Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.318
- Поени од реакции
- 34.732
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
По големиот број на статии кои ве советуваат кога треба да пријдете на девојка,
редно време е да споделиме и малку мудрост за моментите кога едноставно не треба да им се приоѓа.
1. Кога сте пијани и "запалени", Ова е состојба која секогаш гарантира неуспех кај девојките. Пијан човек без тактика може успешно да започне масовна тепачка, но не и да заведе девојка.
2. Кога сте поспани и заморени. Сакате ли некој на вас да ви заспие на маса?
3. Кога сте срамежливи и имате недоволно самодоверба. Тогаш е подобро да останете дома и да се напиете пивце со другарите, отколку да гњавите некоја девојка и со тоа до крај да си ги намалите шансите за реванш.
4. Кога сте мрзеливи, или полни со бес. Тоа е време за да се "испукате" на бенџ, да ја избоксирате вреќата во вежбална или да тегнете мачки за опаш во маало, а никако за заводнички активности.
5. Кога сте јаделе кебапи и кромид. Затоа што смрдите! Ова правило не важи доколку се обидувате да шмекнете некоја од келнерките во кебапчилницата. Тие нема да ја осетат разликата.
6. Кога сте заљубени во друга. Сакате ли некој на вас цела вечер да ви збори за друг?
7. Кога сте на пат од забарот накај дома. Неразбирливиот говор и плукањето никогаш не биле кул, дури ни во средниот век.
Слободно надополнете ме, без разлика дали сте машко или женско.