Бензините поевтинуваат за 1,5 денари

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.583
Поени од реакции
4.609
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, а на дизелот за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 61 денар.
Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е 5) ќе се продава за 47 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 36 денари.
Намалување има и кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС, чија нова цена изнесува 26,123 денари за килограм.
Според одлуката на РКЕ, просечното намалување на малопродажните цени на нафтените деривати изнесува 2,36 проценти, а рафинериските 3,69 проценти.
Корекцијата на цените на нафтените деривати РКЕ ја донесе врз основа на просечната цена на нафтата на светскиот пазар во изминатите две недели и курсот на денарот во однос на доларот.

А дизелот е паднат за 1 денар...

Извор: А1
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom