Знаеме ли да ја живееме младоста...?

  • Креатор на темата Креатор на темата la-loca
  • Време на започнување Време на започнување
Па кога ќе помислам како се живеело во времето на мајка ми и татко ми,си викам убаво било тогаш!Немало некој "гламурозен" ноќен живот како денес,ама луѓето знаеле да се забавуваат.Правеле игранки,многу повеќе спортувале,биле свесни за нивната општа состојба.Немало бесни коли,немало којзнае колку да си дозволат,ама барем се почитувале вистинските вредности.Се дружеле и се почитувале вистински.
Денес не е така!
Денес младите возат супер коли,облеката им е опсесија,трошат многу пари на ноќен живот(повеќе и од што имаат),другарството не е тоа што треба да е,личниот интерес е пред се.Едноставно грото од младината живее многу вештачки...
Сите ја бараат среќата во големи нешта па на крај за некои тоа може да стане и утопија.Општата слика за младината не е ни малку розова!Ако бидеме реални кон себе,така е.
 
Кој мери кога си млад а кога возрасен? Порано на 15 години се мажеле, женеле. Пред тоа на тие години иделе да војуваат. Само последниве неколку децении, младите се млади на тие години. Тешко е да се определи, кога гледаме историски, кога си доволно стар за да бидеш способен да ги правиш работите кои се бараат од возрасните. Затоа тоа е индивидуално.
да точно дека тоа е индивидуално ама ако не се лажам зборуваме за денешно време...а во денешно време факт е дека младината не знаат како да го изживеат животот...како шо кажав прерано прават некои работи кои не се за нивни години и после поголем дел од нив се каат за тоа,досадно им е во животот итн итн
 
Да али кажувам пак. Бабите наши на 16 години се земале па биле на време тогаш. Значи - млади се колку што дозволува општеството. Ако тоа те "тера" брзо да се вградиш во него како возрасна личност - ти тоа ке го направиш.
 
хм напротив никој не ги тера туку тие сами гледаат пример од постар брат сестра шо и како прават па сеа они покусо да не бидат ај да се нашминкаат па ај да излезат па ај дечковци па дискотеки и они готово мислат големи сме...
тоа што старите се зимале на толку млади години е поради тоа што немало што друго да прават шо се вика, за разлика од сега...
џабе е што некои родители се обидуваат да ги задржат децата и да ги натераат да растат со годините а не да бидат пред нив, кога има родители што сами ги прават децата нешто што не се...:toe:
 
голем дел од младинава се поистоветуваат со успехот на нивните родители.Знаеме што,како!Меѓутоа тоа е најлошото,тука се губи основата за успех во иднина!
 
хм напротив никој не ги тера туку тие сами гледаат пример од постар брат сестра шо и како прават па сеа они покусо да не бидат ај да се нашминкаат па ај да излезат па ај дечковци па дискотеки и они готово мислат големи сме...
тоа што старите се зимале на толку млади години е поради тоа што немало што друго да прават шо се вика, за разлика од сега...
џабе е што некои родители се обидуваат да ги задржат децата и да ги натераат да растат со годините а не да бидат пред нив, кога има родители што сами ги прават децата нешто што не се...:toe:

Тоа е терање иначе. Не со нож под врат туку со моделите на луѓе во околината. Поголемиот брат/сестра модел за како да изгледа кога ке потпорасне. Тие со своите постапки ги тераат како да се однесуваат. Не дека тие се криви туку едноставно младите идат без размислување за последиците во светот на поголемите без да им се објасни како изгледа тој свет.
 
Знаеме да живееме само навечер коа искачаме да се испоначукаме и да идеме негде ... да се доначукаме ? и развеселиме... а иначе у глобала ретко кој знае да го изживее цел ден убаво... да знаевме.. немаше да висиме на форумов... а и тоа со искачањето... 2 - 3 пути неделно.. максимум ... ( ради обрски учење ... пари и све то )
заклучок ? Знаеме и нешо ... али малце е тоа.
:helou:
 
dali znaeme da ja ziveeme mladosta!!

Pa toa zavisi od samiot covek kako toj misli deka e najubavo da si zivee...

Na primer za nekogo ziveenje na mladosta e odenje po kafani za nekoj drug pak sportuvanjeto...ova bese samo primer...
 
А можеме да го живееме животот така како што сакаме?
Јас би рекла дека секогаш е полесно да судиш дали нешто е правилно или не,од друга позиција,но најдобро си знае секој во сопствената кожа.Иако релативно е што секој подразбира под вистинско живеење на младоста,верувам дека секој,барем свесно се труди да живее најдобро според сопствените критериуми,под постоечките околности и услови.Да,секој пропушта одредени работи,дава приоритет на други или едноставно не влегуваат во неговиот домен на можности и способности,но тоа не значи дека не знае да ја живее својата младост.

Не постои шаблон за правилно потрошена младост,едноставно некој смета дека треба да прави одредени работи додека е млад,друг не би ги правел истите и да има на располагање девет животи.
 
Јас мислам дека супер живеам сеа за сеа правам работи шо ме развеселуват мислам дека знам да ги ценам вистинските вредности кај човек а не само богатството шо го поседуват и убавината....
 
Според мене младоста е релативна работа и зависи од повеќе фактори.
За да се има убава младост и живот треба друштво затоа што друштвото е дел нас.Без друштво неможе да се живее.Треба да се има добри семејни односи,да се работи и да се зема добра плата за да може да си дозволиме барем некој основни работи.
Исто друг фактор е да живееме ние самите како што сакаме без никакво влијание.
 
Младоста....Денес таа фаза од животот е скратена, преобразена, секој брза да стигне до самиот "врв", дури познато и како трка меѓу младите, го нема младелачкиот дух туку секој цели кон подобра кола, часовник, облека, повеќе пари blah blah...Жално е што покрај убавините што ги нуди таа етапа, младите се толку... површни.

Лично, ме фаќа страв дека младоста ќе помине покрај мене брзо и неосетно, додека јас да се решам да го тргнам "Од утре..." од речникот и од употреба.

За да знаеш да живееш, треба да ти бидат овозможени и некои социјални услови, да имаш темперамент и оптимизам.

That's what I'm saying...Посебно социјалните услови играат огромна улога.
 
Тоа е лоша работа кај повеќето од нас младите "ај бе шо мора денес,утре ќе средам".
Како што кажа колку побрзо се искорени тоа од глава толку подобро ќе се тера.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom