(Надополнето: Од Марнет ни потврдија дека доменот не е исклучен заради долгови и дека именските опслужувачи функционираат нормално...)
Од вчера вечер, македонските корисници на Google Accounts имаат проблеми со логирањето и одлогирањето во сервисите на Google како Gmail, AdWords, AdSense, Analytics, Docs и други. Проблемот се должи на тоа што откако ќе побарате да се логирате или одлогирате, сервисот ве преусмерува на домен Google.mk/ИД-на-сесија... кој ви задава проблем.
Бидејќи нема никакви официјални информации засега, претпоставувам дека неуспешното редиректирање се должи најверојатно на проблеми со DNS серверите. Google.com.mk и Google.mk се регистрирани македонски поддомени од страна на Google, по случката со
Бени од Чаир. Проблем може да биде и тоа што последната
фактура за Google.mk која е со датум од 13-04-2009, според
регистарот на МАРНет не е платена од страна на претставникот на Google во Македонија, адвокатската канцеларија Пепељугоски.
Дека проблемот е присутен кај поголем број корисници покажа и македонската Twitter заедница:
Засега, кога ќе го добиете неуспешното пренасочување, за да може да продолжите нормално со користењето на сервисот, преземете ги овие чекори:
- Кога ќе се логирате/одлогирате и го добиете проблемот, стиснете го Back копчето во вашиот прелистувач, често се случува да бидете успешно редиректирани во тој случај
- Во линкот "http://www.google.mk/accounts/Logout..." додадете му ".COM" на "google.mk", односно сменете ја адресата во "http://www.google.COM.mk/accounts/Logout...". А може и да го смените ".mk" во ".com"...
Доколку имате повеќе информации или коментари, пишете ги во коментарите. Од наша страна, го контактиравме Google со цел да видиме што се случува... и официјално и неофицијално.
Надополнување 12:50:
Од МАРнет ни потврдија дека доменот Google.mk е функционален, односно не е исклучен заради неплатени долгови и на наше барање исто така беше тестиран DNS серверот, кој функционираше нормално. Што значи, грешката е некаде кај Google...
Извор:
ИТ.КОМ.МК