Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
...Сеуште има премногу живи сведоци за ЧЕНТО. Грев е секоја измината минута што некој не ги собере на едно место за да им ги сочува и документира сеќавањата за великанов.
Еве еден од последните примери:
Петар Дамчески бил учесник во борбите на Сремскиот фронт во Втората светска војна, потоа член на милициското обезбедување при судењето на Методи Андонов - Ченто.
![]()
Од судскиот процес против Ченто посебно во помнењето му се останал еден дел:
„Бев во обезбедувањето на судницата, така што ја следев расправата, иако тоа и не беше некоја расправа, затоа што ретко му даваа збор. Но, се сеќавам кога на една констатација на обвинителот, Ченто бурно реагираше велејќи дека тој не се согласува со терминот дека Македонија е ‘во рамките‘ на Југославија, туку треба да стои дека таа е ‘под рамките‘ на Југославија“, раскажува Дамчески.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=819941348&id=9&setIzdanie=21753
Еве уште еден непосреден сведок за големината на Методија Андонов - ЧЕНТО.
Носевме малтер со ЧентоСкопјанецот Мехмет Али Осман (73) сведочи и за деновите што ги поминал со Методија Андонов Ченто во затворот Идризово: Колишевски му нудеше амнестија, но Ченто не сакаше милостиња
На МТВ пред месец дена идеше неколкуминутен видеоклип за Ченто. Ако некој го има на компјутер или може да го најде не ќе е лошо да го прикачи на Нет, вклучително и овде.