Што влијае на вашиот стил на облекување?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо не влијае на моето облекување и никого не копирам.Се облекувам по вкус и мене да ми се свиѓа.
 
То што су најголема мрза за шетање по бутици.:tapp: Ко ќе дојт ден за шетање и смрт ми е. И зато купува од првите 2-3 продавници. А после мака ми е ко ќе вида нешто поубо. Последно време почнав потрпеливо да купува, што допринесе за подобрување на мојот стил на облекување.
 
сакам комоција и елегантност

широки пантоломчиња ( речиси секогаш пантоломи - мразам џинс :vozbud: ) и блузиња во една боја ( мразам и шаренила исто така - несакам џиџани нешта ко лампион :pos2: )

а влијае нз комоцијата , музиката ( мејби ) ...
 
Порано по нешто, а денес се.
Кој разбра добро, а кој не нека ме праша.
 
При изборот на облекување влијае најповеке мојот вкус...тоа што ми се допаѓа ,и најбитно што убаво ми стои тоа си го купувам ...но брзо меракот ми поминува:)
 
Најповеќе луѓето(читај: „идоли“) што ќе ги видам облечени во нешто што ми се допаѓа како изгледа.
Исто така личниот афинитет кон Лондонската мода на улиците игра голема улога, изгледа сум нашол comfort-zone во истата.
 
Многу ме инспирира уличната мода во големите метрополи. Истотака ги следам и модните недели кога фотографите најмногу се фокусираат на стилот на уредниците чиј вкус е истенчен и секогаш се облечени во свој препознатлив стил, па ако ми се допадне некоја нивна комбинација која е во согласност и со мојот личен стил, наоѓам инспирација за комбинирање на парчиња облека од мојот плакар. Исто така си имам и свои модни икони чиј стил го обожувам и неретко се слчува тие директно да ме инспирираат за нешто што досега не сум имала храброст да го облечам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom