Bratot
Стоик и Машкртник!

Пријателството кое се негува помеѓу Турција и Македонија не отстапува од својот континуитет. Овојпат гостопримството е наклонето кон нашиот претседател Ѓорге Иванов.
Турција и Македонија се пријателски земја који се длабоко поврзани - со меѓучовечки односи, културата и минатото.
Показател за наклонетоста на Турција кон Македонија е и податокот што 369 од 564 пратеници во турското Собрание се членови на парламентарната група за пријателство со Македонија.
Турција останува најсилен поддржувач на Македонија.
Турција меѓу првите ја призна Македонија под уставното име во 1991 година и преку претседателите Тургут Озал, Сулејман Демирел, многу премиери, министри за надворешни работи и за одбрана, бизнисмени. Турција секогаш изјавуваше дека со Македонија има исклучително добри односи.
Македонија и Турција воспоставија дипломатски односи во 1991 година во моментите кога Македонија се најде под силен притисок од Грција и беше ставена на листа на чекање од повеќето членки на ЕУ како држава која треба да се докаже како таква за да биде призната.
Република Турција ја поддржува нашата земја за полноправно членство во Евроатлантските структури и е цврсто уверена дека Република Македонија дава придонес во мирот, стабилноста и просперитетот, како на регионално, така и на меѓународно ниво.
Неодамна беше унапредена воената соработка мегу двете земји, како и билатералната соработка меѓу министерствата за одбрана, за прашања од областа на воената индустрија и регионалните случувања.
Договорено е, од 1 јануари 2010 година во Кабул, Авганистан, македонските мировници заедно со турските војници да ја обезбедуваат регионалната команда која ќе биде преземена од Франција.
Во Турција започна и изработка на копија на саркофагот со релјефна претстава на Александар Македонски, кој датира од 2 век од нашата ера и се наоѓа во Археолошкиот музеј во Истанбул, оваа копија пријателска Турција планира да ја поклони на Македонија, како дел од договорот помеѓу Управата за заштита на културното наследство на Македонија и институции за заштита на културното наследство на Турција.
Саркофагот е откриен во Сидон (денешен Либан) во 1887 година во кралска некропола со уште 22 саркофага. Во Турција го пренел Осман Хамди-бег.
Копијата би имала идентични димензии и би била изложена во наш музејски простор.
http://www.mn.mk/aktuelno/626-Pretsedatelot-Gorge-Ivanov-vo-poseta-na-Turcija