да се изградат со овие имиња е одлична идеа. :wink:
 
Шо се занесувате бе? И што уопште значи тоа „постојано осветлен од Сонце’’? Над тоа место никогаш нема облаци?
 
Ке биде како 3те 100 катници во Скопје hahahahahaha
 
Ако прават нов град, нека го направат и иден главен град, по примерот на Бразилија. :tv:
Ем ќе одберат убава локација (централна Македонија, подеднакво оддалечена од сите соседи), ем ќе го направат по нови, светски стандарди, широки патишта и булевари, водовод, гасификација, поделеност по сектори и сл., ем ќе имаме нешто со што би се пофалиле во светот. :vozbud:
Но да престанеме со сонувањето, оваа убава замисла не верувам дека ќе го види светлото на денот во наредниве 59 години. (за понатаму не гарантирам :vozbud:)
 
Да да нешто како студенски град. Колку шо се секавам на муабети, мислам дека имало таков град близу Белград на времето.:toe:

Не е на времето туку сеуште постои и е во склоп на Белград, собира околу 100 000 луѓе
 
Aко веќе се прави нов град, зошто да биде до Скопје. Густината на неселението таму е веќе премногу голема.
Сосема спротивна е состојбата во Мариово. Таму е дивина. Сите села се исселени, и целото тоа земјиште погодно (колку-толку) за земјоделие пропаѓа неискористено. Едно гратче од 20000 жители може да ја смени ситуацијата.
Само како да се натерат луѓето да се преселат. Треба да даваат куќи за беспари.
А за името... Не е проблем, ќе се отпочнат преговори :)
 
Ова е глупост. Зошто да се прави до Скопје, кога во тој регион имаш 3 града: Скопје, Гостивар и Тетово на оддалеченост од 15 мин со кола? Овие три града имаат речиси еден милион жители, па што корист од уште еден?
Нов град треба да се изгради на една добра оддалеченост од поголемите центри, со цел истиот нов град да се развие во регионален центар, а не да остане провинција.
 
Нека ги закрпат дупките по Скопјево прво, после нов град. Владата нема пари за плати на змејот од 300.000 вработени наречен администрација, а камо ли за нов град. Овој град и доколку започне да се гради утре нема да биде готов во наредните 50 години, со оглед на темпото на работа и бирократијата во Македонија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom