Прво : Грците во суштина немаат писмо! Она со кое што се користат е усвоено од Феникијците, а Феничаните се еден дел (племе) од Венетите (дал’ Феничани, дал’ Веничани, тоа ти е исто) исто како што се дел појужните браќа Палестинците односно Пеластинците (“грците“ ги викаат Филистејци) и кои не се Семитски народ (Арапи) како што мислат некои. Нивното име произлегува од зборот Пел(а) - бел(а) - што би значело дека се тоа “белци“ во споредба со околните народи. Доведувањето во врска со зборот Шпел - Шупел = шуплина (пештера) или Спила = карпа, како извор на името Палестинци мислам дека е малку веројатно. Постои и одредена веројатност името да го добиле како потсетувње на местото од кое се доселиле на тие предели, односно од градот (или околијата) Пела.
А на монетите пишува : Александров или Филипов (Aleksandrou, Filipou) затоа што тие монети тоа и биле : Александров или Филипов златник, сребреник и сл. односно тие биле нивна сопственост! (сега фали некои од Бугарчињава да викаат дека поради она “ов“ владетелите биле Бугари).
Дека тоа било така потврда имаме во библијата кога Христос за собирањето на даноци, вели да му се даде “на Царот царевото, а на Бога божјото“, односно, душата е Божја, додека парите (и се што е во царството) му припаѓаат на владетелот (на оној кој ги издава и чие име и лик стојат на неа). Па и во историјата се вели за некој вледетел дека почнал да издава свои монети...
Да се вратам на писмото...
Феничаните (како дел од Венетите) не го измислиле писмото. Неговото “измислување“ се губи во милениумите претходно и е придобивка на сите Венети кои го населувале Балканот, Централна и Источна Европа, доказ за тоа се “карпестата уметност“ и во карпа испишаните симболи кои се наоѓани во споменатите предели, а се скоро идентични со подоцнежните “грчки“ букви, но и со современите светски писма (Кирилица и Латиница).
Поради таа своја писменост, поради тоа што на скоро целиот свет им дале писменост, Венетите подоцна се наречени СЛОВО ВЕНЕТИ или поедноставно : СЛОВЕНЕТИ и скратено : СЛОВЕНИ!
П.С. До скоро важеше за најстаро откриено писмо Винчанското Писмо од Винча (а зошто се вика Винча? Виница? Венеција? и т.н.) крај Белград. Истото е со скоро идентични гласовни симболи како и современите писма.