Кејт Мос гола, но со ѓердан
Кејт Мос ја подигнува температурата со појавата за новата рекламна кампања за „Шанел“. Прекрасната 31-годишна манекенка носи само ѓердан од бисери и шапка на главата, француската модна куќа не бара ништо повеќе.
Пред извесно време постоеше шанса местото на Кејт да биде пополнето со Скарлет Јохансон, но шефовите во „Шанел“ се согласија дека Мос е најдобриот избор за презентирање на нивниот парфем „Coco Mademoiselle“.
Новите фотографии од Кејт Мос беа објавени веднаш по нејзиниот роденден. Роденденот беше организиран како гламурозна рок забава каде присутните носеа светкави перики и костими од седумдесетите години од минатиот век. Вечерта славеничката успеа и да се заљуби во Пит Доерти, пејачот на „Babyshambles“.
Пејачот кој зборуваше за борбата против наркотиците на „ITV“ изјави дека се заљубил во моделот. „Мислам дека ќе трае,“- вели тој. „Таа е добра за мене затоа што има добра душа и мислам дека можам да и верувам. И верувам кога ќе ми каже дека ме сака и знам дека го мислам тоа, кога ќе и кажам дека ја сакам“.
Но, пријателката на „кралицата на пистите“, Сади Фрост вели дека поранешниот дечко на Кејт Мос повеќе и одговара, отколку овој. „Пит не е тип на човек што сакате да ви биде најдобар пријател“- објаснува таа за „Дејли Мирор“. Пријателката сака да каже дека Кејт Мос и онака има репутација на девојка која многу се „забавувала“ во минатото, така што не и треба некој толку многу див како што е Пит, туку некој како Џеферсон за да ја смири.