Фан клуб : РК Загреб

  • Креатор на темата Креатор на темата TheTrooper
  • Време на започнување Време на започнување
Досадно ми е,па ај да заживеам една моја стара тема :D

Солиден Загреб оваа сезона,иаку пред почетокот многу луѓе беа скептични во врска со оваа екипа.Сепак Обрван,кој исто на почетокот малце оспоруван покажа дека може да нарпави солидна екипа.Покажаа дека можат да победат секого,но и да изгубат од секого.
Релативно ефтина екипа,со многу потенцијал.....една доста добра прва постава,но малце со резервите чкрипат.Јебига,го вадиш Штрлек влага.....Вукиќ(n) тоа е симнување од коњ на магаре.Исто и на другото крило Хорват - Матулиќ,па и на пикер слична ситуација е.....а на бековите имаат само 4 добри бека.Другото или е шкарт или е премладо за нешто повеќе.
Има тука многу талентирани играчи,но сепак далеку се тие од некоја класа.
Оваа сезона целите се остварени,па и надминати.Во СЕХА очекувано се избори Ф4,а младите играчи почнаа да се покажуваат и лека полека афирмираат.Во ЛШ проаѓање во втор круг беше цел,а уз малце среќа во ждрепките во групи и 1/8 финале се стигна и до 1/4 финале после 2-3 години пауза.Тука е 90% сигурно дека ова е крајот за Загреб во ЛШ оваа сезона.Кил е сепак прејака екипа.......нема теорија да се носат со нив.
Следната сезона најверојатно ќе се гледа еден доста ослабен Загреб.Извесно е дека ќе си отидат 3-4 клучни играчи,а клубот поради тоа што нема пари за скапи засилувања ќе се сврти кон млади домашни играчи.Ќе го продадат изгледа Копљар кој има одлична сезона зад себе и уште само 1 година договор,а можеби и Штрлек и Хорват кои исто имаат добра цена и се мети на доста големи клубови.Ваљда ќе го пополнат тимот со играчи што се на позајмици по хрватските прволигаши.Како и да е......освојување на СЕХА (ако постои таа лига и следната година) и втор круг во ЛШ не очекувам баш.Ако и НЕХЕ реши да се засили (а тие секога година се појаки и појаки) може и да го папат и во домашното првенство.........Ебате клубот што не може ваква солидна,ефтина и со огромен потенцијал екипа да ја задржи бар 1-2 години......:tapp:
 
Реално гледано Кил е преголем залак,да паднеше Фуше можеби некако ќе се носеа,но со сите останати три тима во ждрепката јасна е работата...
Сепак,горе долу Загреб си изигра во рамките на очекувањата,пораз само од Барса,потценување на Савехоф и одење без неколку клучни играчи во Шведска резултираше со непланиран пораз,и пораз од Мтеалург,кој рака на срце е незаслужен....
За во иднина како би изгледал Загреб.....?
Не ми се верува Гобац да остави на случајноста....
Ќе ископа некој спонзор,иако факт е дека во последно време повеќе спонзори бегаат отколку шо доаѓаат во Загреб....
Има некои матни игри...Од јак спонзорски тим со буџет од некаде 5 милиони евра,се повеќе се намалува кешот:D
Изгледа и таму е слична приказна како овде,спонзорите не сакаат да си фаќаат работа со ЛОПУЖИ:)
Во последно време некако не вадат играчи како некогаш..
Посебно не на лев и среден бек...
Тука не можат да извадат некое салам бекче.....
Реално Гојун не е материјал за напад,нема УМ!:D
Јосип Валчиќ,дечкото не е вистински плеј,треба да извадат некое дете од калибарот на Дувњак,одамна немаат извадено,затоа и стагнира и репката....
И да си замини Копљар,мислам дека во другото бекче,како се викаше (Шепељиќ?)ќе имаат добра замена...
Каков брз шут има дечкото,ќе биди нешто од него....
Иако треба работа,не е спремен да игра постава....
Ќе треба уште еден десен бек....
Голмани имаат,стандард,можеби не се врвни голмани,ама се сосем солидни....
Пикерчето Мариќ е звер,ќе стигни далеку....
Како и да е,Загреб си е Загреб,и покрај се....
Секогаш успевале да се одржат на врвот....
Иако како тргнала конкуренцијата,тешко дека во догледно време некоја Балканска екипа ќе успее да се носи со мултимилионските буџети на другите тимови од западна европа...
Поставија нови стандарди....
Ете ги Киелце,успеваат да ги надминат во понудите бундеслигашите,Монпеље спрема атомска екипа за во иднина(шеици сакаат да го преземат клубот).Копенхаген е приказна за себе.....
Полека но сигурно ракометот во Европа добива нови моќни тимови кои можат да ги замрсат сметките на досега неприкосновените екипи од Шпанија и Германија....
Балканот го губи чекорот,барем кога се работи за буџетот.....ако не му текни на Минчо да искешира 10 милиони наредна година:pos:
И Цеље и Загреб не се како на времето.....останува само Веспрем од Балканот како најбогат клуб.......
Максимум силата на Балканските тимови е Ф8....за друго треба и среќа и пари....
 
Изгледа и таму е слична приказна како овде,спонзорите не сакаат да си фаќаат работа со ЛОПУЖИ:)


Во последно време некако не вадат играчи како некогаш..
Посебно не на лев и среден бек...
Тука не можат да извадат некое салам бекче.....


Реално Гојун не е материјал за напад,нема УМ!
И да си замини Копљар,мислам дека во другото бекче,како се викаше (Шепељиќ?)ќе имаат добра замена...:D


Иако како тргнала конкуренцијата,тешко дека во догледно време некоја Балканска екипа ќе успее да се носи со мултимилионските буџети на другите тимови од западна европа...
Поставија нови стандарди....
Балканот го губи чекорот,барем кога се работи за буџетот.....ако не му текни на Минчо да искешира 10 милиони наредна година:pos:
1 - Полека почнуваат да се средуваат работите во спортот.Во Хрватска почнува некое прочистување....... веќе ни големите државни фирми не можат да прават матни зделки и да фрскаат пари за спонзорирање,преку кои се пере огромна пара.Ем е криза,па и се нема како порано,а и свеста почнува малце да се дига.Веќе никој не сака да вложи ни денар,ни тука,ни таму во клубови каде што немаш појма во што ќе ти отидат вложените пари.Јас сум платил за реклама кај РК Загреб,а не Гобац со тие пари да подмитува судии и да си ги трпа кај него во џеб.Така и треба да биде,па макар не капнал ни денар во клубовите........

2 - Па не е дека не вадат.Почнуваат многу повеќе дури да ги вадат.Сега почнаа да доаѓаат генерациите што се заразија со ракомет од СП во Португалија.Дури можеби и мала хиперпродукција имаат на млади играчи.Само што многу од нив покасно се одлучуваат за факултет или ќе се повредат,па пак си доаѓа да излегуваат 1-2 во генерација со потенцијал за во репрезентација.Од 92 годиште,па наваму ќе имаат прав бум........само треба време за нив,уште година-две.Иначе на среден бек тука е Калеб 93 годиште.Дечкото еднаш само го гледав против Борац.Има талент,најдобар е во своето годиште на својата позиција.

3- Апсолутно се сложувам Гојун нема ум.Баш убаво кажа........колку пати само дечкото можел да асистира на крило или на пикер,али пробувал сам да заврши.Колку пати од глупи ситуации шутирал........ Освен паметот друго има се да биде одличен офанзивен бек.Има јак скок,има шут,знае и без залет од получекор да ја спука јако,висок е и многу снажен.Али едноставно дечкото на терен е многу глуп........затоа и во одбраната играта му пати.Дечкото има потенцијал како Динарт да биде,само премногу прави глупи фаулови.Често кај што треба да го пушти ќе му ебе матер ќе заработи 2 минути,а кај што треба да излезе матер да му ебе на играчот иде блок прави....... Знае така доста пати да се заебе,али ако му тргне иди протни нешто покрај него да те видам.
Тој малиот се вика Шебетиќ.У пм........ и он и Вуглач 92 годиште,а отиде во Германија да игра уште лани,па Копљар,па Бунтиќ што има уште 4-5 години пред него,па уште и Степанчиќ ако му се пружи шанса.Што ќе прават со толку десни бекови,а лев ни за лек немаат.

4- Тоа е......се држеше чекор дур многу помалку се вложуваше во ракометот и сеуште до некаде може да се одржува.Сега и во овој спорт парата си го прави своето.Во фудбалот веќе не може ништо да се направи,во кошарката ако ти се погоди генрација и малце повеќе пари да легнат може некое изненадување да се направи.Сега и ракометот дојде на клубско ниво да ни биде недостижен,за жал. Толку јаки репрезентации во секој спорт има во регониов,а толку слаби лиги........
Ние на балканов ниту имаме премногу богаташи што можат да направат сами некоја екипа,нит имаме многу големи фирми што можат сериозно да вложуваат.Едноставно премали сме и пресиромашни.Полска можеби не е кој знае колку богата,но тоа е пазар од 40 милиони луѓе.Имаат многу големи фирми,многу повеќе богаташи што се многу побогати од нашиве.Како Минчо имаш 20-30 души во Полска и уште толку што се и многу побогати од него.Данска можеби не е голема,но затоа е една од најбогатите земји на светот.Франција,Германија и Шпанија не мора ни да се спомнуваат,тоа се гиганти......
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom