Коста Пеев
За македонската топономастич ка номенклатура во Албанија низ призмата на истражувањата на рускиот проф. А. Селишчев
Странски лингвисти го откриваат македонскиот јазик
Македонскиот јазик, односно македонските народни говори, многу одамна, уште во втората половина на 19. век го привлекле вниманието на странските професори од најпознатите славистички центри, и тој интерес продолжува до наши дни. Споменатиот интерес се изразува низ неколку аспекти од кои основниот има политичка конотација. Имено последните децении од 19. век, по ослободувањето на Србија, Грција и Бугарија од турското ропство, картата на Балканот беше скроена со едно отворено прашање: судбината на Македонија и настојувањата на споменатите држави да влијаат врз таа судбина со желба да ја придобијат во својата орбита.
Во односниве настојувања покрај грубата пропаганда во игра беа вклучени и порафинирани методи: ангажирање на професори лингвисти за да ја "откријат поврзаноста" , односно "заедничкиот корен" на македонскиот со еден од соседните јужнословенски јазици, со бугарскиот или со српскиот, зависно кон кој центар припаѓаа научниците. Професорите што доаѓаа од странство, односно голем дел од нив, не секогаш имаа разбирање за мегаломанските желби на соседите. Меѓу најпознатите што ги истражувале македонските дијалекти, и по значење и по редослед прво треба да го споменеме Словенецот Ватрослав Облак, којшто со својата книга "Македонски студии" даде сериозна поткрепа на "Македонската теорија" за потеклото на старословенскиот јазик, нотирана од неговиот проф. Ватрослав Јагич.
Професорот А. Селишчев во Македонија
На второ место ќе се задржиме на главната фигура во нашево излагање, познатиот проф. од Универзитетите во Москва и Казањ, Афанасиј М. Селишчев. Иако основната наставничка дејност му била посветена на старословенскиот јазик и на споредбена граматика на словенските јазици, сепак Селишчев им посветил многу време на истражувањата на македонските дијалекти. За таа цел, наскоро откако стапил на Универзитетот во Казањ, 1914 год., тој дошол во Македонија, и повеќе од два месеци останал и ги истражувал северните македонски говори, особено оние во Тетово и Тетовско.
Богатиот материјал собран на теренот проф, Селишчев го обработил и објавил идната година во "Отчет о зан/ти/х за границеј в летнее ваканционное врем/ 1914 года" _ Ученѕе записи Казанского универзитета. Благодарејќи на аналитичкиот пристап кон проблемот, во споменатиот труд препознаваме една поинаква слика за демографската состојба во Тетово и Тетовско од пред 9 децении, отколку она што ја гледаме денеска.
Како солиден научен истражувач на македонските говори, Селишчев своите теренски белешки ги дополнувал со писмени извори (записи) од односнава регија, за пример да го споменеме "Четиријазич никот" на Данаила. Значи тој ги комбинирал резултатите и врз тој принцип ја приготвил и објавил книгата "Очерки по македонској диалектологии", том 1, Казањ 1918. Во споменатава обемна студија авторот, меѓу другото, ни дава преглед _ класификација на македонските дијалекти којашто и денеска е актуелна. Селишчев се задржува и на провокативното прашање, (провокативно тогаш, но и денеска) за местото на македонскиот јазик во јужнословенската група.
За непосредниот контакт меѓу македонското и албанското население
Проблемот што не интересира -за непосредниот контакт меѓу македонското и албанското население ќе го проследиме преку друга книга на споменатиот професор (А. Селишчев), којашто носи наслов "Слав/нское население в Албании" (Софија, 1931). Таа претставува капитален труд во кој многу вешто се претставени дијалектолош ки и ономастички посебности на западните македонски говори (и на оние што влегуваат во државните граници на денешна Албанија), проткаени со податоци извлечени од различни историски, географски, етнографски, фолклорни и др. извори.
Заслужува да се одбележи високиот степен на професионалност и научнички пристап, односно исцрпност и прецизност во претставување на потребните факти, што граничи со филигранство. Тој пристап е поткрепен (како што рековме) со многу студии, некои од нив навлегуваат во сферата на албанската, грчката, турската, ароманската, српската и бугарската јазична и културна традиција. Човек не може а да не му се восхитува на авторот (како странец) за трпението и самодисциплината заложени во толку исцрпниот преглед на дијалектолош ките посебности на говорот (и топонимијата) на македонското население во централна и јужна Албанија.
Богатството на факти и материјали во споменатава книга Селишчев многу умешно ги распоредил во следниве поглавја: 1. Југозападната граница, нејзината раширеност во минатото и постепеното повлекување кон исток; 2. Политичките, културно-опш тествените и етничките односи во Албанија; 3. Словенски заемки во албанскиот јазик; 4. Словенски топографски називи во Албанија; 5. Јазични посебности на словенското население во Албанија. Во првата глава авторот, освен за јазичната граница меѓу македонскиот и албанскиот етнос, уште на почетокот зборува, поправо ни презентира извесни сознанија за демографскиот профил на односнава регија, според кои е евидентен голем несразмер меѓу сегашната состојба и она пред девет децении.
За македонскиот карактер на фонетските промени на топонимите во Албанија
Независно што Селишчев го употребил атрибутот "болгарски" за населението во Полог, односно "славјански" за македонското население во Албанија (сп. ги насловите: "Полог и его болгарское население" , "Слав/нское население в Албании" ), сепак теренскиот материјал, особено топономастич киот забележан од него го демантира односново тврдење, бидејќи на показ се повеќе посебности што се врзуваат за македонскиот, а не за бугарскиот јазик. Да илустрираме од трудот "Слав/нское население в Албании": - големиот ер (џ): во голем број "словенски" (македонски) топоними запишани во Албанија се изјаснил во "о": Боз, Бозаник (и: Божаник), Бозовец, да потсетитме дека во бугарскиот овој глас е заменет со џ, пр. бџз, бџзовина . Малиот ер (Ѓ) во топономастич киот "словенски" материјал (во Албанија) поминал во е: Песјак, Козел. Самиот Селишчев констатира дека имињата со суфиксот -ец (од -ЃцЃ) се толку фреквентни што се среќаваат во сите краишта на Албанија, и на север и на југ: Илинец, Грнец, Градец и мн. други. Промената на Ѓ во е тој ја нотирал и во голем број словенски (македонски) зборови навлезени во албанската реч: котел, кобел, загорен (од стсл. загорЃнџ = северен ветар). За односнава појава проф. Бл. Конески ќе запише: "Во промената џ > о, Ѓ > е имаме една стара изоглоса што ја ограничува речиси целата македонска јазична територија, со исклучок на тесниот појас на северномакедонските говори и на некои говори во Пиринска Македонија".
Во врска со развојот на вокалното л кај "словенското" население во Албанија да се задржиме на топонимот Молчани зарегистриран на картата во северна Албанија, меѓу реките Дрим и Фани во кој е означена замената ол (за вокалното л), специфичност за македонскиот стандард (наспрема српското у: вук и бугарското џл: вџлк-џт ). Поинаков резултат, но пак западномакедонски заблежуваме во примерот Влче из Белграда (подоцна Берат) што го наведува Селишчев од поменикот на Слепченскиот манастир (записот потекнува од 16-17 век). Имено и денеска, во западната периферија, во Галичник среќаваме вокален изговор за некогашното вокално л.
Во врска со континуантот о за носовката "он" во микротопонимијата во Албанија можат да се изделат 2 зони што се надоврзуваат на адекватната ситуација во западните македонски говори, првата се јавува во средниот дел на Албанија, на северозапад од Дебар по долината на Дрим, втората е лоцирана на југ , пр. Госкова (меѓу Москополе и Корча), Голобец (во околината на Берат), Добрава и др. Ако имињата на север (со споменатиот резултат) се дел од една појава позната во Дебарско, тогаш и оние на југ, во кои "он" исто така е заменет со о, се надоврзуваат на адекватната состојба во Преспа и во југозападните костурски говори (сп. рока, нотре).
Изоглосата со зачуван назализам во Костурско се шири и во југоисточниот дел од Албанија, присутен во топонимите: Дџмбрас, Лџнга, Рџмбец . Истиот резултат џн, џм (од "он") се среќава и во позајмени македонски зборови во албанската разговорна реч (пџндар).
Африкатот ѕ карактеристич ен за македонските говори, но и за јазичниот стандард (отсутен од соседните јужнословенски јазици) исто така се забележува во словенски имиња на места во Албанија, да го споменеме името на селото Ѕвезда, што се наоѓа на исток од езерото Малик.
Во регистрираните словенски имиња на места во Албанија може да се следи една постара , петрифицирана слика од развојот на консонатскиот систем во македонскиот јазик во врска со судбината на гласот х, кога тој с# уште се чувал не само во финална позиција, туку и меѓу вокали, сп. топоними: Суха Гора, Влахи, Метох. Дека се работи за една архаична состојба ни укажува аргументот дека од 16. век гласот х почнал да се губи во македонските говори (според Конески), "...во албанскиот имаме развој што многу се допира до состојбата во западномакедонското наречје. Така, иако не доследно, х се заменило со ф на крајот на зборот и пред согласка (сп. схоф од схох = "гледам"). Особено во говорите на Тоските и Јужните Геги х се губи во почетокот, меѓу вокали и на крајот на зборот".
За распространетоста на македонскиот елемент во Албанија, потврдена во топонимите
Како што веќе рековме, Селишчев, освен како "бугарско", македонското население го именува друг пат како "словенско" (без национална одредница), така е и во насловите и во текстовите (сп. "Слав/нское население в Албании"), трет пат како македонско (сп.:"Очерки по македонској диалектологии", "Македонские кодики 16-18 в."). Аргумент за ваква некритичност наоѓаме во фактот дека тој, во некоја рака & припаѓал на бугарската лингвистичка елита, поголемиот број од неговите книги се печатени во Софија, како изданија на "Македонскиот научен институт". Секако не без значење е и фактот дека во 1930 год. А. М. Селишчев бил избран за член на Бугарската академија на науките.
Споменатава книга "Слав/нское население в Албании" , чии податоци ќе продолжиме да ги анализираме во нашево излагање се појави во Софија 1931 г. Таа претставува сериозен дијалектолош ки труд со многу успешно инкорпорирани топономастич ки називи, во коишто јазичните факти се петрифицирани, закостенети, тие на ваков или онаков начин ги допираат македонските западни говори, вклучувајќи ги и оние што биле, односно што се во границите на денешна Албанија.
Во односново богатство на факти и материјали, Селишчев документирано зборува за политичките, културно-опш тествените и етничките односи во Албанија, со научнички пристап и укажува дека словенскиот етнички елемент се простирал на релација од костурско-охридкиот крај по долините на реките Бистрица, Војуси, Семени и Шкумби. На север македонското присуство било стопирано од непристапниот планински масив Черменика. Потврди за кажаното наоѓаме во големиот број словенизми во топографската номенклатура од односниов крај (извлечени од картата), пр. по долината на на р. Војуси: Белица, Загон,Могила, Извори, Коачи, Градиште, Церковина, Сушица, Вари-боб (пред дваесетина години, при посета на Албанија, како гостин на Универзитетот во Тирана, овој топоним го сретнавме запишан на една информативна табла на која беа означени места интересни од археолошки аспект или нешто сл.); голем број македонски (словенски) образувања се среќаваат и по долината на реката Осум: Раздол, Водица, Треска, Осоја, Градец, Корита, Сирак, Вртопи, Горица, Рудине и мн. други.
Втората распространетост на македонските Словени била со ориентација по Црн Дрим кон северниот дел од централна Албанија, односно кон реката Мати. Иако тоа не било толку изразено (според Селишчев), сепак трагите за македонското присуство во односнава регија зацртани во имињата на места се релативно бројни: Сушица, Горица, Градец, Подгорица, Крстец, Сопоти, Просека, Светиград, Божица.
Дека словенски (македонски) племиња имало и до морскиот брег на Јужен Јадран се потврдува со топонимите на односново албанско крајбрежје (ги има повеќе во јужниот дел): Полјана, Рамец, Сушица, Водица, Пешчера, Радостина, Рупана, Камница, Жабјак, Рогожина и др.
Повлекување на македонското население на исток