Паника или дилетантизам?

  • Креатор на темата Креатор на темата brainbug
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Возраст
46
Politikata veke ja nema.. a ednostavno neznaev kade bi ja otvoril ovaa tema na ostanative oblasti.. ako smetate deka treba da se izbrise izbrisete ja.Na nekolkupati utvrdivme deka politikata ima seriozni implikacii vo nasava ekonomija a od druga strana politickiot menagjment vo sustina i osnova nema drasticni razliki so drugite menagjmenti mozebi tuka e najsoodvetno :).

Poentata mi bese deka ova e vtorpat vo mojov zivot sto citam kolumna i recisi od zbor do zbor potpolno se slozuvam i sto e najinteresno od istiot avtor!

Povelete:

Паниката не е политичка борба

Свесни се во СДСМ дека без длабоки кадровски и идеолошки промени не може да очекуваат повеќе политички поени, па политичката борба ја водат пробувајќи да го намалат противничкиот рејтинг. Нормално, таквиот потег би подразбирал комплетно девалвирање на сите македонски успеси, како и се' поотворено посакување негативни оценки за Македонија како држава
Ова требаше да биде „жестока политичка есен“ нели? Така барем најавуваше опозицијата. Сцената се подготвуваше уште од претседателските и локалните избори, за кои беа свесни дека ќе ги изгубат. Недостигот од сериозна политичка понуда, како и верувањето во краткото паметење на луѓето, сето комбинирано со лоша кадровска политика, го дадоа изборниот резултат кој не беше тешко да се предвиди.

Но, тоа не е последниот лапсуз. Погрешната анализа за поразот нужно води и до погрешна политичка стратегија. По лажните анализи за изолација на државата (наводно како Србија во времето на Милошевиќ) по смешните предвидувања за девалвацијата на валутата, по отвореното посакување на меѓуетнички конфликт, на ред требаше да дојде „есенското сценарио“. Во суштина, повторно станува збор за кревање паника во стилот „леле луѓе отиде државата“...со таа разлика што политиканството овој пат би се камуфлирало со селектирани изјави на авторитети од меѓународната заедница. „Експертите“ на Сорос се покажаа како неупотребливо орудие со кое не може да се добие ниедна политичка битка. Не помогнаа ниту политички обоените дописнички од Брисел, поврзани истовремено и по роднинска линија. Трчаа јадните од прес на прес со цел да изнудат осуда од ЕУ-политичарите за што повеќе појави во Македонија. Индивидуално прераскажуваа изјави на политичките авторитети од ЕУ, па понекогаш и лажеа како и нивните политички истомисленици. Врвот на нивната Сизифова работа беше реакцијата на Оли Рен, кој директно им се обрати со зборовите „бидете малку оптимисти за сопствената земја“.

Есенското сценарио требаше да дојде како замена за целата оваа палета на големи промашувања. Погрешната анализа во СДСМ околу причините за високиот политички рејтинг на нивните опоненти, понатаму ги води во погрешно решение на проблемот кој го имаат веќе половина деценија. Свесни се дека без длабоки кадровски и идеолошки промени не може да очекуваат повеќе политички поени, па политичката борба ја водат пробувајќи да го намалат противничкиот рејтинг. Нормално, таквиот потег би подразбирал комплетно девалвирање на сите македонски успеси, како и се' поотворено посакување на негативни оценки за Македонија како држава.

За нивна голема несреќа, беа пресечени токму од меѓународниот фактор. Најнапред на 9 септември беше објавен извештајот на Светска Банка, според кој Македонија е најреформска земја во регионот, мерено од мај 2008 до јуни 2009.

По еден месец дојде и позитивниот извештај на ЕК во кој се препорачува почнување преговори за членство. Сево ова, заедно со визната либерализација покажа дека и есенското сценарио ќе остане ќор-фишек подготвен само за кревање врева (и по некој политички поен).

Ги гледам деновиве по нивните медиуми како очајнички се надеваат на грчка блокада на преговорите. Кутрите, како душа да ги боли што Караманлис ги изгуби изборите во Грција.

Последниве ден или два се обидуваат да направат конфузија околу поимите „демаркација“ и „размена на територии“. Паничните реакции се повторно во игра, и тоа овој пат во врска со обележувањето на границата со Косово. Сугестиите на многу домашни експерти (оние од научните катедри, а не НВО-гребаторите) јасно укажаа дека таквите реакции се непотребни. Демаркацијата е поздравена од сите релевантни меѓународни фактори, почнувајќи од САД и ЕУ, што не е случај и со идеите за размена на територии. Сетете се само на каква меѓународна осуда наиде мапата на МАНУ од 2001 со која се предлагаше размена на територија на Македонија со Косово и со Албанија. Ништо помалку жестоки не се ни реакциите за поделба на Косово и на Босна по која било основа и со каква било компензација. Не би одел понатаму во длабока расправа околу овој проблем, бидејки знам дека паниката ќе се смири на ист начин како и паниката во врска со девалвацијата.

Последната лага (исто проследена со голема медиумска паника), која повторена стопати стана македонска вистина, е дека влезот во НАТО е услов за зачленување во Европската Унија. Европската Унија и НАТО се сосема различни и одделни сојузи. И покрај спротивните убедувања од страна на политичките елити во Македонија, членството во една од овие организации воопшто не е услов за членување во другата. Па така: САД, Канада, Исланд, Норвешка, Турција се членки на НАТО, но не и на ЕУ.., додека пак Шведска, Финска, Австрија, Ирска, Малта, Кипар се членки на ЕУ, но не и на НАТО. Членувањето во ЕУ и во НАТО воопшто не е политички пакет. Ова треба посебно да се има на ум кога на опозиционите медиуми ќе видите расправи на тема „ЕУ интеграции“.

Не е прв пат Македонија да биде жртва на борба за политички поени по секоја цена. Она што во иднина би и' преостанало на јавноста е јасно распознавање на таквиот популизам и негова недвосмислена осуда.

Виктор Трифуновски
 
најверојатно тебе најчесто овојдел од песната ти го посветуваат :)

Отврли си Донке ал шамија
да ти видам бело лице.

Рефрен

Сепак оптимизмот беше само дел од текстот..
 
Poentata mi bese deka ova e vtorpat vo mojov zivot sto citam kolumna i recisi od zbor do zbor potpolno se slozuvam i sto e najinteresno od istiot avtor!

Povelete:

Паниката не е политичка борба

по смешните предвидувања за девалвацијата на валутата, по отвореното посакување на меѓуетнички конфликт, на ред требаше да дојде „есенското сценарио“. Во суштина, повторно станува збор за кревање паника во стилот „леле луѓе отиде државата“...со таа разлика што политиканството овој пат би се камуфлирало со селектирани изјави на авторитети од меѓународната заедница. „Експертите“ на Сорос се покажаа како неупотребливо орудие со кое не може да се добие ниедна политичка битка. .....Врвот на нивната Сизифова работа беше реакцијата на Оли Рен, кој директно им се обрати со зборовите „бидете малку оптимисти за сопствената земја“.

За нивна голема несреќа, беа пресечени токму од меѓународниот фактор. Најнапред на 9 септември беше објавен извештајот на Светска Банка, според кој Македонија е најреформска земја во регионот, мерено од мај 2008 до јуни 2009.

По еден месец дојде и позитивниот извештај на ЕК во кој се препорачува почнување преговори за членство. Сево ова, заедно со визната либерализација покажа дека и есенското сценарио ќе остане ќор-фишек подготвен само за кревање врева (и по некој политички поен).

Не е прв пат Македонија да биде жртва на борба за политички поени по секоја цена. Она што во иднина би и' преостанало на јавноста е јасно распознавање на таквиот популизам и негова недвосмислена осуда.

Виктор Трифуновски

Ќе ги исфрлам политичките изјави,сепак е ова економија форум и ќе зборувам за овој дел -политичка економија.
Овде ќе го лоцирам главниот проблем на власта,овде ќе ги лоцирам тие болни реченици од економијата и стилот дека сите се луди и неранимајковци освен нив.Мојот презир до ваквиот стил оддамна го искажав,ова е болно општество,од ден на ден стануваме полуди.
1.Смешни предвидувања за девалвацијата:
-Светската криза започна во 2008,буџетот за 2009 беше предвиден со раст од 5-6%,буџетски дефицит од 2%,полна економија и вреќи пари од странски инвестиции.Милијарди,не милиони,вработувања,не отпуштања.Ова е првата точка од која ќе тргнам.Целиот буџет за 2009 е чист популизам!Мачкање очи на луѓето и гаење на позитивни очекувања кои раскажував колку негативно делуваат при одлуки,но пак ќе повторам.Што се случи?Незнаеа дека ќе има криза кај нас?Кај сме ние,надвор од светот ванселенска економија?Па ние со буџет колку на една фудбалска репрезентација,увозно ориентирани,први ќе настрадаме.Неможе никој да ме убеди дека не знаеа! Сакаа бајки еве им бајки.Се случи пад на индустриско производство од 20% (19,8),невработеноста порасна во граници над 35%,натрупаа во државна администрација милиони,инвестиции нула,а берзата колабираше од тие проклети подгревања дека ќе биде супер,луѓе пари изгубија.Најболната точка се едномесечните записи кои ги издаваа со 9% и ги слизнаа резервите под милијарда.Во тој момент не беше смешно.Прашај го Гошев или да вадам изјави да видите колку беше смешно.Сега е уште посмешно,нема кредити за стопанство,задолжени граѓани со високи каматни стапки,сега сите умираат од смеење.Еве и јас додека пишувам солзи ми течат од смеа.За таа смешна девалвација издадовме обврзница со 10%камата тоа е најсмешно!И ги дадовме во резерви за да не се смеат владатариве.И оп празен буџет,домашно задолжување зголемено,записи за пензии.Абе стварно е смешно.

2.Лелел отиде државата-
Ова ме потсети на еден член,кој често во ироничен стил го користи.Пред банкрот и банкротира има разлика.Показателите убаво си кажуваат.Еве НБРМ остана на иста позиција,бидејќи нема услови за радост.ПАд два квартала,чекаме трет.Невработеност,инвестиции,превработеност во државна,коњи и магариња...Ова веќе го имам зборено

3.Извештајот на Светска Банка за реформи-
-Колку је лепо сањати.На хартија има се,алал да им е.Нема во пракса ништо.Има едноставна процедура за упис на фирма,најкомплицирана за бришење.Банкарска гаранција за продажба помеѓу фирми,они си продаваат без пари.Сите должат како Грчка.Дајте да го решиме прашањево и во пракса.Дајте засукајте ракави и да направиме нешто до крај.Мене не ме интересира што има во хартии,ме интересира кој ќе ја плати услугата(производот) која ја давам.

4.Позитивниот извештај
-фала богу го дочекавме.И берзата полуде,а вечните оптимисти,кој мислат со газ наместо со глава рипнаа и изгореа,зејтинот жежок бил :)Чим не оди во нормално ниво,туку вакви подеми и падови,фрли прашина,не сме стабилни.

И на крај...Позитивни очекувања на лажна основа се шамар во одлуките на инвеститорите.Сфатете дека е лошо да се грее нешто нереално,сфатете дека лошо и правите на државата.Стрпете се,ќе дојдат позитивни бројки,па ќе подгреваме реално нагоре.Не вака на мраз да трчате:smir:
 
Стварно ако некој го прочита текстов на Виктор ќе се осеќа како Адам, или Ева. Ем голи и боси, а ко у рај да се.

Економската политика на владата се покажа како добра на идеја, ама некорисна во пракса! Што да се каже кога самата администрација плата не зима поради дупки, море кратери во буџетот!
 
најверојатно тебе најчесто овојдел од песната ти го посветуваат :)

Отврли си Донке ал шамија
да ти видам бело лице.

Рефрен

Сепак оптимизмот беше само дел од текстот..

Сосема е нормално, за човек кој зема административна плата од 18.000 - 24.000 денари да ги гледа работите со розови очила. Единственото нешто што тебе те секира во моментов е високата рата за кредит и уште ако може овај 'комуњаров' Гошев да ги намали каматните стапки, за тебе Македонија ќе биде економско Ел Дорадо.

Ете толку се интересираш ти за Економија.
 
Сосема е нормално, за човек кој зема административна плата од 18.000 - 24.000 денари да ги гледа работите со розови очила. Единственото нешто што тебе те секира во моментов е високата рата за кредит и уште ако може овај 'комуњаров' Гошев да ги намали каматните стапки, за тебе Македонија ќе биде економско Ел Дорадо.

Ова би требало некако лично да ме погоди нели? :)
Леандра можеби има поточни податоци па молам за корекција ако згрешам но горе доле тука се.. значи од вкупно одобрените кредити во Рм во моментов 30-35% се потрошувачки или станбени 35-40% се кредитирања по основ на користење на кредитните картички... така да високата каматна стапка СИТЕ не мачи.. во твоето портфолио ќе ставиш уште некоја година старост и ако досега не си сватил тогаш сигурно ќе сватиш дека ПАРИ (плата)НИКОГАШ НЕ СТИГААТ..и СИГУРНО не толку колку што сакаш да обезбедиш на своето семејство, или колку што мислиш дека заслужуваат..
Оттука, и ќе рмбаш х3 отколку што е потребно или колку што те плаќаат за да си ги одработиш тие што ти ги потценуваш 18-24к.. и сето тоа те оптоварува, стимулира или мотивира додека не дојдеш дома, не уклучиш ТВ или не седнеш на интернет вклучувајќи го и форумов..
значи работите што ти ги наведе се неспорни, и претставувааат предуслов, не се услов, ниту пак рамка најмалку пак ограничување..
и уште едно точно САКАМ Рм да биде Елдорадо, според мене никој нормален не би требало да посакува своите чеда да му живеат во мизерија.. позитивна енергија, убава насмевка ведра мисла се најубавите работи што можат да ти ги дадат или да ги дадеш.. којзнае можеби некогаш и ќе разбереш :)
 
Еј, ја морам нешо чисто процедурално. Трифуновски е свиња, кретен и плагијатор (не влечам заклучоци од конкретниов текст- шо е до мене и двете партии може да се самораспуштат, туку подолго време го пратам у Дневник)

Trifunicus Vulgaris: Неолиберално говедо кое краде цели пасуси од книги без да наведе извори, мизерен копипејстер и слеп поборник за laissez-faire варијантата на капитализмот, претендент за титула креатор на јавно мислење за општествени и економски прашања.

Некои од неговите идеи вклучуваат укинување на социјални бенефиции од било каков вид, отфрлање на секаква програма за заштита на животна средина бидејќи- парафразирам: екологијата е штетна за бизнисот и слични брилијантни ментални испрдоци.

Типов треба да биде прогласен за општествено штетен и да се прати на реедукација на нива негде, да симне малце тоа салото, пошо очигледно у мозок му влегло, па почнало да му влијае на когнитивниот процес.

Carry on, јас само процедурално ова. :P
 
Ова би требало некако лично да ме погоди нели? :)

А зошто не замараш за опозицијата т.е. за СДСМ, не ни го дочитав текстот, досаден е до немајкаде...

Јас веќе за опозицијата зборувам се најдобро...
...впрочем како и за секој мртовец!

Не ме нервира тоа што шириш оптимизам, туку ме нервира што тоа го насочуваш на политика и за тесно партиски интереси.

Еве ти признавам, стварно сте малце поарни од СДСМ, ако ти беше тоа целта со темава :uvo:
 
Ма нема везе, со темава немав никаква цел освен да споделам со сите Вас нешто што мене ми се виде интересно.. уште во самиот вовед нагласив, чудно но тоа е. Од толку колумни досега на двапати од истиот автор ми се има случено да се сложам речиси до збор :)
Е сега тебе те мрзи да го дочиташ (велиш досаден бил текстот) а несакаш ни да размислиш пост фестум за напишаното пред да кликнеш реплѕ :)
Самиот факт што ти велам дека само две колумни сум рекол 10/10 значи дека на едно чудо други не се сложувам во целост или воопшто.. ама јас тоа не треба да го кажам тоа треба ти да го констатираш и да ме навлечеш на тенок мраз, па да имаме уште поинтересна дискусија и сл.
Јас мојата определба никогаш не сум ја криел, ниту пак фактот што сметам и тврдам дека македонија е високо исполитизирано општество и дека економијата е директно зависна од политиката.
Дали ние сме поарни или не е апсолутно ирелевантно што ќе биде утврдено на форумов, релевантно е тоа што ќе се утврди на избори нели? :)
Знаеш, во секој спорт има груба игра која некогаш судиите нема да ја санкционираат но груб фаул е груб фаул тука нема простор за прогледување низ прсти.. разликата е што доколку во економска дискусија околу економските потези што ги влечи во моментов владата доколку греши се лесно казниви и тоа уште на следниот изборен циклус, но од моја гледна точка играта што се обидува да ја наметне „опозицијата„ за да се врати на власт прави услови за можни пенали за цели генерации подоцна...
Тука на форумов има многу млада интелегенција која фасцинира! не дека ќе успее да направи пресврт или некоја револуција но може да направи дополнителен исчекор нанапред. Мора да го направи! Кај таа генерација простор за дефитизам НЕ СМЕЕ да постои!!!
 
Yeh sure

Ти се видел интересен текстот и го постираше, знаеш што е интересно, што истиов текст е постиран на неколку други форуми, од партиски членови кои не ја кријат определбата.
Организирано, точно и прецизно :salut:

Знаеш, во секој спорт има груба игра која некогаш судиите нема да ја санкционираат но груб фаул е груб фаул тука нема простор за прогледување низ прсти.. разликата е што доколку во економска дискусија околу економските потези што ги влечи во моментов владата доколку греши се лесно казниви и тоа уште на следниот изборен циклус, но од моја гледна точка играта што се обидува да ја наметне „опозицијата„ за да се врати на власт прави услови за можни пенали за цели генерации подоцна...

Така е, подобро е да се спречи отколку да се лечи. Затоа и е нарачан текстот.

Тука на форумов има многу млада интелегенција која фасцинира! не дека ќе успее да направи пресврт или некоја револуција но може да направи дополнителен исчекор нанапред. Мора да го направи! Кај таа генерација простор за дефитизам НЕ СМЕЕ да постои!!!

Индоктринација...
 
Ok. Vie dvajcata ne ste na msn, olabavete se!
Ja pretvorate temava vo apla politicka i megjusebno i megjupartisko prepukuvanje! Ok!
 
разликата е што доколку во економска дискусија околу економските потези што ги влечи во моментов владата доколку греши се лесно казниви и тоа уште на следниот изборен циклус, но од моја гледна точка играта што се обидува да ја наметне „опозицијата„ за да се врати на власт прави услови за можни пенали за цели генерации подоцна...
Тука на форумов има многу млада интелегенција која фасцинира! не дека ќе успее да направи пресврт или некоја револуција но може да направи дополнителен исчекор нанапред. Мора да го направи! Кај таа генерација простор за дефитизам НЕ СМЕЕ да постои!!!

Токму овде е совршенството на власта.Наметна игра која ретко кој ја разбира.Секој ден некој да ти труби дека е добро,ќе помислиш дека е навистина добро или дека си луд што мислиш дека не е.Навистина совршена стратегија,симнувам капа.Најинтересниот момент е во економијата,тука позитивен исчекор напред немаме.Макар ги извадила и сите можни податоци и економски показатели,никој не сака да прочита.Стратегијата „префрли ја топката“ очигледно носи поени,народот со оваа поздравува секој усмен потег,а не гледа дека ништо во пракса не мрда.Но најмногу ме погодува моменталната ситуација,кога фискалната ја клевети монетарната за каматните стапки и условите (тешки и невозможни) за кредит.Сите економски експерти се сложни дека простор за олабавување на монетарната политика има,но и поставува прашање,дали фискалната дозволува олабавување?Одговорт е не!Неможе трета година експанзивна фискална да дозволи релаксирана монетарна.Тие политики мора да бидат синхронизирани.А што се случува кај нас?Бара владата намалување на каматни стапки,а од друга страна ги цица ликвидните средства од банките преку своите проклети записи.И крив им е Гошев,нормално дека им е крив кога 95% од населението не разбира што значи домашно задолжување со записи и како оди пренесување на ликвидноста од реален во државен сектор во услови на криза (како инструмент е совршен начин за покривање со пари).Затоа викам и ќе продолжам да викам дека ова е гол популизам на власта.А опозицијата нека не не повторува како папагал,кога беа бетер од ова популистиве,сега им текна кој е херој на економската политика во земјата.
Доволно е да се спомене колку се ефикасни во справувањето со кризата,со кредитната линија од светска банка.Нека дојдат тие кој не рангираа да видат како земените пари за стопанството лежат заглавени во фиоки од јуни месец.Што треба да помине кризата па да ги дадат и да се пофалат?Се е исто толку години,дури смачено ми е да ги слушам и да ги гледам,го утепаа народот,инспектори фрчат на сите страни казни се лепат за минимален пропуст така ќе собирале пари.Дури изјавија дека 10 милиони собрале од казни.Баш со Струмикс разговаравме дали ќе покријат дупка овие крвопијци од народот.Во духот на „чесноста“,најдебелиот крај го влече народот.Ете им ги записите од 9% камата,ете кој ја плаќа каматата за 17 000 евра патни трошоци.
Најболно од се е што рејтингот расте (да можев со инка да им пренесам дека не сме мрднати во економијата),а трета опција нема.Уште поболно е што критичката маса е прогласена за комуњарска,велепредавници,негативци,песимисти.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom